Песни од Стефан Марковски беа вклучени во антологискиот избор на шпански јазик Tránsito de voces poéticas или Премин на поетските гласови во е-издание на мексиканскиот книжевен портал Revista Primera Página.
transito de voces poeticas intl poetry anthology markovski.png
Во антологијата од меѓународен карактер е застапена поезија од поетски имиња кои припаѓаат на генерации родени меѓу 1955-та и 1994 година од: Полска, Чешка, Романија, Србија, Јапонија, Сирија, Ирак, Ј. Кореа, Кина, Индија, Непал и Тајван.
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата како импулс на бунтот во воените контексти, природата како причинител на сеќавањата и симбол на деавтоматизацијата среде урбаната монотонија, празнината на секојдневието... мотиви кои во корен се накалемуваат на минливоста, а кои секој од застапените поети ги доближува до читателите преку сопствениот глас, искуства и афекции, движејќи го оној воз без крајна одредница наречен срце“ се вели во предговорот кон антологијата.
Препевите на застапените песни беа направени од венецуелската поетеса Мариела Кордеро.
Антологијата е достапна на сајтот на Revista Primera Página: https://primerapaginarevista.com/antologia-internacional/