(05.12.2009)
Необична обиколка со иконата на Божјата Мајка „Знамение“ е извршена во космосот, соопштува Интерфакс. На 30 септември од космодромот Бајконур полета космичкиот брод „Сојуз ТМА-16“, којшто ја достави иконата на меѓународната космичка станица.
Обиколката заврши на 11 октомври. Иконата обиколи 176 пати околу Земјата. Космичкиот брод „Сојуз ТМА-14“ ја достави иконата назад.
Иконата на Богородица „Знамение“ е изложена од 8-14 декември во Серускиот изложбен центар. Заинтересираните можат да се запознаат со видео и фоторепортажи од обиколката.
Проектот беше реализиран со благослов на Рускиот Патријарх Кирил и со поддршка на Фондот „Свети Андреј Првоповиканиот“ и руската ракетно-космичка корпорација „Енергија“.
Пред четири години во космос беше испратена икона од Свето-Преображенскиот Валаамски манастир. За време на двомесечното престојување на станицата таа заедно со косманаутот Владимир Крикалов ја обиколи Земјата околу илјада пати.
Извор: Православие.бг
Преземено од : МПЦ