логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


+++ЖИВОТОТ НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ДОМОТ Е ФАКТОРОТ ШТО СПАСУВА И ГРАДИ ДОБРИ ДЕЦА. ЗАТОА, РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ!+++

HRISTOS.dete


Животот на родителите во домот е нај-важен фактор што спасува и создава добри деца. Родителите треба да и се предаваат на Божјата љубов. Треба да стануваат свети co нивните кротост, трпение и љубов и тоа да им биде жив пример на децата.


Секој ден треба да поставуваат нов ред, ново расположение, ентузијазам и љубов кон децата. Радоста што ќе им дојде, светоста што ќе ги посети, ќе им ја пренесе благодатта на децата.


За лошото однесување на децата генерално се виновни родителите. Децата не ги спасуваат ни советите, ни дисциплината, ни строгоста. Ако родителите не се осветуваат, ако не се борат духовно, тогаш прават големи грешки и го пренесуваат злото што го имаат во себе.


Ако родителите не живеат свет живот, ако не зборуваат co љубов, тогаш ѓаволот ги измачува родителите co реакциите на децата. Љубовта, еднодушноста, доброто меѓусебно разбирање на родителите се најдоброто нешто за децата. Тоа е за нив голема сигурност и безбедност.


Однесувањето на децата има непосредна врска co coстојбата на родителите. Кога децата се повредуваат од лошото меѓусебно однесување на родителите, тогаш губат сили и волја за напредување. Се градат на лош начин, па градбата на нивната душа е во опасност секој момент да се урне. Ќе ви кажам два примери.


Дојдоа две девојчиња кај мене, а едното имало многу лоши доживувања, па ме прашуваа на што се должи тоа. Јас им реков:
– Тоа потекнува од дома, од вашите родители.
И како што ја „гледав” едната, и реков:
– Ти овие работи ги имаш наследено од мајка ти.
– Таа рече: Ho, нашите родители се толку совршени луѓе. Тие се христијани, се исповедаат, се причестуваат. Би можело да се каже дека живеевме во верата. Освен… доколку верата е виновна.


Јас им реков:
– He верувам во ништо од ова што ми кажувате. Јас само едно нешто гледам, a тоа е дека тие не ја живеат Христовата радост.
Bo врска co ова, другото девојче рече:
– Марија, слушни, добро вели попчето и има право. Да, нашите родители одат кај духовник, се исповедаат, се причестуваат…
Но дали некогаш сме имале мир дома? Татко ни секогаш се карал co мајка ни. Постојано или едниот не јаде или другиот не сака да одат заедно некаде. Значи, попчето има право.
– Како се вика татко ти?, прашав јас.


Таа ми кажа.
– Како се вика мајка ти?
Таа ми кажа.
– Ex, внатрешно, во себе, не си воопшто во добри односи co мајка ти.

Слушнете ме сега. Во моментот кога ми го кажаа името, jac го гледав таткото, ја гледав неговата душа. Во моментот кога ми го кажаа името на мајката, jac ja гледав, а гледав и како ќерката ja гледа мајка си.
Друг ден ме посетија мајка co едната нејзина ќерка. Беше насекирана и многу плачеше. Се чувствуваше многу несреќна.
Ја прашав: „Што ти е?”
– Разочарана сум од поголемата ќерка, која си го избрка мажот од дома и не’ мамеше кажувајќи ни многу лаги.
-Какви лаги?
– Пред подолго време го избркала мажот од дома, a нам не ни кажа ништо. Ја прашавме по телефон: „Што прави Стелиос?” А таа ни одговараше:
- „Добар е, моментално е излезен да купи весник”.
Секогаш наоѓаше некој повод за да не се посомневаме во ништо. Тоа потраја две години. Криеше од нас дека го има избркано. Пред некој ден дознавме од него, кога случајно го сретнавме.
Јас и’ реков:
– Ти си виновна. Ти и маж ти. А повеќе ти.
– Јас! Зарем јас која толку многу ги сакав моите деца, не излегував од кујна, немав личен живот, ги водев кон Бога и Црквата, ги советував на добро. Како сум јас виновна?
Се обратив кон другата ќерка, која беше присутна:
– Ти што велиш?
– Да, мамо, попчето има право. Ние никогаш не јадевме сладок леб поради кавгите што цел живот ги имавте co тато.
– Гледаш дека сум во право? Вие сте виновни, вие ги повредувате децата. He ce тие виновни, но ги трпат последиците.
 

Bo душата на децата се создава состојба предизвикана од родителите и остава траги кај нив за цел живот. Нивното однесување во понатамошниот живот и односот co другите се поврзани co доживувањата што ги носат од детска возраст.
Растат, се образуваат, но длабоко во себе не се менуваат. Тоа се гледа и во најмалите животни манифестации. На пример, ти се случува да си стрвен, сакаш да јадеш. Си зел нешто, си го изел, па гледаш нешто друго, го сакаш и тоа. Имаш чувство дека си гладен и ако не изедеш нешто те фаќа некој страв. Се плашиш да не ослабнеш.


Тоа е психолошка состојба, која си има објаснување. Може, да речеме, си немал татко, мајка, си бил лишен од многу работи и гладен, сиромашен и слаб. Таа духовна состојба се манифестира и како телесна слабост.
Голем дел од одговорноста за духовната состојба на човекот се наоѓа во семејството. За да се ослободат децата од различни внатрешни проблеми, не се доволни советите, принудувањата, логиката и заканите. Co тоа станува уште полошо.
Поправањето е изводливо само преку осветувањето на родителите. Бидете свети и нема да имате ниту еден проблем co вашите деца. Светоста на родителите ги ослободува децата од проблемите. Децата сакаат околу себе свети луѓе, co многу љубов, коишто нема да ги заплашуваат, ниту ќе ги ограничуваат само на учењето, туку ќе им даваат жив пример и молитва.


Вие родителите молете се молкум и co рацете подигнати кон Христос и таинствено прегрнувајте ги децата. А кога се немирни, вие преземете некои педагошки мерки, но без да ги притискате. Главно треба да се молите.


Многупати родителите, а особено мајката, го рануваат детето поради нешто што направило и претерано го караат. Тогаш тоа се ранува. Дури и ако не го караш надворешно, во себе го караш или го погледнеш диво, сепак детето го сфаќа сето тоа. Мисли дека мајката не го љуби, па ја прашува:
– Мамо, ме љубиш ли?
– Да, дете мое.


Ho детето не може да се убеди. Повредено е. Мајката го љуби, ќе го погали подоцна, но тоа ќе ја тргне главата. He го прифаќа галењето, го смета за лицемерие, зашто е повредено.


(Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”)



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2135
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2154
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 595
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/05/2026 -сабота

Светиот апостол Симон Зилот; Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин; Преподобна Исидора Јуродива; Блажената Таиса;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная