Претседателот на Руската Федерација г. Дмитриј Медведев ги изненади сите, кога за Американската телевизиска мреза (АВС) изјави дека неговиот живот коренито се изменил откако го прифатил Православието.
„Верувам добро е за мене, затоа што од тогаш мојот живот се промени! Никогаш не зборуваш гласно за нешто такво, бидејќи религиозните чувства треба да пребиваат некаде длабоко во тебе. Кога некој се истакнува со тоа, тогаш не е искрен и го прави тоа заради јавните односи и заради себепромовирање.“
Запрашан зошто влегол во Црква Претседателот Медведев, помеѓу другото, нагласи: „Почувствував дека имам потреба од тоа, внатрешно ја почувствував желбата да го направам тоа.“
Исто така, согласно со Претседателот на Русија г. Медведев, луѓето зошто одат во Црква?, „затоа што чувствуваат внатрешна потреба, освен доколку одат како разгледувачи и туристи“.
На крај, силниот маж на Русија нагласи: „Јас на 23 годишна возраст почувствував дека имам потреба од тоа“.
Извор: Romfea.gr
Преземено од : МПЦ