Нема опасност од заразување преку Светата Причест (17.04.2020)
„Сум причестувал многу луѓе низ целиот свет, вклучувајќи и болни, и не се случило некој да се зарази од Светата Причест.“
Ова го изјави големиот современ богослов и професор на Солунската црковна академија, протопрезвитер Николај Лудовикос, во своето интервју на тема надеж, современа култура, индивидуализам и кризата што ја преживува денес европскиот човек со коронавирусот.
На прашањето дали според научниците не може а да не постои проблем со причестувањето, односно не е можно да не се пренесе зараза преку Светата Причест, отец Николај одговара: „Се разбира, и добро велат... како што велеа некогаш дека Лазар умрел и засекогаш ќе остане мртов... како што велеа за слепиот дека никогаш нема да види светлина... Бог може сето тоа да го преобрази. И на лично ниво секој од нас може да раскаже за такви чуда. И јас можам, и ќе ги опишам еден ден во мојата биографија“.
„Ако Бог влегува во историјата, Он нема ли да влезе на Свој уникатен начин во неа? Каков е тој „Негов начин“? Кога сака, Он може „да се игра“ со сите природни закони што Он ги создал“.
„Тоа што го одредува човекот денес е метафизичка заслепеност. Станува збор за едно одрекување. Го сфаќам само тоа што ми одговара да го сфатам, вели современиот човек.“
Отец Николај уште вели: „Разочаран сум од духовното ниво на моите сонародници. И го велам ова со душевна болка. Не сме наследници на Платон, на Максим Исповедник или на свети Григориј Палама – на толку ниско духовно ниво сме паднале. Простете што зборувам така“.
„Тоа што човек може да го прими од медиумите е едно разочарување. Не за мене лично, јас сум среќен човек, туку за сиот тој измачен народ, кој е обезнадежен. И тој уште повеќе ќе се обезнадежи.“
Како што веќе напишавме, грчката влада реши богослужбите да се извршуваат зад затворени врати, а храмовите за најголемиот христијански празник Воскресение Христово да останат затворени за верниците.
Извор: antifono.gr
http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=7261