логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Aнтонио Лазески

antonio1.jpgПочетокот на секој грев е непослушанието. Од непослушанието се раѓа гордоста. Со тоа ние мислиме дека можеме сe, дека сме моќни, дека сме богови. Почнуваме да војуваме против Бога, (не)знаејќи дека е невозможно. Но, како плод на НЕпослушанието го добиваме сe она што започнува со префикс ’не’: несреќа, незнаење, недоразбирање, немир, неповрат... И демоните паднаа од непослушание и Адам со сиот човечки род. Луѓето наместо да се вратат кон Бога, тие сe повеќе почнаа да тонат во својот грев, не бивајќи свесни за она што го работат. Во почетокот беше скоро добро, додека не почнаа да си измислуваат митови и легенди, кои ги тераа на неморален живот. И им беше убаво и Го заборавија Бога. Живееја блудно и развратно, како што живееа нивните богови и јунаци. Целата антика е исполнета со такви многубројни примери. Се сеќаваме на Рим, на Атина, какви дела вршеа, кои на човек ни на ум не би можеле да му дојдат.

Човекот е создаден по образ и подобие на Бога. Бог е добар, Бог е љубов, Он е сe она што значи морал и етика. Бог толку го возљуби светот, што го дарува и својот Единороден Син. Синот Божји дојде на светот заради нас, да нe избави од гревот. И го стори тоа. Пострада и се погреба покажувајќи најголемо смирение и послушност спрема Отецот и спрема најмалите, луѓето, за да се покаже Најголем меѓу синовите човечки и Бог над боговите и Господ над господарите. Му покажа на светот колку светот вреди. Колку вредат човечките животи и човечките тела, а посебнодушите. Исто како по паѓањето на Адам, така и сега, по воскресението на вториот Адам, Христос, луѓето видоа што сториле. И се покајаа и се вратија назад при Отецот како блудни синови, откако си дојдоа на себеси, за преку благодатта да добијат посиновение и да станат синови на Светлината и богови по благодат и милост.
Како поминува времето, злото се намножува, како што беше пред Христа. Повторно луѓето се вратија на старите навики. Едни останаа верни на Христа, но други Го оставија. На Запад во одминувањето на средниот век се јавува старо-ново учење наречено Хуманизам и Ренесанса (rennaisance– преродба, повторно раѓање). Зарем Христос повторно не нe прероди, зарем во Него не умираме и се раѓаме повторно за живот вечен? Но оваа т.н. преродба не е таква. Сега се прераѓа антиката, односно сe она што беше некогаш за гнасење, се поставува како највисок човечки идеал. Според Хуманизмот, најважно е да се угоди на себеси и концентрирањето на човекот и негово обожување е најважно. Во православното богословие човекот и е центарот на овој свет и неговата цел е да се обожи, но не на тој начин. Бог е центарот на Вселената и Оној од кого доаѓа обожувањето. Он го дава на оние за кои е приготвено, оние кои го заслужиле тоа. А овие почнаа да стануваат „богови“ и откривајќи неколку најситни работи во поглед на науката, мислеа дека ја покорија вселената и сега тргнаа во поход на Бога. Проповедајќи безбожие и а(нти)теизам направија навистина дел од луѓето да заборават на Бога.
Кулминацијата на ова движење е Француската револуција, забележана во светот како најнемилосрдната револуција. Потоа се креваат и други народи, кревајќи рака против царевите, од Бога дадената власт на земјата и против Самиот Цар над царевите, мислејќи дека ќе Го победат. Во втората строфа на Интернационалата се вели: „не ни треба ни цар, ни Бог, сами ќе се спасиме“. Ова се зборови на крајно богомразие.
Како последица на ваквите случувања се јавуваат различните слободни учења и моди. Се проповеда „разоткривање на табуто“, па се
јавува нова ера на бесрамна еротска уметност и издигнување (кое е, de facto понижување) на култот кон човечкото тело. Луѓето не гледаат на убавината и доблестите на душата, но се осврнуваат на надворешниот, телесен изглед. Познато е како во Спарта имало обичај кога некое дете се роди со телесна мана, да се фрли во длабока јама. Сега се случуваат истите работи. Хитлер, пред да го започне убивањето на Јудеите, тој во Германија погубува над 500.000 луѓе со телесни или ментални недостатоци. Денес не е така, буквално, но ваквите луѓе се изолираат од општеството како „неподобни“. Класичен пример на општествената изопаченост.
Значи, сосема повеќе од јасно станува дека луѓето се креваат против Бога во она помрачение кое го имаат, односно кое им се наметнало, и согледувајќи ја неможноста „да се ритаат против бодило“, паѓаат во тешка духовно-гревовна состојба. Од оваа состојба многу тешко
се излегува без помош на светата Црква. Можеби онаму каде имапоголемо влијание Црквата, овие работи се намалени или сосема ги
нема, но во оние места каде таа е отсутна или нема голем авторитет(сепак, поради отфрлање од страна на нив самите) стапката на влегување во порочен начин на живот е огромна. Секој човек во своето срце покрај заповедите Христови ја носи и Црквата, но несвесно. Без Црквата не може да се опстои во овој свет и така, тие личности бараат замена за Мајката која ја загубиле, но таква не постои. Она што во тој момент го наоѓаат е страшната маќеа, волк во овчја кожа. Најчесто, овие души прибегнуваат во друштва со истомисленици или сострадалници, но почесто биваат имамени од лажни учители и христоси, помогнати од демонот и неговите слуги. Луѓето, гледајќи „спасение“ во овие шарлатани, лесно прибегнуваат, не обрнувајќи внимание на тоа дали постои некоја опасност. Но тие се крајно убедени дека таму е нивното прибежиште.
Што навистина се случува? Тие лажни учители најнапред ги восхитуваат со својата моќ, која на најразлични начини ја прикажуваат и со секакви нечесни твари се служат, па им даваат привидна среќа на луѓето, кои пак се уверуваат дека се на правиот пат. Нема друг пат освен Христовиот и затоа наскоро доаѓаат страшните падови и ужаси. Светот на нивната „среќа“ почнува да се руши. Тука повеќе ќе се осврнеме на пороците и како луѓето денес запаѓаат во нив. Со веќе споменатото, таквите лица пребивајќи во порочна средина и самите подлегнуваат на пороци. Најпрвин се започнува од примање на тутун во облик на цигари. Тоа во денешно време е толку „нормално“ што секој втор човек пуши, а онаа старосна граница која некогаш постоеше, сега е далеку надмината. Се среќаваат деца каде пушат, а често користат и опојни дроги од мали нозе.Согледуваме дека не само тешката состојба на душата е причина за ова, но и помодарството, кое како зараза влијае најмногу на младиот свет.
Вториот чекор е консумирањето на алкохол. Денес е најнормално да се види пијана личност, како возрасни, така и многу млади. Најчудно од сe е присуството на овој порок и кај младите девојки. Третата работа која многу и пречи на душата се опојните дроги, односно наркотици. Најчесто ги консумираат очајни луѓе, но не е ретка појавата на користење дрога и само од „онака, за забава“, повторно од помодарство. Најзастапена и најпопуларна дрога, која веќе излегува од рамките на тоа што е дрога, а што не, е канабисот, од повеќето наречен и марихуана. Тоа е почетокот на наркозависништвото, но не често и причина и не значи дека таквите ќе преминат на потешки дроги, што не е исклучок.
Вториот фактор за подлегнувањето на пороците е музиката. Луѓето некогаш се групирале по уверувањата кои ги имале, но денес тие
уверувања се во музиката. Сега има стотици правци во музиката. Тие моше да се најдат полезни, но често и многу штетни. Општо познато е
дека класичната и црковната православна музика имаат позитивно, односно благодатно и исцелително стимулативно дејство врз човекот.
Навистина, музиката може да се користи многу полезно и спасоносно, но некои го користат тоа за поинаков ефект. Современата музика, со чест на исклучоци, може да донесе, несвесно на човекот, многу штетно влијание.Таа е искористена од одредени личности кои сакаат тоа нивно убедување да го пренесат на другиот свет. Рок музиката важи за најозлогласена во овој поглед. Ширејќи го сатанизмот на секој начин, не поштедува никого. Еден од основачите на рок музиката, по неговото откажување, ќе каже:„Јас бев таму кога се градеше (рокот) и знам од какви цигли е изграден“, алудирајќи и потенцирајќи го неговото злодејство. Несвесно, неговите пораки влегуваат во потсвеста. Со својот бесрамен, насилен и често навредувачки и богохулен текст, раскажува приказни кои го смутуваат умот на луѓето, проповедајќи дека она што се случува е сосем нормално, како секојдневие. Истото може да се забележи и на холивудските филмови. Тие некогаш даваа пример за нормалното семејство и примерниот однос на единката кон останатите и општеството, но денес се само бедна слика на сите грозотии, нормализирајќи ги и генерализирајќи ги. Немајќи голем пристап кај луѓето на нашите простори (Балканот), се пристапува на пренесување на тие пораки преку турбо-фолк музиката, доколку може да се нарече музика.
Стилот на музика за една единка значи стил на живеење и како таков вклопување во општеството. Често, кога се прифати еден дел од
таков стил, се прифаќа целиот. Конкретно, во рок музиката, се пропагира сатанизмот, веќе отворено. Имајќи неколку стадиуми, личноста
напредува во своето изобличување. Најпрвин се влегува и се менува стилот на облекување, облекувајќи се во црни, кожни облеки. Потоа
подлегнуваат на тетовирање и прободување на своето тело со обетки, ставајќи ги на секој можен дел од телото, заборавајќи дека телото е
навистина, храм на Светиот Дух и доверено ни е да го чуваме како ни е дадено, во образот на Несоздадениот. Потоа овие личности се носат со идејата на сатанизмот, за на крај да го прифатат „луциферијанизмот“ како своја религија. Најгоре стојат творците на овие пораки, сметајќи се себеси како директни слуги на сатаната. Во повеќето случаи, кога оние кои површно го слушаат овој вид музика, воопшто не се ни свесни што се крие зад неа, а не ни веруваат дека е тоа така.Младите луѓе кои ги следат овие стилови, обично се или постепено
стануваат порочни. Додека за време на рап забавите се промовира насилство, а на транс забавите екстази и сличните дроги се нормална
работа, се купуваат како обичен пијалок, на рок забавите дури и се жртвопринесуваат животни. Во сe ова алкохолот се точи без мера.
Кој е заклучокот од веќе наведеното? Ние денес живееме во свет кој ја надмина антиката, ја надмина ренесансата и прерасна во нова ера,
потполно настрана и застранета од Христа – Вистината. Етиката е веќе заборавена. Ова е ера на технологијата, кога се ни е на дофат на дланка и опасните информации лесно се шират, а оние кои ги прифаќаат уште полесно го добиваат тоа. Живееме во општество кое си ги измени своите основи и погледот на светот го направи сосем поинаков, изопачен.
Целосно се избегнуваат библиските идеали и се прифаќа сe што не е од Бога, Кој од мнозина е заборавен. Општеството денес личи на
градителите на Вавилонската кула, на времето пред потопот, кога не остана праведен.
Кое е решението? Решението е во барањето на Христа. Да се проповеда Бог на луѓето, да не би да застанат на страната на антихристот
кој сe повеќе се приближува. Да се проповеда Бог и со збор и со дела.Проповедајќи со својот правилен христијански живот ние сведочиме за светлината. Покајанието е патот до совршенството. Кога човекот ќе се обрати кон Бога и ќе се соедини со Неговото тело, станува соучесник на Воскресението, но првин и на Голготата и на носењето на Крстот, совршениот приказ на Христовиот етос. Тој пострада за да ги избави луѓето. Сега е нашиот ред да се бориме за душите свои и душите на ближните. Христовата етика е совршена етика. Начин на кој се стигнува до Бога. Начин на кој се измируваме со Бога.


А. Лазески, ученик на  МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА БОГОСЛОВИЈА «Св. Климент Охридски»-Скопје

Други текстови: 

Патека

Само посета, или нешто повеќе ?! 

Прва заповед

 

{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная