4 ноември/27 ноември 2017 лето Господово
Извор: Амин
На своето денешно заседание, Светиот и Свештен Синод на Цариградската Патријаршија, кој заседава во Цариград, под претседателство на Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, одлучи да го канонизира Старецот Јаков Цаликис од манастирот на Преподобен Давид во Евија, Грција. Барањето за канонизација беше испратено до Вселенската Патријаршија од Халкидската митрополија, преку Светиот Синод на Грчката Црква. Согласно одлуката на Синодот, денот за почитување на свети Јаков Цаликис ќе биде секоја година на 22 ноември.
Старец Јаков Цаликис е роден на 5 ноември 1920 година во Левиси, Мала Азија, а се упокои на 21 ноември 1991 (Воведение на Пресвета Богородица).
Извор: Бигорски манастир