„Духовно слепа личност е како брод во океан без никаква навигација. Ако капетанот не знае каде се наоѓа бродот, каде треба да оди, каде се гребените, а каде е тихата вода, каде е плитко, а каде доволна длабочина, тогаш таквиот брод сигурно ќе се разбие . Така е и во нашиот живот- ако човекот нема духовен поглед, тој многу ризикува. Тој може да одбере неправилен начин на живот, неправилен животен пат. Тој може да го поврзе својот животен пат со човек кој не увидел, кој не прави разлика на злото од добро или добро од зло.
И видете колку често ова се случува! Колку многу човечки трагеди произлегуваат само затоа што млад човек и девојка, вљубувајќи се еден во друг и сакајќи да ги обединат своите животни патишта, не знаеле да ја распознаат подлабоката внатрешна состојба на еден со друг!
Зад надворешната благонаклоност, ласкавото однесување, може да се крие многу опасен човек и знаеме дека токму затоа многу бракови се распаѓаат. Неретко слушаме: „Како јас не можев да разберам? Зошто ова се случи?“ Затоа што немало духовен поглед. Кој може нам да ни даде такво видување? Никој, освен Бог.“
------
(~ Патријарх Кирил (од словото после Литургија во храмот на Александар Невски во градот Курган, Русија 26.08.2017)
Подготви: Снежана Корнет