логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Осветување на антиминси
5.05.2014.

 
Sample Image

 

На 11. 05. 2014 година, во четвртата недела по Воскресението Христово, неделата на Раслабениот, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата ќе се изврши осветување на антиминси. Се повикуваат сите православни христијани молитвено да присуствуваат на овој свет чин.

 

Што е тоа антиминс?

(Значење, историја и примена)

 

Во црковната терминологија антиминс се нарекува едно четириаголно платно, од свила или лен, кое секогаш стои на Светиот Престол во олтарот, а кое е завиткано во илитонот, а се чува под Светото Евангелие. На овој антиминс се служи Божествената Литургија. На него е претставено погребението Христово, со Јосиф и Никодим, и жените мироносици, и четирите евангелисти на четирите агли, а на постарите зачувани антиминси претставен е само крстот Христов, односно распетието. Бидејќи антиминсот е замена за престол, којшто пак го претставува Гробот Христов, затоа на него се претставува погребението Христово.

Името антиминс е грчко-латинска кованица, од зборовите анти – наместо, и менса – трпеза, маса, односно, наместопрестолие, или подвижен престол за служење Литургија.

Во првите векови, кога Црквата била гонета, и Литургијата се служела тајно, (обично врз гробовите или телата на мачениците, во краен случај и врз дланките на ѓаконите или врз градите на епископот) се употребувало платно во кое, при опасност, ги завиткувале светите дарови, и бегале на друго место. Кога христијанството станува легално и слободно, почнуваат да се градат храмови врз гробовите на мачениците, а потоа од оваа пракса се воведува правилото, во секој храм, во светиот престол во олтарот задолжително да се полагаат свети мошти од свети маченици. Бидејќи антиминсот е замена за престол, односно подвижен престол, затоа е воведено и во него задолжително да се полагаат свети мошти од маченици.

Поимот антиминс прв пат се сретнува во житието на преподобниот Маркијан Сиракуски (околу 700 година по Христа) и означува подвижна света трпеза (маса), на која светителот извршувал Божествена Литургија. Околу 9 век во Византија се пренесувал обичај да се употребуваат осветени дрвени табли или платна за извршување на Божествената Литургија во услови кога немало воопшто или не бил канонски осветен светиот престол. Овие табли, кои се користеле како престоли се познати и во праксата на антихалкидоните, кои биле прогонети, и поради тоа принудно извршувале Литургија на скришни места. Во писмото на свети Теодор Студит до Навкратиј се спомнуваат дрвени табли за служење литургија, како и во посланието на автократорите Михаил Втори и Теофил до Карло Лудовик, се спомнуваат дрвени табли на кои има икони, и врз кои служеле литургија. Светиот Никифор патријарх цариградски исповедник (+828) ги нарекува овие табли и платна антиминси. Изгледа овие антиминси нашле широка примена особено во текот на иконоборството. Подоцна во Црквата се употребувале антиминси само од платно.

Од 17 век антиминсот станува задолжителен за секој престол, но можело и без мошти, а подоцна се наредува секој престол да има антиминс, а во антиминсот да има свети мошти.

При осветување на храм се осветуваат и повеќе антиминси (а може и на обична литургија, врз веќе осветен престол, пред почетокот или за време на Литургијата), на кои е претставено погребението Христово, и на кои е наведено на кој датум, каде и од кој епископ е осветен антиминсот, и за која црква е наменет. Тоа е еден вид мандат за секој свештеник за да може канонски да отслужи света Литургија, доказ дека свештеникот има благослов од својот епископ да служи литургија во конкретниот храм.

Антиминсот денес се чува на светиот престол, здиплен под илитонот, и под Светото Евангелие, а се отвора при доаѓањето на архиерејот, и во текот на Литургијата, кога се кажуваат ектениите за огласените. Врз него се извршува Светата Литургија, врз него се подготвуваат честички за причестување на болни, а се затвора на крајот, на последната ектенија, по причестувањето.

При осветувањето на антиминси, се попорскуваат со миризливи материи, вода од трендафилови цветови (розова вода, етерично масло од розови трендафили), или мирисно вино, а се запечатува со свети мошти, намачкани со свето миро и запечатени со воскомастих (материја од восок, мастих-смола, темјан и мириси). По осветувањето на антиминсите тие остануваат во истиот храм уште седум дена, и во тие денови се извршува секојдневно Божествена Литургија.

Бидејќи антиминсот е замена за светиот престол, кон него треба да се однесуваме со голема побожност, не смееме да го оставиме да се валка, да се уништува, и никој освен клирот не смее да го допира. Исто така не смее ни да се пере.

Извор: Повардарска епархија                                                                                                                                    



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная