Автор: Редакција ФОРУМ
30 октомври 2010
Алпинистите кои планираат да го освојат Монт Еверест отсега ќе можат да користат брз интернет во кампот на околу 5.200 метри на Хималаите, последна собирен камп пред искачувањето на највисокиот врв во светот за сите храбри експедиции
Компанијата NCel, непалска филијала на шведскиот TeilSoner, објави во петокот соопшти дека поставила седум 3G базни станици во регионот на Еверест што на планинарите ќе им овозможи пристап до безжичен интернет и телефонски повици, преку програмите како што е Skype.
Десетина илјади алпинисти од целиот свет секоја година доаѓаат во кампот на Хималаите на височина од околу 5.200 метри по што илјадници од нив продолжуваат да го освојат врвот што се наоѓа на 8.848 метри.
Досега планинарите мораа да носат тешка сателитска опрема до базата за да можат да испраќаат фотографии и податоци, а користење на мобилни телефони било возможно на помали височини.
Преземено од:http://www.time.mk/read/c9de543f47/676b8069b5/index.html