Сан Франциско, 19 јуни 2010 (МИА) - Социјалната Интернет мрежа „Фејсбук“ минатата година ја зголеми својата заработувачка за 800 милиони долари, благодарејќи на порастот на бројот на корисниците и рекламите.
Со речиси половина милијарди корисници, „Фејсбукот“ е најголемата друштвена мрежа на светот, а објавените бројки укажуваат дека шест години старото претпријатие привлекува се повеќе пари.
Таквиот резултат е очекувано дека ќе ги поттикне настојувањата на инвеститорите фирмата да изнесе акции на берза.Компанијата, меѓутоа, останува на ставот дека јавна понуда на акции не планира наскоро.
„Фејсбукот“, заедно со своите пријатели за време на студирањето во 2004 година, го основал сега 26-годишниот Марк Цукерберг. гс/16:39