логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 hra.sv.Ilija.jpg

 Професор Јован Фундулис

Божествената Литургија од аспект на свештенодејствието

1. Во Божествената Литургија се забележува, особено осмислена и чудесна во својот првобитен зачеток и понатамошен низ вековите развој, наизменичност на улоги. Факторите се главно три: свештеникот, ѓаконот, народот. Се работи за три улоги кои јасно се разликуваат, и за кои би било идеално да не се мешаат. Свештеникот е оној кој се моли и свештенодејствува. Ѓаконот е посредник помеѓу свештеникот и народот и претставува еден вид шеф на протокол и во двете насоки, бидејќи го определува и насочува ставот, темата на молитвата, како и тоа што треба да направи или да каже свештеникот. Народот учествува слушајќи и гледајќи, и одговара на прозбите за молитва, возвраќа на молитвите, пее или возгласува според одредбите на литургискиот поредок. Првобитно не било замисливо, ниту свештеникот да извршува ѓаконски должности, ниту народот да учествува во свештенодејствието преку еден вид на претставник, односно преку псалт. Околностите и потребите што произлегле подоцна, намалувањето на ревноста, развојот на црковната химнографија и музика, нискиот степен на образовно ниво на народот, како и други фактори, довеле до денешната реалност. Во краен, но многу вообичаен, случај Литургијата дојде до таму да биде работа на еден свештеник и еден псалт. Ѓакон нема, а народот пасивно „следи“. Наша цел треба да биде враќањето на правилното предание и во однос на ова. Значи, свештеникот да сослужува со ѓакон, а народот активно да учествува во одвивањето на богослужението. Искрено, првото е потешко изводливо. Лошото е во тоа што не е тешко, туку ние толку многу сме се усогласиле со околностите на нужност, така што сме престанале да се стремиме кон тоа и да го негуваме како идеално, дури и кога поминале околностите на нужност. Ѓаконскиот чин е во опасност да стане формален, а очајно највообичаена пракса е свештениците да стануваат набрзина свештеници, останувајќи во ѓаконскиот чин неколку денови или дури и неколку часови. Повеќето Литургии денес се служат без учество на ѓакон, токму затоа што нема ѓакони. Ерменската Црква во однос на ова била поинвентивна. Ја сочувала улогата на ѓаконот во богослужението проширувајќи ги литургиските компетенции на ипоѓаконот. Така, недостатокот од ѓакон не е осетно, а свештеникот не останал сам да ја служи Литургијата, натоварен и со она што му припаѓа на ѓаконот.

Но во секој случај, улогата на ѓаконот, кога нема ѓакон, ја презема свештеникот. Тој го кажува и она што му припаѓа на ѓаконот, но само она што се однесува кон народот, а не она што се однесува кон свештеникот. Значи, свештеникот ги кажува ектениите, повиците кон народот („Да внимаваме“, „Премудрост. Смерно да стоиме“, „Да стоиме добро“, итн.), но не ги кажува оние повици кои се упатени кон свештеникот („Благослови, владико“, „Повели...“, „Исполни...“, „Раздроби...“ итн.). Се разбира дека тоа е нелогично, но понекогаш поради брзање или поради незнаење се случува и тоа.

Сега да видиме во однос на вториот фактор, односно народот. Веќе зборувавме за потребата од повторно оживување на учеството на народот во Литургијата, за да се избегне неговата изолираност и пасивно „следење“ на она што други го говорат и извршуваат. Посакуваното учество на народот во пеењето е тешка работа, а особено на вечерната и утрената богослужба. Меѓутоа, Божествената Литургија го сочувала своето првобитно асматичко – парохиско предание, а песнопенијата се и содржински и мелодиски едноставни. Доколку се изземат херувимската песна и причасниот, другите делови од Литургијата се кратки одговори на ѓаконските или свештеничките повици („Амин“, „Господи помилуј“, „Подај Господи“, „И со духом твоим“, „Имами ко Господу“, „Един Свјат...“ итн.) или едноставни припеви („Молитвами Богородици...“, „Спаси ни...“, „Свјатиј Боже...“) или лесни тропари, кои најчесто се повторуваат и се познати (отпустителни тропари, кондаци, „Достојно ест...“, „Видјехом свјет...“ итн.). На добриот и активен свештеник му припаѓа делото за охрабрување на народот да учествува во пеењето, а секогаш во соработка и под раководство на псалтите.

