логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


-
Hristis-i-deca-crno-belo.jpg

    Нашите тинејџери мораат сами да созреат до правата вера. А тоа не значи “во изолација”, туку “од свое сопствено искуство”. Тие треба да израснат во зрели православни личности токму преку таа своја вера дека Православието е вистинито, дека тоа ни покажува кој е Бог и кои сме ние. Исклучиво таквата вера е она што младите може да ги сочува во Православие во текот на младоста и низ целиот нивен  подоцнежен живот. Некои деца сосема природно возраснуваат од детска во зрела вера, без никакви трауми. Но, не треба да не чуди што тоа возраснување за многу не е воопшто лесно, бидејќи изискува длабоко преиспитување и повторна процена на нивната вера која ја имале како деца. Сведоци сме дека многумина, сега веќе побожни Православци дошле до својата цврста вера после извесен период на живот надвор од Православието, а понекогаш и после отпаѓањето од Црквата.
    Тоа преиспитување на верата од детството може да биде здрав чекор во духовниот развој, иако за последица може да го има извесното одалечување од Црквата. Таквата личност може да се врати во Црква со многу продлабочено разбирање на верата или пак подобро подготвена да се спротистави на сите, отворени и прикриени напади на верата и начинот на живот кој верата го подразбира. Покрај тоа што секогаш мораат да бидат подготвени со децата да разговараат за верата, родителите-за време на тинејџерските години на своите деца-мораат да поминат низ период на грижа, молитва, чекање, попуштање и трпеливо стоење во сенка.  Погрешно би било да се мисли дека светите мајки на христијанските светители од црковниот календар секогаш биле сосема сигурни во поглед на своите деца. Меѓутоа, она што тие житија ни го покажуваат е дека родителските молитви за децата можат да бидат ептен делотворни.
    Најдобрата заштита која што можеме да ја им ја пружиме на наште деца е да им овозможиме да ја доживеат топлината на христијанската љубов во родителскиот дом и меѓу другите христијани од Црква. Дозволете свети луѓе да го прекрстуваат вашето дете, им говори на родителите Свети Јован Златоуст, кој го кажува и следното; Постои и друг начин да го сочувате моралот на детето (а ние додаваме “и неговата вера”)-дозволете му што почесто да се гледа со свештеник и да прима илјада зборови на пофалба  и таткото на детето да покажува колку  е (поради тоа)  возрадуван за своето дете. Добар однос со свештеникот-духовник, исто така, значи дека детето нема да се колеба да му ги исповеда своите сомнежи и свите прашања. Возрасните во Црквата секогаш мораат да бидат подготвени да ги сослушаат децата на другите Христијани со љубов.
    Понекогаш може да се случи срцето на младиот човек да се отклони од Бога не затоа што е измачувано со некаков метафизички сомнеж, туку затоа што одвнатре започнува да го опфаќа некоја чудна оладеност кон Христијанството: на тинејџерите им станува досадно во Црква, повеќе не се молат на Бога, во нив се јавува некој внатрешен отпор веднаш штом се спомене што било  што има врска со духовноста и слично на тоа. Тоа претставува посериозна состојба од состојбата на детето кое сака да оди во Црква или да посетува манастири, а на кое притоа му е потребна поголема слобода во облекувањето и повеќе забава. Во вториот случај родителите треба да допуштат на своето дете да доживее многу работи  со релативно мал ризик, обично неспоредливо помал отколку да не им дозволат да го доживеат тоа. Меѓутоа во првиот случај нема едноставно решение. Треба да се молиме, да разговараме со својот брачен другар, да се советуваме со нашиот духовник. Дали исправното решение е да најдеме начин на детето да му дадеме повеќе слобода и повеќе можности за забава? Дали решението е во поотворен разговор со децата или поголемо искажување на љубов кон децата? Дали треба повеќе да им објаснуваме за нештата кои имаат врска со Црквата? (Дали сме подготвени да им дадеме такво објаснување?). Дали решението е можеби во тоа помалку да им објаснуваме? Дали решението е во тоа да им дозволиме поретко да доаѓаат во Црква? Треба да се молиме на Бога кои ги познава човечките срца и потребите и субината не секое од Неговите деца.
    Треба да ги учиме децата во моменти на сомнеж или недоумици, отворено и искрено да се молат на Бога, со овие зборови: “Господи, покажи ми ја вистината!”. Таквата молитва е поуспешна отколку сета христијанска апологетика. Бидејќи, доколку некој во себе нема отвореност за трагање по вистината, тој едноствано ќе биде глув за сѐ што му зборува апологетиката. Од друга страна, една рационална одбрана на Христијнството од страна на оној на кога детето му верува може навистина да биде од голема полза за детето. Христијаните кои работат со млади луѓе мораат да ги познаваат основите на христијанската апологетика. (Секој свештеник ќе им препоарача на родителите прави четива за христијанската вера, а особено за Православната Црква).
    Постојат два вида сомнеж кои ги мачат тинејџерите во врска со Христијанството. Едни деца ќе поставуваат прашања затоа што сакаат да го негираат Христијанството, а другите затоа што би сакале да бидат Христијани, но сеуште се двоумат затоа што чуле други како го напаѓаат Христијанството или затоа што размислуваат за тие напади.  Прашањето од типот: Како да знам дека Правослвието е вистинската вера? –можат да го постават и едните и другите деца. Има деца кои се свесни дека сомнежот е искушение, но таквите деца родителите треба да ги поттикнуваат уште повеќе да учат за верата, како и за тоа како православното Христијанство го издржало тестот на историјата. И во овој како и во многу други случаи, врзани за христијанското воспитание, секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи.


Извадок од книгата: Васпитајте своје дете од с. Магдалена.
 Подготви: М. Б.

Друго:

 https://www.google.com/search?q=%D0%A1%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0+%D0%9C%D0%B0%D0%B3%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0&sitesearch=preminportal.com.mk



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3111
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7568
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

05/11/2024 - вторник

Св.ап.Јаков брат Господов; Игнатиј Цариградски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов великомаченик АРЕТА 24 октомври / 6 ноември 2024

Тропар на св. Христов великомаченик АРЕТА 24 октомври / 6 ноември 2024

Блажен си ти Арето, верен слуга на Бога Живиот, кому Спасителот Му подари разум за умудрување на мнозина,  со дела достојни...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная