логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 



Извори на злото
(Тајната на комунизмот)
Москва, 2000


Нè учеа дека Маркс бил длабоко човечен. Тој како да бил исполнет со една единствена идеја – да им помогне на угнетените маси. Тој сметал дека масите ги угнетува капитализмот. Според Маркс, откако тој неправеден општествен систем ќе биде уништен, по преодниот период на диктатурата на пролетеријатот ќе се појави општествено уредување во кое секој ќе работи соодветно на своите способности, а ќе добива соодветно на своите потреби. Тогаш веќе нема да има ниту држави, ниту војни, ниту револуции... ќе има само светско братство на народи. Но, за да се стигне до таа среќа, не е доволно само да се уништи капитализмот. Во критиката на Хегеловата филозофија на правото, Маркс пишува: „Уништувањето на религијата како илузорна среќа на народот е неопходно за постигнување на неговата вистинска среќа“. 
Маркс бил против религијата, бидејќи таа го попречувала целосното исполнување на комунистичките идеали. Во тоа тој го гледал единствениот одговор на сите светски проблеми...

Но, дали зад ваквото антирелигиозно расположение стои еден обичен наивен човечки ум, заблуден од развојот на својата сопствена „научна“ мисла?

Да го погледнеме „житието“ на Карл Маркс.

Неговото вистинско име било Мардохеј Леви. Ради стекнување поповолна општествена позиција, младиот Мардохеј Леви, чии претци по машка линија биле еврејски равини, го примил христијанството, се покрстил  и го добил името Карл Хенрих Маркс. Првото негово дело што ни е познато, има наслов „Соединување на верните со Христос“, според Евангелието по Јован. Во ова дело ги наоѓаме следните прекрасни зборови: „Соединувањето со Христос се состои во најтесно и најживо општење со Него, во тоа што ние секогаш го имаме Него пред нашите очи и во нашето срце. И, пронижани со величествена љубов спрема Него, ги отвораме, во исто време, нашите срца кон нашите браќа, коишто Тој телесно ги поврзал со нас и заради кои Тој исто така се принел како жртва“. Значи, по запознавањето со христијанството, на Маркс му било познато, во крајна линија – во младоста, на кој начин луѓето можат братски да се возљубат еден со друг. Тој продолжува: „Соединувањето со Христос внатрешно нè возвишува, нè утешува во страдањата, нè успокојува и создава срце отворено за човечка љубов. Кон тоа треба да се стремиме не заради наша слава, туку единствено заради Христос!“
Кога Маркс завршил гимназија, во карактеристиката за него, во рубриката „Религиозно познавање“, било напишано: „Неговото познавање на христијанското вероучење е доволно јасно и издржано. Тој, до извесен степен, ја познава историјата на христијанската Црква“. Но, наскоро по добивањето на оваа потврда, во животот на Маркс се случува нешто чудно. Долго време пред Мојсеј Хес, во 1841 година, да го задои со социјалистичи убедувања, Маркс станал длабоко и страсно антирелигиозен човек. Тоа почнало да се манифестира во студентските години. Во една од своите стихотворби тој пишува: „Жеднеам да се одмаздам на Оној Кој владее одозгора“. Значи, тој бил убеден дека „Оној што владее одозгора“ постои. Тој се спорел со Него, макар што Бог не му сторил ништо лошо. Која била причината за таквата лута омраза спрема Бога? Личните мотиви не ни се познати. Дали Маркс во оваа предизвикувачка изјава бил само гласноговорник на некој друг? На таа возраст, кога секое нормално момче се исполнува со прекрасни мечти за правење добри дела, од Маркс извираат следниве стихови (од стихотворбата „Заклетвата на паднатиот во очај“):

Мене не ми преостанува ништо друго освен одмазда,
Јас високо ќе го издигнам мојот престол,
Студен и страшен ќе биде неговиот врв,
Темелите негови – суеверни морници.
Церемонијалмајстор! Најцрна агонија!
Кој ќе погледне со здрав поглед –
Ќе го оврати погледот, смртно пребледен и занемен,
Озбемен со слепата и студена смрт.

Зборовите „ќе издигнам престол“ и признанието дека „од оној што ќе седи на престолот ќе излегува саммо страв и агонија“ наликува на гордата пофалба на Луцифер: „Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди“ (Исаија 14:13).

Расветлувањето на омразата спрема Бога може да се најде во малку познатата поема, напишана од Маркс исто така во неговите студентски години. Поемата е насловена „Оуланем“. Карактеристично е дека „Оуланем“ е извртување на свештеното име, анаграм на Емануил, библиското име на Исус Христос, коешто на еврејски значи „Бог е со нас“. Слични извртувања се покажале како мошне ефикасни во црната магија. Драмата „Оуланем“ можеме да ја разбереме само ако се запознаеме со уште едно чудно признание на Маркс, коешто порано го дал во стихотворбата „Виолинист“: „Адските испарувања се издигаат и го исполнуваат мојот мозок додека не споулавам, и додека срцето не се промени во корен. Го гледаш овој меч? Кнезот на темнината ми го продаде“. Овие стихови добиваат особено значење ако се знае дека во ритуалите на посветувањето во сатанистички култ на кандидатот му се продава магепсан меч, којшто му гарантира успех. Маркс платил за него, потпишувајќи со крв, земена од неговите вени; договор, според кој неговата душа по смртта ќе му припадне на сатаната. Да ја погледнеме содржината на „Оуланем“:

Се посилно и посилно го играм танцот на смртта,
И тој, исто така, Оуланем, Оуланем
Тоа име звучи како смрт.
Звучи, додека на замре во жалосни грчеви.
Наскоро ќе ја прегрнам вечноста на моите гради
И со див крик ќе го искажам проклетството над сето човештво.

Членовите на сатанистичката секта не се материјалисти – тие веруваат во задгробен живот. Оуланем - личноста преку чии уста говори Маркс – обратен Христос, т.е. антихристот, не го одрекува постоењето на задгробниот живот. Тој го признава, но само како живот исполнет со омраза од највисок степен.

Што се случило со младиот Маркс?
Во младоста тој имал христијански убедувања. Но, дали тоа било само привидно? Преписката со татко му сведочи за трошењето на големи суми пари од страна на Маркс за разонода, како и за негови постојани расправии со родителите. Најверојатно дека токму во тие години Маркс и се запознава со учењето на сатанизмот. Во драмата „Оуланем“ Маркс фактички го прави истото она што и ѓаволот: го проколнува целото човештво.

(продолжува)


Во времето на општата светска „рецесија“, од разни страни (главно од Запад) се слушаат повици за препрочитување на Маркс и за „воскреснување“ на марксизмот. Ова ме поттикна на помладите читатели да им понудам нешто што ќе го разобличи овој творец на идеалот за бескласното општество – коминизмот.

Драган Михајловиќ



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная