логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 7.Vselenski.sobor

Кога ќе го исчитате „Улис“ на својот мајчин јазик и кога ќе се изнауживате фаќајќи ги финесите кои можат да се уловат со првото читање, не можете а да не сте му бескрајно благодарни на тој што Џојсовите интелигентни јазични играрии, кои го сочинуваат најголемото книжевно дело на 20. и 21. век, ги пресоздал на македонски. Во нашиот случај – таа. Марија Гиревска.

Ја имала среќата како свештеничка ќерка да биде опкружена со теолошка литература, што многу ѝ помогнало при разбирањето и преводот на „Улис“, каде што речиси во секоја втора реченица има некакво упатување кон Светото писмо.

Во пресрет на промоцијата на нејзината книга „Творецот и сотворецот“, чија содржина лесно може да се насети од нејзиниот цртеж на Џојс на корицата, а која е закажана за 5 декември во Друштвото на писателите на Македонија, со Марија во три наврати разговаравме за да го направиме ова интервју. Разговорите беа сè поопширни и подлабоки, и сè поубедителни дека епитетот „огнена“ што ѝ го дава професорот о. Санџакоски во поговорот на книгата, совршено ја опишува жарта во нејзините очи додека зборува за Џојс и за „Улис“.

Да почнеме од почетокот. Како изгледаше почетокот на твојата силна страст, на првата искра – како дојде до тоа да се заљубиш во Џојс, т.е. во „Улис“?

Џојс е комплексен автор кој пишува комплексни дела. Доволно беше тоа што знаев дека станува збор за автор кој се издвојува од канонот на она што го нарекуваме книжевност до неговото појавување. Џојс е фасцинантен во она што го кажува како писател и начинот на кој пишува. И сè уште е енигма… а она што е тајно сакаш да го растајниш и ова особено важи за процесот на пишување на „Финегановото бдеење“. А кога ќе го фатиш „Улис“ во раце и се навлечеш на тие негови јазични каламбури и купишта алузии и таа топла човечност откриваш колку е посебен, неповторлив, истраен, вонвременски… најзначаен автор за цело едно столетие. Мене отсекогаш ме привлекувале комплексно напишани книги, кои не носат со себе само една добро напишана приказна, туку од читателот ги бараат истите напори, истата упорност и издржливост што самиот автор ги вложил при создавањето на својата книга. „Улис“ е создаван цели седум години, тоа не е роман напишан за шест месеци!

И токму со „Улис“ почнав да го читам Џојс. Во прва година на катедрата за Англиски јазик и книжевност, некаде на почетокот од семестарот, зборувајќи за богатата англиска книжевна традиција до 16. век, професорот Зоран Анчевски во една пригода ни рече: „Ех, а замислете кога ќе дојдете во трета година, со автори како Езра Паунд, Т.С. Елиот и Џејмс Џојс!“ Тоа беше тригерот да почнам да ги читам овие автори. Немав трпение да чекам до трета година.


7.Vselenski.sobor

Во библиотеката имаше еден стар примерок од „Улис“, со зелени платнени корици. Ја читав цели три месеци и тоа беше многу возбудливо и впечатливо, на мигови дури и напорно и неразбирливо. Тоа беше зимата 1999/2000-та, пред точно дваесет години. Ете, значи пред дваесет години првпат го држев в раце „Улис“ и првпат го читав Џојс. И од тогаш до денес Џојс сè уште ми е најпривлечен автор. На почетокот ги исчитав сите книги за Џојс што ги поседуваше Британскиот совет, а подоцна почнав сама да ги купувам од Америка или Британија и со нетрпение да чекам да стигне пратката по пошта. Некако пораснав со книгите од и за Џојс. Ме фасцинираше сè околу него, и неговата биографија, и начинот на кој пишува.

Можеш ли да ни опишеш како изгледаше периодот на превод на „Улис“? Како дојде до тоа да фатиш да го преведуваш, колку време го преведуваше и како тогаш ти течеа денот, мислите, животот…?