2. На празници или во други случаи не служи само еден свештеник (и еден ѓакон), туку повеќе свештеници. Тоа е таканареченото „свештеничко сослужување“. Учеството на многу свештеници навистина го прави поторжествено служењето на Литургијата, и подобро ја изразува колегијалноста на свештеничкото служење. Меѓутоа, мислам дека умножувањето на свештеници сослужители, освен практичните тешкотии што ги предизвикува и безпричинското оддолжување на свештенодејствието, престанува да ја изразува таа благочестива колегијалност, затоа што го претвара литургиското служење во световна претстава, која што се труди да остави впечаток со мноштвото неми личности кои само формално учествуваат. Тројца свештеници се логична бројка. Пет се веќе премногу.

При сослужувањата добро е да се води грижа барем за истата боја на одеждите. Разнобојноста ја нарушува литургиската хармонија и обично има лош естетски резултат. Претстојател на сослужувањето е еден. По правило нему му припаѓаат благословувањата и главните возгласи. По примерот на архиерејските сослужувања, добро е благословувањата да се делат помеѓу сослужителите, но главните да ги дава првиот („Благодатта на нашиот Господ Исус Христос...“, „И да бидат милостите...“, отпустот).

Исто така да забележиме дека при сослужувањето свештениците сочинуваат хор (трет хор) и учествуваат во пеењето, пеејќи го она што е предвидено според поредокот на сослужувањето, а тоа е: входното, првиот тропар по входот, кондакот, и третото и петтото Свјати Боже. Кога служи еден свештеник, тогаш не пее ништо од ова.

3. Ѓаконските и свештеничките возгласи не се тропари за да се пеат. Тие се повици за молитва или славословни завршетоци на молитви, кои секогаш, според преданието, се изговараат мелодично, но не се пеат како химните, а уште помалку претставуваат шанса за истакнување на убавиот глас или на музичките постигнувања. Возгласите се изговараат сериозно и едноставно, како што ѝ доликува на свештеничката и ѓаконската служба и како што налага етосот на богослужението. Литургијата не е долго богослужение, туку се движи во логични рамки. Потребно е не само псалтите да не скршнуваат со развлечено пеење, туку и свештеиците и ѓаконите да не даваат лош пример, мислејќи дека развлеченото возгласување е пријатно и торжествено. На Света Гора најторжествените свештенички сослужувања, без никакво кратење и со пеење на изобразителните псалми и блаженствата, не траат повеќе од час и половина, затоа што ритамот на возгласите е брз и жив.

4. Божествената Литургија, како и сите Свети Тајни и свештенодејствија на Црквата, се состои од еден редослед на делови, кои што се меѓусебно органски и нераскинливо поврзани, и тоа претставува вистинско „последование“. Тие делови се следниве: ѓаконските повици кои воведуваат во свештеничките молитви, одговорите и пеењата на народот, читањата и свештенодејствијата. Невозможно е да се замислат испуштања, предвремени читања или преместувања, заради наводно добивање во време или поради лоши навики и наше лично претпочитање. Ќе наведам некои примери без коментирање. Некои од нив дури дојдоа до тој степен да се сметаат како „предание“ и како сосема нормални.

Еве некои примери на литургиски неред, кои што се речиси востановени: Кажувањето на молитвата на входот во текот на одењето, а не во средината на храмот, како што треба според поредокот. Кадењето и кажувањето на молитвата пред Евангелието за време на читањето на Апостолот, а не за време на пеењето Алилуиа, како што е правилно. Испуштањето на сугубата ектенија, ектенијата и молитвата за огласените и двете молитви на верните, или нивното тајно читање за време на пеењето на тропарите, трисветата песна, Апостолот или херувимската песна. Кога свештеникот ги чита молитвите пред причест и благодарствените после причест за време на пеењето на причасниот. Читањето на молитвата „по причестувањето на сите“ пред причестувањето на верниците. Држење на проповед во времето на причасниот, а не после Евангелието, како што треба според преданието и според логиката. И други слични ситуации.

Рековме дека Литургијата има совршено изградена структура. Наизменичноста на составните делови е направена премудро. Ѓаконските повици се вовед во молитвите, а молитвите се заклучуваат со славословен завршеток. Читањата, проповедта и различните литургиски дејствија се наоѓаат во тесна меѓусебна врска. Претходното е подготовка и вовед за следното, а второто го претпоставува првото. Тоа не се самостојни и независни елементи кои што може произволно да се преместуваат без непосредни последици во движењето на Литургијата.

5. Божествената Литургија започнува со воведно псалмопеење. Станува збор за трите антифони, според образецот на архаичното асматско – парохиско псалмопеење, кое се сочувало во Литургијата и покрај преовладувањето на монашкиот типик. Вовед на секој антифон е ѓаконска ектенија (комплетна при првиот), мали ектении при другите два, свештеничка молитва и возглас. Потоа следи псалм, првобитно цел, а подоцна три или четири стиха од псалмот со припеви: за првиот антифон „Молитвами Богородици...“, за вториот „Спаси ни Сине Божиј...“, а за третиот е отпустителниот тропар. Статичните псалми се познатите: 91. („Благо ест исповедатисја...“), 92. („Господ возарисја...“) и 94. („Приидите возрадуемсја Господеви...“), од кој што произлегува општото входно пеење „Приидите поклонимсја...“ (стих. 6). На Господовите и Богородичните празници се предвидени други псалми, соодветни на празникот.

Служењето на Литургијата споено со утрената богослужба, монополот на пеењето од страна на псалтите, непознавањето на важноста на овој дел од Литургијата и лажно новата тенденција за одбегнување на наводни повторувања, довеле до искорнување на антифоните, пеење само на припевите (а хоровите со европско пеење ги пеат само еднаш или два пати) или избор на стихови од изобразителните псалми спротивно на древниот поредок и на секоја логика. На тој начин ова народно псалмопеење ослабнало и се потценило. Обидете се да го сочувате и да го надградите.

Типикот, под влијание на монашката пракса, предвидува во Неделите да се пеат изобразителните псалми и блаженствата. Генерално, освен со некои исклучоци, ова не се исполнува по парохиите. Во секој случај, добро е изобразителните псалми и блаженствата да се пеат понекогаш заради промена. Доволно е само хоровите да го познаваат правилниот начин на нивното пеење и да биде предвидено Литургијата да почне малку порано за да не се предизвика одолговлекување. Поврзувањето на стиховите на блаженствата со тропарите од третата и шестата песна на светителските празници не е толку едноставно. Затоа е потребна извесна подготовка.

6. Библиските читања на Литургијата се две, Апостол и Евангелие. Апостолот го чита чтецот, а Евангелието го чита ѓаконот од амвонот. Кога нема ѓакон, тогаш Евангелието го чита свештеникот од пред царските двери. Во сите други случаеви, Свети Тајни и останати свештенодејствија, Евангелието го чита свештеникот. Причината поради која ѓаконот го чита Евангелието на Литургија веројатно треба да се бара во големината на собранието, при што се наметнува потребата истото да биде прочитано од страна на помлад и громогласен човек. Меѓутоа, како и да е, одговорноста за читањето ја има свештеникот. Мелодичното читање не е пеење. Не треба да ја покрива и затемнува смислата, туку да ја презентира, правилно нагласувајќи ги зборовите и правејќи го читањето повпечатливо и приемчиво за слушање. Истото важи и за апостолското читање. Рековме дека одговорноста му припаѓа исклучиво на свештеникот, кој што треба да се погрижи да најде соодветен човек за читање и систематски да го подготвува.

7. После читањата следи проповедта. Тоа е нејзиното преданиско место, сè до неодамна, кога започна да се пренесува во времето на причасниот, и таа пракса многу се рашири. Причините кои се наведуваат за оправдување на оваа пракса се следниве: прво, за избегнување на одолговлекување на времетрањето на собранието, така што се искористува тоа „мртво време“ на причасниот (додека се причестуваат свештенослужителите), и второ, затоа што тогаш се присутни повеќе луѓе отколку после Евангелието. Првиот аргумент е слаб по природа, затоа што една проповед со разумно времетрање од петнаесет минути не го оддолжува времетраењето на собранието, доколку се води сметка  ритамот на свештенодејствието, односно на ѓаконските ектении, возгласите и пеењата да се движи во правилни рамки. Меѓу другото, причасниот не е литургиски елемент кој треба да биде потценет. Тоа е време за причестување на свештенослужителите и за подготовка и сконцентрирање на оние кои ќе пристапат кон Светата Причест. Проповедта на тоа место не само што не можат да ја следат како што треба свештенослужителите, туку го расејува и вниманието на народот, концентрирајќи ја неговата мисла на други разновидни благочестиви теми, а не на „единствената тема“, а тоа е причестувањето. А што се однесува до присуството на поголем број верници, не ќе имаше никој што да приговори доколку целата мисла не беше богословски погрешна, затоа што дава приоритет не на Светата Тајна, туку на поучувањето. Времето на проповедта е веднаш по читањата, кои што истата ги толкува. Така направил и Господ во Назаретската синагога (Лука. 4, 16-27). Така правеле апостолите и отците и учителите на Црквата. Значи, тоа го налага преданието, но и структурата на Литургијата.Претходи поучувањето (читањата и проповедта), а следи свештенодејствието на Светата Тајна. Дидактичкиот дел е подготовка за Светата Тајна.

8. Лошо е што во грчките парохиски цркви (но за среќа не и во манастирите) завладеала праксата на испуштање на сугубата ектенија, ектенијата и молитвата за огласените и двете молитви на верните. Сугубата ектенија е прекрасен систем на прозби за сите редови и потреби на Црквата, на што може да се додадат имиња на живи или упокоени, болни и други верници кои се во неволја, како што тоа се правело порано, а и сега се прави во словенските Цркви и во манастирите. Прозбите за огласените, иако тие не се присутни, ги потсетуваат верните на потребата од молитва не само за себеси или само за верните, туку и за огласените во христијанската вера, кои што ги има многу во светот, и ги потсетува на содејство во мисионерското дело на Црквата. А двете молитви на верните, со двете мали ектении како вовед, го сочинуваат преминот од првиот дел на Литургијата (Литургија на словото или дидактички дел, кои погрешно се нарекува „Литургија на огласените“) во светотаинскиот дел, односно во совршувањето на Божествената Евхаристија (Литургија на Тајната, што погрешно некои ја нарекуваат „Литургија на верните“).

Изговорот дека сугубата ектенија, ектенијата и молитвата за огласените и двете молитви на верните не се испуштаат, туку се кажуваат „тајно“ заради добивање во време, е крајно неоправдан. Впрочем, неприфатливо е нивното тајно изговарање, затоа што се тоа повици за молитва упатени кон народот. А нивното пренесување во друг момент од Литургијата (за време на тропарите, трисветата песна, Апостолот или херувимската песна) претставува целосно извртување на текот на целото свештенодејствие.

9. Во некои места за време на великиот вход спомнуваат имиња и др. На други места се кажува само резимираното „Сите вас да ве спомене Господ Бог...“. Поправилно е второво. Свештеникот ги има спомнато имињата на живите и упокоените на проскомидијата. Би можел да ги вметне и во сугубата ектенија, како што правеа старите свештеници, но се разбира без претерувања. Спомнувањето за време на великиот вход произлегло по влијание на архиерејската Литургија. Тогаш архиерејот ги дополнува своите диптиси и се моли за сите. Со општата молитва „Сите вас...“ се избегнуваат и грешките, претерувањата и недоразбирањата.

10. Причасниот е песна која има за цел да ги подготви верните за причестување и да го покрие времето кое е потребно за подготвување на Причеста (подигнување, раздробување, соединување, теплота) и за причестување на свештенослужителите. Првобитно таа песна го покривала и причестувањето на народот. Непристапувањето на верните кон Причеста, односно реткото причестување било причина за заборавање на првобитната намена на причасниот, а тоа е покривање на потребното време за причестување не само на свештенослужителите,туку и на народот.

Рековме дека не е правилно за време на причасниот да се држи проповед, ниту да се пеат некои други псалми и тропари. Исто така не е правилно наместо причасниот да се читаат молитвите пред причестување. Тие се индивидуални – лични молитви кои се кажуваат пред Литургијата, а благодарствените молитви се кажуваат после отпустот на Литургијата.

11. Причестувањето на верните се извршува веднаш по повикот „Со страв Божји...“, а пред благословот „Спаси го Боже Твојот народ...“, без разлика на тоа колкав е бројот на верните што се причестуваат. Верните секогаш ги причестува свештеникот (доколку е сослужување, тогаш првиот свештеник), потпомогнат од своите сослужители во случај на многубројност на причесниците. Тогаш се употребуваат повеќе од еден путир. Ако сослужува ѓакон, тогаш тој стои и му помага на свештеникот кој причестува. Причестувањето е врвната точка на свештенодејствието. Не се преместува на крајот од Литургијата како нешто споредно, ниту му се предава на ѓаконот, ниту се извршува со истовремено продолжување на останатиот дел од Литургијата. Подобро е, доколку некој се брза, да си замине, отколку да се прават сите тие неприфатливи и неблагочестиви преместувања или да се применуваат тие лоши „по икономија решенија“.

12. Делењето на нафората е работа на свештенослужителот, а не на клисарот или на децата кои прислужуваат во олтарот или на одборниците. Добро е за време на делењето на нафората псалтите да пеат песни или псалми за да се покрива буката што ја создава движењето на верниците, и да се нагласи свештеноста на местото и на пристапувањето за земање на отпустителниот благослов. Соодветни песнопенија се катавасиите и 33. или 144. Псалм, кои што се древни причасни и кои до ден денес се читаат при делењето нафора на Преждеосвештените Литургии. Може да се пеат и полиелеите или празничните избрани псалми.

13. и 14. На крај сакам на кратко да се осврнам на две теми. И за двете во последно време се дискутира и кажани се и напишани многу работи. Се работи за следниве дискутабилни теми: начинот на читање на молитвите на Литургијата („тајно“ или „возгласно“), и коленичењето или неколеничењето при осветувањето на чесните дарови.

Во однос на првата тема имам впечаток дека се наоѓаме во еден преоден период и добро е со ова прашање да се соочуваме мудро и умерено. Според древното предание, молитвите на Литургијата свештенослужителите ги читале „за да ги слушне“ народот. Изразот „возгласно“ е неумесен во овој случај, затоа што ги побркува работите. „Возгласно“, односно мелодично, се изговараат завршетоците на молитвите и некои молитви, како што е прологот на Богојавленскиот и Крштенскиот водосвет. Изразот „за да слушне“ означува читање кое се извршува на начин на кој зборовите од молитвата можат да ги слушнат верниците кои се присутни на Светата Тајна. Само на тој начин тие би можеле да разберат што се кажува и да земат учество во прозбите, молитвите и благодарењето, одговарајќи со „Амин“, според апостолската повелба (1. Кор. 14, 16). Историски, или поточно технички, причини ја довеле нашата литургиска пракса до „тајно“ читање на молитвите, односно да не може да ги слушне богослужбената заедница. Така, Литургијата дошла до тоа да биде редица на ѓаконски повици за молитва и славословни свештенички возгласи, кои ги заклучуваат молитвите, чија што содржина останува непозната за народот. Во поново време, почнувајќи од преродбеничкото движење на Коливарите, е направен обид за враќање кон древниот поредок за читање на молитвите така што да може народот да ги слушне. Но ова предизвика силни реакции. За среќа, ова прашање останува „отворено“ и е предмет на разгледување, како што нагласи нашиот Вселенски патријарх. Сега за сега, мислам дека разумна тактика е молитвите да се читаат точно пред возгласите кои што им припаѓаат. Да се читаат без никакво преместување и без брзање, како што му доликува на богослужбениот поредок. Да не се обидува псалтот да го покрие свештеникот и да не зависи читањето на молитвата од покривањето или непокривањето на псалтот. Не е возможно ниту со едно „Достојно и праведно“ да се покрие прологот на молитвата на анафората, ниту со едно „Тебје Господи“ да се покрие молитвата на главоприклонението. Во овие, и во други слични, случаеви повишете го тонот на вашиот глас за да не се создава празен простор. Никогаш не ги изоставајте, никогаш не ги претрчувајте, никогаш не ги поминувајте „со окото“ молитвите, и никогаш не ги преместувајте. Тоа е голема неблагочестивост и голем неред.

Во врска со прашањето за коленоприклонението, на кратко резимирам дека е погрешно тоа што во последно време се негува во нашиот народ ставот на коленоприклона молитва при осветувањето на чесните дарови. Во знак на Воскресението,  во недела е забрането коленичењето. Неодржлив е обидот за оправдување дека наводно тоа не е коленичење заради молитва, туку заради благочестивост. Прво, затоа што се работи за молитва („Ти се молиме и просиме“), а второ, затоа што нашата благочестивост треба да се движи во рамки определени од преданието, инаку претставува гордост и неблагочестивост. Богослужбениот поредок, односно преданието, при осветувањето на даровите го познава стоечкиот благочестив став, кој што се определува и од ѓаконскиот повик („Да стоиме добро...“). Божествената Литургија е пасхална, радосна Света Тајна.

Коленоприклонението е став на покајание и жал, и е став на слуги. Стоечкиот став е став на слободните во Христа, и го изобразува Господовото воскресение и нашето воскресение и нашиот став во благословениот свет на Царството Божјо. Затоа не само не неделната, туку и на секоја Литургија се бара стоечки став. Така поучуваат Отците, а тоа го бара преданието на Црквата. Можеме да го толерираме коленичењето на благочестиви луѓе, но не можеме да поучуваме дека треба да се коленичи при осветувањето на чесните дарови, затоа што тоа не е согласно со нашето православно предание, со светоотечкото учење и со вековниот поредок на Црквата.

Извор: Скопска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная