Чудо во Романија: Ѓаконот, кој служел со заразениот Архиепископ Пимен, но не се причестил, е заразен со коронавирус, а останатите клирици, кои се причестиле – не се заразени (02.05.2020 18:03)
Послание од Митрополијата на Сучава и Буковина
Архиепископот Пимен, уважениот и возљубен наш епископ, на 90-годишна возраст, неодамна се зарази со коронавирусот. Во понеделник вечерта беше однесен во болницата Матеј Балш, во Букурешт, Романија. Чудесно е тоа што тој служеше во соборниот храм на Митрополијата, но никој од свештениците кои се причестиле од истиот путир не е заразен!
Исто така, и ноќта на Воскресението и во понеделникот на Пасха, тој служел во манастирот Сихастрија. Сите отци кои се причестиле со него, по направениот тест, се негативни на коронавирусот, а само еден ѓакон, кој помагал во олтарот и не се причестил, е позитивен! Тие чуда треба да се кажат јавно! Светата Причест и лажичката, за која сите нè обвинуваат, не пренесуваат никаков вирус! Телото и Крвта Христови се извор на живот и на бесмртност! Доволно е да имаме непоколеблива вера и да вложиме смирен подвиг!
Христос Воскресе!
Извор: Doxologia Infonews
http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=7279
(02.05.2020 18:03)