Преводот на „Улис“ беше дел од владиниот проект „Ѕвездите на светската книжевност“ и ми беше понуден да го работам за КСЦ, денес издавачката куќа „Полица“, по препорака на професорот Драги Михајловски. Во тоа време и не се грижев многу за тоа што ме чека во наредниот период, за напорот што требаше да го вложам бидејќи задоволството надвладуваше сè – ми се исполни најголемата желба дотогаш – „Улис“ да го преведам на македонски. Бидејќи, знаеш, „Улис“ навистина се доживува како жив организам и да бидеш дел од тој организам е привилегија.

На преводот работев збиено од пролетта 2012 година до зимата следната година. Во тој период единствена друга обврска ми беа неколку часа неделно во Македонската православна богословија и на Богословскиот факултет, па студентите беа во тек со сето она што го работев со „Улис“. Сè уште можам да се сетам за секој пасус каде сум седела, дали на терасата во Радишани или внатре во куќата, дали било ден или ноќ, бидејќи деноноќно се преведуваше, дали беше лето или зима, и тоа беше толку тензично, но и толку многу возбудливо. Буквално имаш чувство дека нешто големо пресоздаваш. Имаш и мигови на конфликт кога се бориш со него, со Џојс лично, кога го бараш најдоброто јазично решение, но истовремено така и растеш, учиш, стануваш сè подобра и подобра во овој занает. Џојс е мајстор на зборот и секоја точка или запирка е исто толку важна колку и отсуството на точката и запирката. И човек треба да има чувство за Џојс. Чувство за начинот на кој ја создава реченицата, за она што го премолчува, за она што го навестува.

Спомна дека те изнамачил и веројатно многупати ти дошло да го фрлиш и да речеш „нека се гони“, како што има напишано и Џојс во едно писмо за „Улис“. Каква беше силата што те тераше да истраеш – тоа што веќе си се имала нафатено да го преведеш или нешто друго?

Па веројатно и тоа… тоа чувство на одговорност си доаѓа со сето она што човек ќе се нафати да го работи. Меѓутоа, овде Џојс беше во прашање и знаеш дека ако успееш да се избориш со него и неговиот јазик, ќе постигнеш нешто невообичаено, нешто што дотогаш никој пред тебе не го направил на таков начин по однос на текстот на „Улис“ на македонски јазик. Најголемата школа за преведувачката работа ми беше тоа што ги слушав предавањата на професорот Драги Михајловски, кој ни го пренесуваше принципот на работа според Валтер Бенјамин, со љубов и во детаљ да му пристапиш на преводот. И тоа те држи цело време… па и денес.

Џојс е веројатно најкомплексниот автор на 20. век, за него сè уште се пишува и верувам дека уште многу долго ќе се пишува. 21. век е век на „Финеган“. А да се преведе еден ваков автор и едно вакво дело како „Улис“ на македонски јазик е настан. Наследството што ни го остави професорот Драги Михајловски со преводот на Шекспир е непроценлив дар за нашата култура. Истото треба да го направиме и со Џојс. Да преведеме сè што овој Ирец ѝ остави во наследство на светската книжевност. Барем со преводот имаме една околност која ја нема оригиналот – можеме одново и одново да ги пресоздаваме романите кои одбележаа цели цивилизации и култури на наш разбирлив македонски јазик.

Како го преведуваше? По ред?

Да, по ред. Првото издание беше предвидено да биде објавено во два тома – решив првиот том да ги содржи првите 13 епизоди и да заврши со она Џојсово ѕвоно од камбаната, она „куку“, а вториот том следните 5 епизоди, кои по својата должина се многу подолги од претходните.

Имаше некои делови кога оди тешко, тешко, тешко, па потоа „те чести“ со оддишка и преводот тече додека не дојдеш до нова бариера или цело време беше мачење?

Денес е во голема мера олеснет процесот на преведување затоа што имаш на располагање најразлични ресурси: од аудиокниги до електронски речници и илјадници книги и статии за Џојс. Ги имаш анотациите на „Улис“, имаш однапред обезбедено купишта книги за него, знаеш точно што правел, знаеш хронолошки која епизода кога ја пишувал, низ какви премрежија минувал… тоа, секако, претходно мора да го знаеш, пред да се зафатиш со преводот.

На почетокот најпроблематична ми беше епизодата „Сирени“, особено воведниот дел, составен од испрекинати реченици кои се повторуваат понатаму во текстот од таа епизода. Потоа „Говедата на сонцето“ со сите оние пародии и различни техники и стилови на раскажување. Кога сето тоа помина и стигнав до „Итака“, си реков, конечно ќе здивнам – што има тешко во преведување прашања и одговори?! Е, да де, навидум многу лесна задача, да не е Џојс тој што ги пишува тие прашања и одговори. Нормално, попатно се докажуваш со лектори, па со одредени членови од редакциската комисија. Но, сепак, имав среќа што главен редактор беше академик Митко Маџунков и неговата поддршка и сугестии многу ми помогнаа.

7.Vselenski.sobor

Колку размислуваше на македонскиот читател при преводот, колку се консултираше со колеги, преведувачи, професори, па и со блиски луѓе за тоа што го правиш – дали е читливо, дали е разбирливо, дали е добро?

Уште веднаш, на почетокот, размислував за читателот на „Улис“. Затоа, во „Улис“ има над 3.000 анотирани белешки. Ова беше прва средба на македонскиот читател со романот „Улис“ во форма каква што никогаш досега не била објавена кај нас. Сакав да му помогнам на најобичниот читател, не само на читателот-книжевник, да ги забележи сите нијанси што ги прави оригиналот. Од друга страна, тоа беше и од практична причина, затоа што Џојс секогаш е повеќеслоен и таа повеќеслојност некогаш е потешко, па дури и невозможно, да се пренесе од англиски на македонски јазик без некакво појаснување.

А во врска со консултациите, да, секако, се консултирав со сета литература што ми беше на располагање, со Гавриловиот превод на Светото писмо и на препевите на Шекспир, и секако со Хомеровата „Одисеја“. За сите теолошки, црковни и литургиски алузии ми помогна татко ми, да го обојам теолошки она што Џојс го бои теолошки. Се сеќавам дека ја консултирав и мајка ми за сè што ’рти од земјата, потоа пријатели правници, музиколози, доктори, рибари. Постојат делови во „Улис“ каде што ти е потребна машката перспектива на нештата, како на пример оние парчиња со Блум на плажата. И додека го преведуваш Џојс треба да го чуеш, да го читаш на глас, да чуеш како звучи. Тоа е особено важно и за монологот на Моли. Но и клучот за „Финегановото бдеење“.

Која епизода од „Улис“ ти е најомилена?

„Итака“. Неговата последно напишана епизода, која е во форма на катихизис, прашања и одговори, и тоа ме потсетува на учењето на Црквата, иако тука станува збор за математички катихизис. Колку и да те збунува целиот роман при првото читање, тука имаш едно чудо фактографии за тоа што им се случува на Стивен и на Блум додека паралелно шетаат низ Даблин и тоа прави овој текст да има невообичаена композиција, а епизодата завршува со точка. А има и неколку прашања на кои никогаш не добиваш одговор, како на пример кој е тој Мекинтош, односно човекот во кафениот мантил за дожд, кој се појавува на погребот на Пади Дигнам, каде што покрај 12-те присутни се јавува како 13-ти. Христос? Џојс? Има секакви толкувања. Стилски ми е најоткачена. Чисто како техника на раскажување, не сум чула некој претходно, пред Џојс, да состави текст од прашања и одговори во роман. И самиот Џојс кажал дека му е омилена. Ја нарекол „грдото пајче“, кое, ете, ќе се преобрази во лебед што е „Пенелопа“. „Пенелопа“ е напишана пред „Итака“, меѓутоа е ставена последна, затоа што идејата на Џојс била, како што кажува во едно писмо до Френк Баџен, дека ќе заврши со најпозитивниот збор во човековиот јазик, „да“, и дека „Пенелопа“, односно монологот на Моли Блум, е клучот или ѕвездата, „неопходната лозинка за преминот на Блум во вечноста“.

Од 880 страници, колку што е на македонски „Улис“, имаше ли чувство дека нешто е вишок?

Не, кај Џојс нема вишок. Сето негово творештво е на чудесен начин поврзано и испреплетено и сè упатува на сè, дури и на неговиот личен живот. На „Улис“ работел седум години, а конечниот текст доживеал неколку ревизии и коректури. Има една анегдота за него, Френк Баџен ја раскажува во својата книга за создавањето на „Улис“, кога го прашал Џојс до каде е со романот, а овој му одговорил дека цел ден работел напорно и дека напишал две реченици. Баџен одново го прашал дали го барал „правиот збор“, а Џојс му рекол, „не, ги имам зборовите, она што го барам е совршениот редослед во реченицата“. За Џојс нештата си имаат свој поредок. И колку што тој како писател самиот е строг пред себе, со големи очекувања, толку истото го бара и од читателот. Нели, она неговоно, дека ставил толку многу енигми и загатки во „Улис“ така што професорите ќе треба со векови да расправаат што сакал да каже и дека тоа е единствениот начин да си обезбеди бесмртност.

Има ли интерес за Џојс кај нас? Се чита ли „Улис“? За сите овие години откако е излезен преводот, ти пишуваат ли луѓе, сакаат ли да дискутираат за „Улис“ или за самиот превод?

Промоцијата на преводот одеше можеби бавно и со тешкотии бидејќи, сепак, станува збор за комплексно дело кое бара посебен круг на читатели. Меѓутоа, работите се менуваат, книгата е реиздадена досега трипати, што сметам дека е голем успех за една ваква мала земја како нашата и интересот за „Улис“ секојдневно расте. Со издавачот КСЦ, односно „Полица“ имам одлична соработка. Се надевам дека до 2022 година, на стогодишнината од „Улис“ ќе се преиздаде по четврти пат, едно освежено ревидирано ексклузивно издание.

Радосна сум што ми пишуваат читатели и студенти и дискутираме за Џојс. Ми пишуваат и колекционери на „Улис“ од сите краишта на светот кога ќе разберат дека е преведен на македонски јазик и јас им праќам примероци од нашиот „Улис“. Во 2017 година оставив примерок од „Улис“ во Швајцарската фондација за Џејмс Џојс во Цирих како 41 превод во нивната колекција. Го имам доставено и на универзитетите во Даблин, Трст и Антверпен. Исто така, со колегата од Бразил си ги разменивме нашите преводи на „Улис“. А следната година, околу роденденот на Џојс во февруари ќе го подарам и на новоотворениот музеј на литература на Ирска (MoLI), каде што има постојана изложба на преводите на Џојс од целиот свет и, секако, на универзитетот во Рим, односно во Италијанската фондација за Џојс. Мислам дека „Улис“ може да се најде и во библиотеките низ нашата држава и, секако, на Филолошкиот факултет.

Мислиш ли дека би имало интерес меѓу студентите на Филолошки за курс за Џојс?

О, да. Особено оние студенти кои сакаат да студираат книжевност. Вообичаено е на европските и американските универзитети, на катедрите за книжевност, нели, да се разработува „Улис“ уште во додипломските студии. За жал, кај нас тоа не така. Се надевам дека тој превид ќе се поправи за идните генерации студенти бидејќи да се студира Џојс е исто толку важно колку и Шекспир. Непоимливо е што Џојс сè уште го нема тоа внимание во нашите универзитети. Јас ја користам секоја пригода да ги натерам моите студенти, кои инаку се теолози, да развијат чувство за добра литература и секако да почнат да го читаат Џојс.

Како си го доживуваш преводот денес, шест години по неговото објавување? Дали ти е завршен во главата или постојано го отвораш и размислуваш како може нешто да преработиш, да подобриш?

Јас веќе работам на ревидирање на „Улис“ последниве години. Сега го имам луксузот на времето, без притисокот на неразумните рокови. Нормално е и сосема природно книжевниот превод одвреме-навреме да се освежи, одново да му се пристапи со нови сили и радости. И ова е особено карактеристично за Џојсовите текстови. „Улис“ постојано се преведува и се пре-преведува во светот. Не сум единствена од преведувачите на „Улис“ кои му се враќаат на својот веќе објавен превод. Семинарите за „Улис“ кај професорот Фриц Зен беа особено корисни. Фриц е легенда во џојсовскиот свет и е навистина голема привилегија да се учи од него.

Но, она што е впечатливо е што сите тие средби со преведувачите и истражувачите на Џојс само ми го потврдија впечатокот дека сум имала добри учители по превод и литература, и дека без разлика на тоа што доаѓам од една мала средина, која понекогаш за моите соговорници и не е толку позната земја, сепак, македонскиот јазик и македонската култура, но и мојот вложен труд стојат рамо до рамо со сите други преводи на „Улис“ на полиците од приватните и јавните колекции на Џојсовото творештво. Можеби за некого е предност што пред себе имал веќе преводна традиција на Џојсовите дела, па својот превод го надградил на веќе претходно сработените изданија, како што е случајот со португалскиот, францускиот, германскиот, италијанскиот, холандскиот јазик итн…. Но, ете, и кај нас треба да се почне од некаде. И драго ми е што професорите го препознаа мојот ентузијазам за Џојс и ми ја доверија таа задача, или што би рекол професорот Михајловски, тоа „задавање“.

Можеби во другите земји преведувачите имаат повеќе привилегии, имаат подобри услови за работа и, пред сè, за живот, но тоа не значи дека не треба ние тука посветено и одговорно да работиме на задачите што ќе си ги поставиме.

Кога го почнав преводот пред шест години, татко ми ми ги запиша следниве зборови од св. Фрањо Асишки на вратата од мојата радишанска работна соба: „Почни од она што е потребно, потоа направи го она што е можно, па брзо ќе го направиш и тоа што е невозможно.“

7.Vselenski.sobor

Каков е статусот на еден преведувач на „Улис“ на светските собири и конференции за Џојс? Бидејќи во нашата културна заедница како и да нема некое значење…?

Да, сосема е поинаку. Џојсовската заедница е неверојатно срдечна, лозинката е „Џојс“ и ти си веднаш прифатен од сите, но ако си преведувач, тогаш веќе си на пиедестал. Влегуваш во кругот на избраните.

И, да, се согласувам, како заедница треба да поработиме на статусот на книжевниот преведувач и мислам дека тоа полека се подобрува. Веројатно кога читателот не е свесен за улогата или присуството на преведувачот при средбата со неговиот омилен автор, можеби тоа е најдобриот показател дека преведувачот не е вишок, не е некое страно тело во тој процес на читање. Искусниот читател секогаш го препознава добриот превод. А добриот преведувач ни ги носи сите омилени автори на наш насушен јазик. И неговата улога во рецепцијата на авторот во дадена средина е најважна и најодговорна. И поради тоа таа негова заложба треба да биде почитувана и ценета.

Минатата година на Меѓународниот симпозиум за Џојс актуелна беше темата на преведувачот како автор. Меѓутоа, колку и да е преведувачот автор на преводот не треба тоа авторство да се поистовети со авторството на оригиналот. Навистина, преводот не е копија на оригиналот, по ниту еден основ, од јазик до букви, до смисла, до значење, тоа е еден вид пресоздавање на друг јазик, но пресоздавање на нешто што се нарекува „почеток“. И она во што преведувачот е во предност, да го парафразирам мојот колега Каетано Галиндо од Бразил, е што преводот може бескрајно да го пресоздава оригиналот кој, пак, е создаден само еднаш и засекогаш.

А какво е, пак, чувството да бидеш најмладиот преведувач на Џојс во светот?

Јас, како свештеничка ќерка, го преведов на мои 33 години, што е некоја чудна симболика и совпаѓање. Долго време сметав дека преведувачот од италијански, Енрико Теринони, го превел „Улис“ на помлади години од мене, мислејќи дека сме генерација, а тој го објави преводот во 2012 година, една година пред мене. Но, потоа во разговор со Енрико, сфатив дека јас сум, веројатно, најмладиот преведувач на „Улис“ во светот. „Горд ôд“, би рекол Џојс.

Наскоро ќе биде промоцијата на книгата „Творецот и сотворецот“, која е преработка на твојот магистерски труд на Православниот богословски факултет во Скопје. Посветена е на Џојс и на врската на „Улис“ со теологијата. Што значеше истражувањето на тие теолошки аспекти кај Џојс, оти едно е да се интересираш за нив додека преведуваш, друго е да седнеш и да пишуваш на таа тема?

Да, во право си, иако врската со теологијата постојано се јавува во неговото творештво бидејќи и самиот Џојс бил богослов. Оваа книга ми е досега најдрага бидејќи пишувам за мојот омилен автор и тоа низ призмата на православното богословие. Доминираат старозаветните алузии присутни во романот „Улис“ и влијанието на богословското образование на Џојс врз неговото творештво и особено таа негова љубопитност за православната Литургија додека живеел и пишувал во Трст.

Бидејќи кај нас нема постдокторски студии, решив одново да запишам постдипломски студии и тоа по теологија. Тоа ми беше еден од најубавите студиски периоди досега, имав едно чудесно „блажено“ чувство како кога го преведував „Улис“ – учиш за нешто големо, нешто што го именуваме богословија, слово за Бога, нешто што е трансцедентно а истовремено искусливо.

Ментор ми беше професор Ѓоко Ѓорѓевски, шеф на катедрата за старозаветна егзегеза, а во комисија ми беа професорите о. Стефан Санџакоски и Драги Михајловски. Па така, со оваа магистерска станав прва и досега единствена жена-магистер по православна теологија на Православниот богословски факултет во Македонија.

Следно на ред е „Финегановото бдеење“ или ќе добиеме нешто измеѓу – превод на писмата, песните, драмата, расказите на Џојс?

Веќе почнав да го чепкам 8. поглавје од „Финегановото бдеење“, тоа му е прво напишано и објавено на Џојс и е навидум поедноставно за превод. Овојпат сакав поинаку да му пристапам на преводот, хронолошки. Сè уште работам на преводот на романот „Ада“ од Набоков, но би сакала во иднина повторно да го преведувам Џојс и да преведам сè она што од Џојс сè уште не е преведено кај нас: расказите „Даблинци“ мислам дека добија свој ревидиран превод, „Камерна музика“ и „Портретот на уметникот во младоста“ се, исто така, преведени, и тоа одлично преведени, но остануваат непреведени писмата до Нора, есеите, пиесата, дел од песните, романот „Јунакот Стивен“, расказот што го напишал за внук му Стивен „Мачките од Копенхаген“, кратките прози „Џакомо Џојс“ и „Финовиот хотел“. Имаме уште баеги работа!

 

https://magazin.antoris.mk/marija-girevska-nashiot-prevod-na-ulis-go-ima-vo-najznachajnite-svetski-djojsovski-kolekcii/

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2034
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2555
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная