30 април/13 мај 2018 лето Господово
Извор: Седмица
Во Сирија е пронајден таен подземен христијански храм од III-IV век, кој по некое чудо не настрадал во окупацијата на џихадистите: од страна на археолозите се откриени подземни олтари, столбови, грчки натписи и крстови врежани во камен.
Местото каде што се издига чадот од селата е местото каде што се најдени остатоците. Оваа територија е во селата во јужниот дел на Манбиј, Алепо во Сирија и истиот е контролиран од Исламската држава. Фоторепортажа: Ројтерс
Подземниот храм што го открија археолозите се наоѓа во Манбидже, град во северна Сирија, на територијата на мухафазата Халеб. Таа територија беше под контрола на исламските фанатици – џихадисти -повеќе од 2 години. Целиот овој таен комплекс на пештери под градот, кои датираат од 3 – 4 век од нашата ера, служел како тајно засолниште за Христијаните што во тоа време биле подложени на гонење од страна на Римската империја. Пронајдена беше и древна врата, влез кој води до подземна соба за молитва, украсена со столбови, каде во каменот се врежани крстови и натписи, а исто така има и примитивен олтар. Во просторијата е пронајдена и тајна врата, којашто води до посебен ходник со излез, што парохјаните го користеле за бегство. Една од подземните простории е поврзана со гробница каде што се пронајдени гробови со мошти на Светиите или свештенослужителите од тоа време.
Првите наоѓалишта на овие древни катакомби биле откриени од археолозите уште во 2014 година, но се држеле во тајност за да се спасат од уништувачкиот поход на исламските религиозни фанатици. Новите ископувања продолжија дури во 2017 година, после конечното ослободување на оваа територија.