логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Денес го преведов овој текст, бидејќи ги изразува моите мисли и чувствувања кои што навираа и се формираа деновиве... Можеби некој текстот пребрзано ќе го смести во конспирологија, но сметам дека е реално согледување на поширокиот контекст на вирусолошкиот амбиент и на (блиската?) технолошка иднина...

Neuronet – демонска религија на новиот светски поредок
„Јас не сум од луѓето кои веруваат дека нема никаков вирус и дека пандемијата е вештачки креирана. Не, сигурен сум дека постои болеста, многу е опасна и треба да ги искористиме сите можни напори за да се заштитиме од тоа. Но, јас исто така, имам длабоко интуитивно чувство дека зад параванот на глобалната пандемија се случува промена на сценографијата на глобално ниво...“


Антониј Петрушевски

3.angeli.so.truba
    
Раслабената состојба на душата е, всушност, нејзино бавно умирање. Еден од најмоќните вируси што предизвикуваат раслабување на ум е стравот. Но, од што се плашиме?

Предговор. Што стои зад параванот на пандемијата?

На вчерашната неделна литургија (во Неделата на Раслабениот) читавме извадок од Светото Писмо, во кој се зборуваше за исцелувањето на еден раслабен / парализиран човек, за тоа како Спасителот излекувал некој што бил парализиран 38 години. Ова ми дава причина да зборувам за раслабеноста во поширока смисла, во врска со настаните што се случуваат во светот.

Раслабената состојба на душата е, всушност, нејзино бавно умирање. Еден од најмоќните вируси што предизвикуваат раслабување на умот е стравот. Светите Отци го вбројуваат стравот во различните видови на безумие. Денес, голем дел од човештвото е нурнато во таква состојба на раслабеност на умот.

Јас не сум од луѓето кои веруваат дека нема никаков вирус и дека пандемијата е вештачки креирана. Не, сигурен сум дека постои болеста, многу е опасна и треба да ги искористиме сите можни напори за да се заштитиме од тоа. Но, јас исто така, имам длабоко интуитивно чувство дека зад параванот на глобалната пандемија се случува промена на сценографијата на глобално ниво. Сцената каде што се случуваат сите овие промени е скриена од публиката со завесата од корона-вирусот. Додека целото човештво, премрено од ужас, ја гледа завесата, зад неа се инсталира нов софтвер за технократски модел на управување со светот.

Универзалната пандемија има важна функција – максимално да ги исплаши своите гледачи. Затоа што само во тој случај господарите на Новиот светски поредок можат да сметаат на тоа дека луѓето ќе се согласат да живеат според новите правила. Затоа, преку медиумите, на сите им е итно наложено – да се плашат.

Решив да ја поставам оваа актуелна тема, бидејќи таа е директно поврзана со прашањата за спасение на душата, со личната слобода, право на верување и живот во согласност со своите верски убедувања. Ова не се однесува само на православните, туку и на претставниците на другите вери, па дури и на атеистите. Бидејќи, овој проблем влијае на сите. Како ќе го продолжиме постоењето на Земјата? Како слободна личност или како биолошки обезличен механизам?

Дигитализација на личноста

Без разлика дали државата ќе биде во вашиот џеб или во смартфонот, суштината не се менува. Бидејќи со корисниците на тој производ ќе управува оној што го поседува софтверот. Дигитализацијата на нашата личност е започната, всушност, не денес и не вчера. Веќе најмалку половина генерација со одреден дел од нивната свест живее во дигитален свет. Нивните умови се прицврстени за екраните на таблетите и компјутерите, без кои, тие веќе не можат да се чувствуваат целосни луѓе.

Доаѓа генерација со изменета свест, чиј мозок работи на платформата на машински алгоритам. Таквиот мозок ќе коегзистира хармонично со новиот софтвер којшто ќе може да комуницира со психо-емотивната компонента на нивната личност.

Трансформацијата на образованието на платформата за учење преку интернет е исто така составен дел на оваа програма, која успешно се спроведува со помош на карантин. Таа ќе станува посложена, ќе се нарекува индивидуално-дигитален пат за учење и сл. Во формирањето на дигитализирана личност, образованието игра клучна улога. Тоа го формира културниот код на нацијата, пренесувајќи го размислувањето на учениците во областа на дигиталната технологија.

Религија на Neuronet

Така се одгледуваат биолошките елементи на Neuronet, кои ќе го заменат стариот Интернет. Човекот ќе стане елемент на Невронет, чиј мозокот ќе комуницира со компјутер користејќи софтвер кој ќе биде интегриран во човечкото тело со помош на чип. Невро-животната средина ќе стане новото човечко општество, кое ќе биде подредено на единствен управувачки центар.

Сето друго, за што ќе продолжам да пишувам, можеби на некого ќе му изгледа како фантазија, плод на бујна имагинација, но верувајте ми, не е така. Има доволно фактички и научно заснован материјал што укажува на планови за реализациија на новите технологии кои ќе бидат воведени во нашите животи во текот на следните децении. Следните редови од овој текст, всушност, се мапа на глобалната технолошка перспектива. Таа се состои од неколку фази.

Чекори за спроведување

Првата фаза – низ која поминуваме сега е биометријата: се собираат биометриски податоци, тие информации се отчитуваат и се чуваат и се создава единствена база со податоци за сите жители на планетата. Паралелно, се работи на подобрување на „структурата“ на невронетот – читање изрази на лицето, на гестови, на движења, на биолошката манифестација на емоциите, идентификување на личноста преку далечински пристап и сл. Во тек е и активна работа за создавање информатички системи што ќе ги обработуваат, не само биометриските податоци, туку и психо-информативните, т.е. нашите мисли, емоции и чувствања. Задачите за пренесување на невроинформација од мозок на мозок со помош на компјутер – веќе се успешно решени.

Втората фаза – е создавање на невро-интерфејси кои ќе работат во внатрешноста на телото, контролирајќи го системот за животна поддршка на човечкото тело и ќе ги пресоздаваат психичките состојби на личноста, кои му се неопходни на контролниот центар. Невронетот ќе им овозможи на луѓето да разменуваат не само мисли, туку и ментални состојби. Потребата да се учат странски јазици за комуникација – ќе исчезне. Така, ќе се реши проблемот што Бог го создал по падот на Вавилонската кула, кога луѓето почнале да зборуваат на различни јазици. Човештвото ќе може слободно да комуницира во невронет.

Воопшто, во своето рекламното пакување, Невронет им ветува на луѓето плод од знаења што ќе можат да го направат нивниот живот „рај“ и без да излезат од дома.

Третата фаза – е усовршен Невронет, кој ќе може вештачки да конструира различни состојби на свеста, психички чувствувања, подобрување на паметењето и на активноста на нервниот систем. Личноста на човекот ќе стане зависен елемент на општата социјална свест. Луѓето ќе станат единствено нервно општество. Човекот, како самостојна (независна), мислечка, слободна личност – ќе престане да постои.

Додека луѓето се под хипнотички страв од карантин, ширум светот активно се поставуваат предаватели за 5G мрежата, бидејќи брзината на пренесување податоци за новите технологии бара нови стандарди. Ова се спроведува и покрај фактот дека огромен број научници укажуваат на опасноста од електромагнетното зрачење на 5G (fifth generation). Во исто време, паралелно со проектот Neuro, се развива проект за вештачка интелигенција, во кој се вложуваат огромни пари.

На кого и зошто му е потребно тоа?

Стратешката идеја за можноста за управување со човештвото од еден центар е родена многу одамна. Многу порано од германскиот фашизам, таа идеја ја имаа во себе различни окултни движења, како Кабала и др. Клучна задача за гностиците беше идејата да се подели човештвото на: избрани и сива маса од безлични робови.

Овој план се спроведувал со векови. Преминот на човештвото низ разните социо-економски формации одел со мали чекори кон таа крајна цел. Воведувањето на единствен монетарен еквивалент, напуштањето на природното стопанство, уништувањето на вековната традиција на семејно производство и многу друго, исто така се патокази на патот кон целосна, неограничена, апсолутна, од гледна точка на ѓаволот, моќ над сите и над сѐ.

Сега пандемијата дава можност да се спроведат големи вежби за остварување контрола врз движењето на големи групи луѓе, нивна изолација и регулирање на менталната состојба. Специјални служби изработуваат методологија за откривање (преку мобилните телефони) собири од голем број лица на мал простор итн. Сето тоа се мали вежби за обука, насочени кон спроведување на идните големи проекти. На пример, веќе најавената програма за блиска иднина наречена „Smart city (Паметен град)“ ќе овозможи; од која било голема метропола да се направи затворен концентрационен логор, со строги правила за глобална контрола врз секој жител.

Денес стоиме на прагот од воведување масовни, технологии независни од човекот, на кои ќе им бидат дадени големи овластувања за управување со државата.

Која е целта на сопствениците на Neuronet

Целиот тој систем ќе стане можен под еден услов – трансформација на свеста на самата личност. На Невронет не му требаат оние што можат да размислуваат самостојно, луѓе со критичко размислување и, особено, луѓе со религиозни убедувања – се опасни за него. Невронет е систем за дехуманизација / расчовечување на човекот, кој не смее да има морални принципи, совест, какви што не може да има машината. Крајната цел на Новиот светски поредок е личноста да се претвори во неврохибрид со елементи на вештачка технологија, со колективно мислење засновано на вештачка интелигенција и со некои остатоци од човечката биологија.

Како се врши масовно зомбирање на луѓето преку медиумите, гледаме на примерот на различни мали револуции, кога во „колективната народна свест заматениот ум зовривал“ веднаш по притискањето на копчето „plаy“ од нечија рака. Го гледаме само надворешниот дел од сликата, на која маса луѓе копнеат по крвта на наредниот непријател на нивната благосостојба. Но, ние не ја гледаме ниту технологија, ниту оние раководители кои вешто ги контролираат луѓето, нарачувајќи им да ги мразат оние што тие ги обележале.

Технологиите на Невронет овозможуваат навлегување не само во свеста, туку и во човечката потсвест. Што и да прави таквиот човек, тој секогаш ќе биде уверен дека тоа го прави по својата слободна волја, а не затоа што тоа му го наметнале надворешни технологии. Така, денес е можно секоја држава да се контролира однадвор, без да се освои со тенкови. Власта ќе ја имаат оние што ги поседуваат медиумите. Понатаму, оваа моќ ќе преминува на подлабоко, индивидуално-ориентирано ниво, со помош на нови технологии.

Денес за таа цел низ целиот свет се уриваат традиционалните семејни односи и се промовираат нови модели на семејни односи. Сето тоа се алки на еден ланец, чија крајна цел е Новиот светски поредок, кој ќе владее со помош на Невронет.

Во моментов, не е толку страшен вирусот, во спореба со војната што му е објавена на целото човештво, а чиј предвесник е тој. Целта на оваа војна е уништување на нашата слобода, на достоинството на личноста, на нашето богоподобие. Токму затоа се создава социјалната атмосфера што ги придружува сегашните карантински мерки: страв, паника, наметнување на застрашувачко чувство. Сето тоа, всушност, е отработување на новите технологии за контрола на свеста и инструмент за изменување на индивидуалната свест на оние што ќе се најдат во областа на дејството на тие технологии.

Што да се прави?

Разберете што се случува. Предупреден, значи вооружен. Да гледаме, духовната проценка на тековните процеси ќе помогне да се најде одговорот на прашањето; што да се прави во дадена ситуација.

Не плашете се, затоа што стравот е главното оружје на ѓаволот, кое го претвора човекот во безумник. Запомнете дека Бог своите не ги остава во неволја. „Оној што ќе претрпи до крај, ќе биде спасен“ (Мк 13, 13).

Да останеме во молитва кон Бога, да му бидеме верни до смрт, да живееме според Заповедите, колку и тешко да биде тоа. Постојаната молитва (и целосниот црковен живот – забел. на прев.) нема да дозволи да паднете во панична состојба.

Без оглед на тоа, како ќе се развиваат понатаму настаните во овој свет, христијанинот нема причина да паѓа во очајание. Христос воскресна, значи последниот збор ќе го има Тој.

Бог не е само наш Творец, туку и Отец. Ако ние, обичните грешни луѓе, никогаш не ги оставаме нашите деца во метежот на судбината, значи и Бог нас никогаш нема да нè остави. Оној што рече: „ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот,“ секогаш ќе биде со нас и нема да дозволи да не снајде искушение што би било поголемо, отколку што можеме да поднесеме.

Протоиерей Игорь Рябко: Нейронет – бесовская религия нового мирового порядка

 

 

https://svitok.info/2020/05/11/neuronet/?fbclid=IwAR3VBf5s4EZU4HhWLDgXhgxNpMwShydMhXH3FjzIJze7XJAxzxLpNnnqSyE

Антониј Петрушевски

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная