Извор: Православие.ру
На пленарното заседание на Димитриевските образовни читања на тема „Моралните вредности и иднината на човештвото“, претседателот на Синодалниот оддел за соработка помеѓу Црквата и општеството Владимир Легоида, ја истакна специфичноста во работата со младите.
„Ние треба не само од високо да проповедаме и поучуваме, туку и да ги споделуваме своите вредности, за младите луѓе да разберат зошто тие вредности нам ни се важни. Со моите студенти го споделувам она што мене ми е убаво, а потоа ги прашувам што нив им е убаво.
Многу важно за нас е тоа што кога им се обраќаме на младите во нивните високи импулси, да им сугерираме да останат на земјата, да ја разберат реалноста, со која секојдневно мора да се соочуваат.
Сѐ уште постојат спорови околу тоа дали на православните им е дозволено да го читаат Хари Потер, а тоа веќе е во минатото. Младешката средина се развива многу бурно, а ние, пак, како да се наоѓаме во некоја средина која не се поврзува со ништо. Нашите зборови треба да ги допрат срцата. Додека го читаме Евангелието, гледаме дека Христос зборувал на начин кој бил разбирлив, зборувал со оние кои копнееле по Неговите зборови, кои се отповикувале на Неговите зборови, без оглед на тоа што постојано Му се забележувало дека: ’не треба да биде на трпеза со овие‘, ’не треба да зборува со оние‘, ’со нив не е дозволено‘, ’со нив ние не општиме‘“, заклучи Владимир Легоида.
Извор: Бигорски манастир