логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Оградувајќи се однапред од каква било партиска и политичка припадност, наклонетост, протежирање нечија страна и сл., како монашко братство кое повеќе од 20 години верно ѝ служи на светата Македонска православна црква – Охридска архиепископија и на Татковината Република Македонија, би сакале и ние јавно и транспарентно да го искажеме нашиот став во поглед на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Бидејќи пропагандните отрови вбризгувани во поединечната и колективна свест на македонскиот човек и народ од територијата на денешна Р. Македонија во текот на скоро еден век полека го губат своето погубно дејство, настапи време кога можеме слободно да го кажеме своето мислење за некои важни државни прашања, но и без страв и фрустрации да погледнеме во нашето национално минато и да дознаеме дека македонската самобитност и државност се крепат на подвигот и крвта на недобројните наши родољупци и херои на слободата. Лесниот и нецензуриран достап на историските извори денес, ни овозможува да проѕреме длабоко во историскиот бит на Македонецот, непосредно, лично, без никакви идеолошки призми и матрици. Затоа, крајно време е со здрави и трезвени очи да погледнеме во блесокот на нашата сјајна историја, која самата по себе, без никакви додавки, криења, извртени толкувања и сл., нè прави да бидеме горди Македонци, достоинствени носители на европските цивилизациски придобивки.

Меѓутоа, културниот идентитет и националната посебност, колку и да звучи парадоксално, подразбираат и заедништво и испреплетеност со други идентитети и посебности. Пример за таква историска симбиоза се македонскиот и бугарскиот народ. Таа вродена вековна близост се пројавува во многу значајни сегменти од општественото живеење: јазик, фолклор, култура, настани, дејци… Впрочем, да не заборавиме и дека нашите два народа имаат една цивилизациска лулка, заеднички крштелен купел – имено, мисијата на Светите Браќа Кирил и Методиј и особено на нивните свети ученици, покрстувањето за време на Светиот Рамноапостолен цар Борис-Михаил и почетокот на заедничката писменост. Тоа ни дава право, или подобро кажано, обврска да го негуваме тоа духовно сродство и близина, без притоа, се разбира, да се негираме и омаловажуваме едни со други во нашите културни особености. Всушност и брат со брат се разликува, и семејство со семејство, и град со град, и област со област, и говор со говор… Но, не смееме да дозволиме различностите да станат главниот фактор во нашите меѓусебни односи и причина за омраза и раздор. Напротив, многу повеќе се нештата што нè обединуваат, а и самите различности треба да ги гледаме како наследство од нашето заедничко суштествување.

Врз основа на ова, сметаме дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, чиј зародиш треба да го лоцираме уште во почетоците на независната и самостојна македонска држава, е природна последица на историските текови. Тој просто не е само потпис на една влада и премиер и друга влада и премиер, туку логичен и ненаметлив исход на културните и општествени збиднувања во двете држави. Според наше мислење, договорот е срочен во духот на европското право, без двосмислени политички фрази, без никакви навреди, потценувања или превагнувања на едната или другата страна. Дополнителен аргумент за неговата полезност е и суштинската потреба да се има најблизок соработник и сосед пријател, особено за дејствување во меѓународно поле. Во контекст на ова, сметаме за потребно да потсетиме дека Р. Бугарија беше првата земја што ја призна Р. Македонија и што изврши дипломатско влијание за Русија да ја признае. Исто така, таа беше земјата што значително помогна Македонија да не дојде до финансиски крах, кога во 1994 година беше воведено трговско ембарго кон нашата држава. Дополнително, посебно значаен факт е тоа што во договорот заедничката историја се јавува не како јаболко на раздорот, ами како мост кој „ги поврзува двете држави и нивните народи“.

Замолувајќи ги сите читатели нашиот став да не биде злоупотребен за политички цели и надмудрувања, ќе завршиме со краткиот, но многу длабок и прекрасен псалм на светиот цар и пророк Давид за благословената братска љубов:

Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно! Тоа е како миро врз главата што се лее по брадата, брадата Аронова, што се лее по полите од одеждата негова; како роса ермонска, која паѓа на горите Сионски, зашто Господ дал благослов и живот вечен (Псалм 132).

 

Монасите и монахињите заедно со нивниот Старец, Архимандрит Партениј,
од Свештениот Бигорски манастир.

Извор: Бигорски манастир

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2137
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2155
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 597
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/05/2026 -недела

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни; Светиот свештеномаченик Мокиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная