Русија доби дозвола од престедателот на Франција Никола Саркози да изгради православен храм до Ајфелова кула во Париз (11.06.2010)
Според извори, Руската влада платила 72 милиони евра за земјиштето на кое ќе биде изграден православниот храм со позлатени куполи по примерот на катедралата на Василиј Блажени на Црвениот плоштад во Москва.
Согласноста на Франција била дадена после интензивно лобирање на високопоставени руски претставници, меѓу кои и претседателот Дмитриј Медведев и премиерот Владимир Путин. Тоа ќе биде првиот руски православен храм, изграден во Франција од времето на династијата Романови.
Рускиот православен храм во Париз се очекува да биде готов во 2013 година.
Извор: Дверибг.нетПреземено од МПЦ