логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Откако Поглаварот на Грузиската Православна Црква Патријархот Илија II пред една година изјави дека ќе стане кум на секое трето дете во земјата, едвај и најголемите оптимисти очекуваа дека тоа ветување ќе има сила на демографско чудо.

Само една година подоцна, резултатите се евидентни. Наталитетот во Грузија порасна за 20%, а  во текот на годината Патријархот Илија стана кум на над 2000 деца.

Овој факт само по себе е показател дека за две децении независност на Грузија, Православната Црква во земјата е највлијателната сила. Верниците во Грузија ја поздравуваат Црквата за тоа што сака да ја врати земјата кон нејзините духовни корени, сокриени длабоко во првите векови на христијанството (Грузија, заедно со Ерменија, се првите земји во светот, кои официјално го примиле христијанството). Во поделената, од противречности и сепаратизам, Грузија, Православната Црква се покажа како единствена сила, способна да ги обедини луѓето.

„Денес, Црквата е највлијателната институција во Грузија и нејзиното влијание продолжува да расте“, рече Георги Хутсишвили, директор на Центарот за конфликти и разбирање во Тбилиси.

Според испитувањата, направени во минатата година, 87% од Грузијците ја сметаат Црквата како институција во која имаат најголема доверба. За споредба, во 2003 година, овој процент беше само 39.

Исто така, ова испитување покажа дека најголема доверба во земјата има Патријархот Илија II со блиску 95% општествена поддршка, додека грузискиот претседател Михаил Саакашвили има доверба на едвај 33% од граѓаните.

Претставникот на Патријаршијата отец Давид Шарашенидзе изјави дека оваа тенденција за зголемувањето на влијанието и довербата кон Црквата се логичен чекор и одговор на ерата на советските репресии. „Грузиската глад за религија во време на советското владеење денес ја полни Црквата“, додава тој.

Последните случувања во Грузија исто така ја докажуваат силата и влијанието на Црквата и нејзиниот Поглавар. Кога започнаа судирите меѓу полицијата и противдржавните демонстранти во ноември 2007 година, Патријархот Илија II се појави како посредник и успеа да ги смири страстите. Истото се случи и после грузиско-рускиот конфликт во август минатата година. Патријархот Илија II беше човекот кој ги водеше преговорите со Москва, и единствениот грузиски лидер, кој беше примен и имаше разговор во „четири очи“ со рускиот претседател Д. Медведев.

Владата во Грузија, пак, исто така реши да ја поддржи Црквата. Администрацијата на Саакашвили во оваа година ја зголеми скоро три пати помошта за Црквата, одвојувајќи околу 15 милиони долари од државниот буџет (што е огромна сума за Грузија, имајќи ја предвид економската состојба во земјата), а посебно беа одделени 180.000 долари од буџетот за финансирање на црковниот телевизиски канал.
Извор:Дверибг.нет

Преземено од: http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=3568

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1553
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1799
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3976
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/07/2025 - недела

Собор на Светите славни и сефални апостоли; Блажениот принц Петар; Преподобен Георгиј Иверски; (Павловден);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2025

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2025

Апостоли свети,молете го Милостивиот Бог,да ни подари прошкана гревовите на нашите души. Иако секој од Светите големи апостоли има свој...

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2025

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2025

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената,молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема...

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная