логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



,,Бидете во Мене и Јас ќе бидам со вас< - ни говори Спасителот.
 
 
Уште од вечноста сме замислени да пребиваме само во Христа. ,,Како што и не избра преку Него, уште пред светот да се создаде< (Ефес. 1: 4). Значи, само во Него и тоа отсекогаш. Бог ни сега не н# замислува надвор од Христа. Надвор од Него нашиот живот нема смисла. Кога Отецот ни се обраќа во Евангелието, секогаш ни говори само едно: ,,Христос слушајте Го<, како да нема нешто друго да ни кажи. ,,Него слушајте Го<, ,,Од Него с# ќе примите<, ,,Одете кон Него<. Од него се излива врз нас тој нов живот, од кој ќе живееме. ,,Да имате полнота во Него< (Кол. 2: 10). ,,И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат< (Јован 1: 16).
Светите маченици повеќе допуштале телата да им бидат осакатени, отколку да се одделат од Христа. Повеќе, значи, не припаѓам на себеси, туку Негов сум. ,,Не припаѓате само на себеси< (1. Кор. 6: 19), говори свети апостол Павле. ,,Јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене< (Гал. 2: 20). ,,Кој ќе н# одвои од љубовта Божја?< (Рим. 8: 35) – им повикува апостол Павле на Римјаните.
Од тој сосема едноставен Божји план: Него слушајте Го, извира врховниот и, на некој начин, единствениот закон на духовниот живот.
Ако библистите добро изброиле, во своите посланија, изразот ,,во Христа<, свети апостол Павле го употребил 164 пати!
,,А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов... И Он постави едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не стигнеме до единство во верата и познавање на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство< (Ефес. 4: 7-13).
Сигурно дека никаде толку силно не е изразена динамичната смисла на нашиот христијански повик. Секој од нас Бог го вклучува во Своето Тело и го исполнува со Духот.
Секој од нас е ново камче во мозаикот ,,Човек совршен<. Повикани сме да бидеме во Христа, да бидеме ,,вкоренети и втемелени во љубовта< во Него, да постанеме Негова полнота. Во тој случај, светителите, а сите сме повикани тоа да постанеме, не се некакво платно, со кое Црквата однадвор се покрива. Тие, пред с#, се цвеќиња, кои сведочат за животната моќ на сокот, кој истекува од стеблото. Тие се знак на Христовиот живот.
Кога Бог е во центарот на нашето внимание, тогаш, природно, фалењето надминува с# останато. Не се гледам веќе себеси, туку Го гледам Него.
Овде убаво е да го цитираме Рабиндранат Тагоре, и тоа неговата молитва, која толку многу веродостојно ни го опишува ставот на фалењето:
,,Кога ми заповедаш да пеам, ми се чини дека срцето ќе ми препукне од гордост. Го гледам Твоето лице и на очите ми навираат солзи. С# што во мојот живот е нехармонично и испревртено, се претопува во слатката хармонија, а моите обожувања мавтаат со крилјата, како весела птица во лет преку морето. Знам дека моето пеење Те радува; знам, само како пејач ќе излезам пред Тебе. Со работ од далеку размавтаните крилја на својата песна, се допирам до Твоите нозе, до кои, инаку, никогаш не би се осудил да се допрам. Занесен од својата песна, заборавам на самиот себе, и Те нарекувам Пријател Тебе, Кој си мој Господ<.
Особено ми се причинува дека, последните зборови се нешто најубаво, кое е искажано во фалење: да заборавиме на самите себе, за да можеме својата душа да ја изливаме во песна на восхитување и радост пред величината и убавината на Бога. ,,Ти благодарам заради големата Твоја слава< Не само заради добродетелите, кои ни ги чиниш, Господи, туку, пред с#, зашто Ти си наш Бог!
Нормално, фалењето не е наш единствен став во молитвата. Постојат и други. Но, пофалбата, без сомневање, е кулминација во молитвата. Славословието ќе ја исполнува нашата блажена вечност во сите векови.
Вистинска е онаа акција, која потекнува од љубовта. Од некого можеш да бараш само онолку, колку што љуби. И ништо повеќе.
Би требало секогаш да сме во можност да кажеме: Го направив тоа, зашто сакав да го направам. И тоа да го говориме не само за големите дела, за кои во животот ретко се пружа можност, туку и за сите мали и секојдневни работи, за целиот наш живот и за сите негови ситници.
Познавам еден монах, чие послушание беше во манастирската кујна, и кој имаше обичај да речи: ,,На човекот не му е неопходно да извршува големи работи. Јас готвам од љубов кон Бога. А, кога ќе завршам, се поклонувам пред мојот Бог, Кој ме благословил за оваа работа, па тогаш се исправам многу позадоволен, отколку било кој цар. Кога не можам да направам нешто друго, доволно ми е да можам да направам и нешто најмалку, но тоа да биде само од љубов кон Бога<.
Ете, тоа нас н# прави да бидеме среќни. Само тоа. Во Добротољубието пишува: ,,Побарај Го Бога во своето срце, па тогаш почни да работиш<. Тоа е, накусо, она што погоре ви го кажав.
А што, во практичниот живот, ни помага да го оствариме тоа единство меѓу молитвата и животот?
Прво: љубовта. Кога навистина љубиме, не љубиме еднаш да, па после не, или само малку. Едноставно: љубиме, и тоа е с#. Убав е оној псалм, кој во еврејскиот текст почнува со храбрата изјава: ,,Љубам...< (116).
Кога големата љубов ќе завладее со нечиј живот, како што тоа било случај кај свети апостол Павле, тогаш с# друго спонатно се сведува на тоа централно интересирање.
Така е и кај човечката љубов: кога некој ќе постане средиште на целото наше битие, тогаш тој ги вдахновува сите наши постапки, па дури и оние најситните, а ги исполнува и сите мигови од нашето време.
Да ја земеме за пример добрата мајка, чие главно интересирање е сосредоточено на сопругот и децата. За неа е живо и ја воодушевува само она, кое е во врска со тоа нејзино животно средиште. Во нејзиното срце, во нејзиниот разум, во нејзината волја, нема ништо друго, освен тоа. С# што е одвоено од тоа средиште, со самото тоа се гаси во неа, ја губи својата смисла, неа повеќе не ја интересира, зашто нејзиното срце е таму – во животното средиште. Така може да постапува само големата љубов.
Второ правило е: прифаќањето на волјата на Отецот, која ни се открива во скромните и едноставни околности од секојдневниот живот. Да се љуби с# што Бог прави, со љубов да се покоруваме на Божјата волја, било каква и да е.
Трето е она, кое со библискиот јазик се нарекува ,,духовна жртва<, односно, да се посвети на Бога целиот свој живот – работата, радоста, страдањето – с# што доживуваме. И тоа од скромниот чекор, со кој го започнуваме секој ден, па до најтешките часови во животот. Тогаш и на тешките барања на Божјата волја одговараме: Да, Оче!, и со љубов го прифаќаме крстот и го претвораме во славословие.
Секој момент од времето ни доаѓа од Бога, со некоја должност која треба да се изврши, но и со благодат таа должност добро да ја извршиме; па тогаш тој момент се враќа при Бога, засекогаш да остане она, што ние сме го направиле.
Пастирската служба во својата срж е педагогија на средбата. Мое е да ги земам браќата за раце и да ги поведам во средба со Господа, зашто Господ ги спасува, а не јас.
Светата Литургија не е собир на ритуал и зборови, кои треба да се извршат. Таа е место на спасителен состанок со Воскреснатиот Христос.
Сите ние сме навикнале да правиме движења без значење. Колку многу има стисоци на раце, кои не се знак на пријателство, туку обична формалност! Така некако, честопати, се однесуваме и ние, свештениците, кога богослужиме. Колку многу ги има тие лажни движења, кои ги правиме пред Господа! Не се најтешки оние лаги, кои ги изговараме со уста, туку оние, кои ги искажуваме преку дело. Кога нашите обредни движења не се во хармонија со нашиот живот, тогаш во богослужењето воведуваме лага.
Ние, свештениците, всушност, сме живо Христово орудие. Во пракса, тоа значи: признавам и исповедам дека главен раководител е Он. С# добро, што произлегува од мојата активност, не е моја заслуга, туку на Оној, кој се служи со мене, како со свое орудие.
Карактеристично е дека Бог (а за тоа ни сведочи целата библиска историја) се задоволува и со несовршените орудија. Он го избира Израилот за свој народ, но јасно кажува, и тоа неколку пати: Не те избрав затоа што си подобар народ од останатите. Напротив: имаш премногу цврст врат. За водач на Својот избран народ го поставил пелтечливиот Мојсеј, кој покрај себе секогаш морал да го има Арон, па наместо него, тој да му говори на народот. За да донесе на свет толку голем пророк, каков што бил свети Јован Крстител, Бог ја избрал Елисавета неродилката. За Свој пророк го одредува оној, кој за себе вака зборува: ,,О, Господи Боже, не умеам да говорам, зашто сум уште млад<. Тоа го рекол пророкот Еремиј. Но Господ му рече: ,,Не се плаши... зашто Јас сум со тебе< (Ерем 1: 6-8).
Основно нешто кај Божјото орудие е: орудието (во овој случај, свештеникот), мора да биде соединето со главниот Работник, инаку Божјата благодат нема да минува низ него. Ако тоа го нема, тогаш нашата пастирска служба претставува непотребно возбудување, ,,удирање по ветар<, како што се изразува свети апостол Павле (1. Кор. 9: 26).
Ете откаде толку многу неплодност во нашата пастирска дејност. Ние не сме доволно соединети со Божествениот Агенс (Придвижувач), кој единствено спасува. Ако моливот остане во џебот, сигурно дека нема да пишува; пишува, само ако некој го земе во рацете. Сами од себе не можеме ништо да направиме. Наше е да бидеме ,,Божји соработници<, како што говори свети апостол Павле, инаку ќе личиме на камен, кого водата, навистина, го навлажнува, но тој, сепак, не донесува плод, туку водата течи и понатака преку каменот, па оди и ја напојува плодната земја. Исто како и светлината, зашто Божјата благодат не се валка, минувајќи низ нечистата средина. Во таквиот случај, Божјата сила делува врз мене, грешниот свештеник, но јас останувам надвор од ресорот не нејзините благодатни дејства.
Своето испраќање, Спасителот вака го дефинира: Јас сум Оној ,,Кого Го освети Отецот и Го прати во светот< (Јован 10: 36). Тоа истото важи и за нас. Пред с# сме посветени, пред с# сме ракоположени, а дури потоа сме испратени. Најпрво сме Божји слуги, а потоа слуги на другите. Без изразот ,,посветен<, нашето служење е осудено на бесплодност.
Од една страна, мораме да бидеме со Христа, а од друга, мораме да бидеме во близина на браќата, да бидеме на линија на служењето, да бидеме со нив и за нив.
Како да се сочува рамнотежата? Од една страна, да не се затвораме во некакво свештеничко ,,гето<, да не се затвораме во својот мал свет, а од друга страна да не се претвораме во мирјани.
Господ јасно кажал каде е рамнотежата: ,,Во светот се, ама не се од светот< (Јован 17: 11, 14).
Од една страна, да се биде во близина на денешното време, да се познава ова време, да се биде со него, да се сочувствува со него, но од друга страна, да не се раководиме од него, да се браниме, да се оддалечуваме. Од една страна, да се прилепуваме до него, а од друга страна – да бидеме слободни од него.
Во човекот да му служиме на Синот Човечки. Да имаме големо срце и да бидеме занесени за душите од своето стадо.
Светото Писмо објавува еден закон, кој се нарекува ,,Закон за спасување во заедница<. Ние не се спасуваме сами, како храбри и осамени патници, туку се спасуваме меѓусебно поврзани.
Господ Исус говори дека, с# што ќе им направиме на браќата, нему Му правиме, а тоа не е мала работа. ,,Мене сте Ми направиле< е начело, според кое ќе бидеме судени. На крајот од својот живот ќе бидеме судени според љубовта, која сме ја покажале.
Колкава треба да е мерката на таа наша способност, да се жртвуваме за другите? Минимална е: ,,Сакај ги ближните свои како себеси!< (Матеј 19: 19). Во пракса, тоа значи: овде има 10 парчиња, 5 за мене и 5 за тебе. Втората мерка, кој Господ нам ни ја оставил е онаа, максималната, која бара многу повеќе и гласи: ,,Да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас< (Јован 15: 12). Господ Исус Христос не ни дал само нешто, туку ни дал с#. За нас 10, за Себе – ништо!
 
Проштевај и поднесувај ги другите, но, исто така, поднесувај се и самиот себе, односно, мирно прифати ги сопствените граници. Нема човек кој не би имал такви граници. Тоа се однесува на гревот. Морам да настојувам да го ослободам, но сепак, во границите, кои постојат кај секое човечко битие. Треба да се прифаќаме себеси онакви, какви што сме, но со секојдневен напор да постанеме подобри.
Да направиме свој мал животен план, кој одговара на нашите можности и реални прилики. Да не постапуваме како кокошката, која сака под своите крилја одеднаш да ги смести сите пилиња. Обично, тоа завршува со тоа што сите остануваат полуоткриени.
Да почнеме со тоа: во средиштето на својот живот да го поставиме убедувањето дека Бог н# љуби. Да се љуби и да се биде љубен е најголема радост од сите радости. Таа радост го шири срцето и влева животна радост. Тоа е премногу важна работа, зашто човекот, кој е среќен што живее, способен е да има добри односи и со другите. Кој не се чувствува среќен, постанува полн со комплекси, па тежок е и за себе, но и за другите.
 
Извадоци од книгата: "Исполнети со Христа" од М. Маграсиј
подготвил и превел:
протоереј Златко Ангелески

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная