Расказот на нашиот автор Томислав Османли проследен со пофален уреднички коментар е објавен како на англиски, така и на Ладино, јазикот на Евреите Сефарди.
На својата тројазична насловна страница на француски, англиски и Ладино, глобалниот портал наменет за афирмација на сефардската култура, sefarad.org го истакна прилогот на македонскиот автор Томислав Османли. Станува збор за најновата, двојазична објава на неговиот расказ насловен „Раката на ХеВХаЈ“, дел од наградената прозна збирка „Светилка за Ханука“ чии содржини доживеаа многукратни преводи во странство. Османли е еден од ретките, ако не и единствен македонски автор, чија проза два пати се преведува на Ладино, јудео-шпанскиот говор на сефардските Евреи со чии судбини се занимава книгата на македонскиот автор. Преводот и овој пат е реализиран од белгијанската, г-ѓа Схапоре Бланко. И оваа објава претставува уште едно мериторно признание колку за книжевната уверливост, толку и за историската точност на прозната книга на македонскиот автор.
Инаку, најавата на англиски јазик како и на Ладино, гласи: „Крајно трогателен книжевен прилог од Томислав Османли“. Освен ова, истакнатата преведувачка на јазикот Ладино, најде за сходно на крајот од својот превод на македонскиот расказ да напише и свој коментар кон прозната објава на Томислав Османли.
Извор: Либертас