Павел Лунгин:
“Додека го снимав “Остров“, неочекувано во Петар Мамонов, го видов ликот на Иван Грозни. Во се – во ликот, во однесувањето. Ми се причини дека тие внатрешно многу се слични. Погледнав во историските материјали и запрев на една интересна за филмување историја, на двогодишниот конфликт помеѓу Иван Грозни и митрополит Филип“.
Всушност таа историја ќе биде основата на сижето, додека други познати факти од животот на Иван Грозни ќе бидат изоставени – како убиството на син му и други.
Режисерот смета, дека ќе му биде многу тешко да најде актер за улогата на Московскиот митрополит Филип. “Не секој има капацитет да глуми свет човек. Дури и не сум сигурен дека тоа треба да биде познат актер. Дали да барам помеѓу градските ѕвезди или во провинциските театри. Воопшто, актерот треба да го забележиш неочекувано“, тврди Лунгин. Тој призна, дека ја чувствува поблиска личноста на митрополитот, отколку таа на царот.
“ Го чувствувам многу близок митрополитот, кој се застапи за страдалниот народ – смело, отворено застана против грешноста, како вистински светител“.
преземено од Двери БГ
Превод: М.З.