Националната галерија на Македонија со изложбата на Петар Мазев, покажа дека и кај нас е можно организирање на огромни настани кои привлекуваат огромно внимание на јавноста. Прекрасна вечер за паметење, за која уште долго ќе се зборува.
Изложбата „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ е составена од околу 70 дела работени во разни техники на платно и панел, кои прават пресек на творештвото на Мазев, следејќи го неговиот развој и пат, од самите почетоци на 50-тите години од минатиот век се до неговата смрт во 1993 година.
Делата на изложбата се позајмени од Музејот на современата уметност во Скопје, Заводот и музеј Охрид, Културно-информативниот центар од Скопје, Центарот за култура Антон Панов од Струмица и од голем број приватни колекционери.
Во наредните три месеци посетете го Даут пашиниот амам, и уживајте во оваа ексклузивна изложба посветена на неповторливиот Мазев.
фото: Зоран Шекеров
Извор:http://cooltura.mk/likovna/foto-galerija-otvoranje-na-izlozhbata-petar-mazev-90-godini-od-ragjanje