Јавното обвинителство и Министерството за издржување казна, забрани и правна помош потпишаа меморандум за соработка, според којшто затворениците, коишто добиле препорака од Патријархот на Грузија ќе бидат ослободени од затвор и ќе можат да ја издржуваат казната во манастирите на Патријаршијата.
Според потпишаниот договор, во случај на посредништво на Патријархот, Јавното обвинителство на Грузија и постојано активната комисија при Министерството за издржување на казни треба да се согласат со барањето на Патријархот и на затвореникот да му биде дадена можноста да ја издржува својата казна во манастир. Меморандумот стапи во сила веднаш после неговото потпишување.
По повод склучениот договор министерот за истрага и правна помош Хатуна Калмахелидзе рече: „Потпишувањето на договорот ќе овозможи во Грузија изречените казни за лишување од слобода да се искористат за општетвено полезен труд“.
Од своја страна Ахалцихскиот митрополит Теодор, којшто го потпиша договорот од името на Патријаршијата појасни дека „станува збор за цркви и манастири, во коишто се извршуваат градежни дејности и слично, каде што луѓето можат да бидат насочени на работа и преку нивниот труд општеството да има полза“.
„Меморандумот има за цел да разработи нов метод за ресоцијализација на осудените и нивно непосредно вклучување во овој процес на автокефалната црква на Грузија“, се вели во соопштението на обвинителството.
Извор: Дверибг.нет
Преземено од МПЦ