логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

Zvonko.sv.Vasa10


Историјат на празникот

Историјатот на Воведението на Пресвета Богородица во храмот, изложен во црковните песни и канони, претставува предание кое е светоотечки проверено и прифатено од сите православни Цркви. Ова предание започнало да се запишува уште во II век во апокрифните евангелија, а веќе во IV и V век тоа станало познато низ целиот христијански свет. Отците на Црквата Божја веројатно користеле два апокрифи, но податоците што од таму се извлечени се толку прецизни, така што историските детали кои ги наведуваат не оставаат никаков сомнеж во нивната безусловна потврденост.

Празникот Воведение на Пресвета Богородица (21 ноември / 04 декември) започнал да се слави подоцна, а тоа може да се види од спомениците, кадешто тој се спомнува дури во VIII век. Така, наведен е во Синајското празнично Евангелие напишано со златни букви, кое на Синајскиот манастир му го подарил царот Теодосиј III (715 – 717), и во кое се наоѓаат Евангелијата на 12 – те Големи празници и на уште 11 денови од годината. Понатаму, овој празник се спомнува и во повеќе грчки месецослови од IX век – период кога овој празник почнува да се слави насекаде. Но иако се спомнува во месецословите, тој го нема обележјето на голем празник, туку само на обичен спомен. Така на пример, во Синајскиот канонар од IX - X век празникот Воведение нема прокимени, ниту паримии, туку е означен единствено со зборовите: „Спомен на Пресвета Богородица, кога таа беше донесена во храмот Божји на три години“. Во Типикот на Цариградската Црква, пак, за овој ден нема никаква служба, а само зборовите: „Собор на Пресвета Богородица, кога таа на три години беше предадена во храмот Божји од страна на своите родители“. Целосното празнично богослужение, кое е слично на денешното, го имаме дури во Евергетидскиот Типик од XI век. Во указот на царот Манојло Комнен од XII век, празникот се споменува меѓу деновите кога не се суди.

Интересен е податокот дека на Запад овој празник започнал да се слави во XIV век, според сведочењето на пратеникот на Кипарскиот крал Лусигнан, кој на папата Гргур XI му раскажал дека на Исток Воведение се слави многу свечено, а притоа му ја предал и службата на празникот.

Црковните песни и химни за празникот Воведение ги пишувале повеќе автори и тоа: Георгиј, митрополит Никомидиски во IX век, Лав Вардалис, министер на византискиот царски двор во XIV век, Сергиј Агиополит во IX век, Василиј Пагариот, архиепископ Касариски во X век и Јосиф Химнограф. Овие автори историјата на Воведение ја поврзуваат со библиските пророштва на Стариот Завет и во своите песни се задржуваат само на најглавните моменти од настанот. Воведение има еден ден предпразненство и три дена попразненство. Типикот пропишува на овој ден, за прв пат во текот на Божикниот пост, да се јаде риба.

Zvonko.sv.Vasa10



Литургиското значење на празникот „Воведение на Пресвета Богородица“


Литургиската символика ни покажува дека врз Богородица се исполниле сите претскажувања на пророците и дека таа со своето влегување во ерусалимската Светиња на Светињите осветила сѐ, облагодатувајќи и обожувајќи ја паднатата природа на земните. Нејзиниот живот во храмот, живот во молитва и подвиг на трудољубие, го исполнил со благодат нејзиниот дух, кој сѐ повеќе и повеќе растел во љубовта кон Бога, умножувајќи ги во себе и даровите на Светиот Дух. Воведувањето било почеток на нејзиното вечнодевствено Невестинство, кое било причина за таа да стане Храм на Бога Словото. Самото богослужение, односно содржината на тропарите и песните, не само што нѐ воведуваат во секогаш благодатното и реално доживување на собитието, туку и нѐ учат да ја прославуваме Богородица и топло да ѝ се молиме. Таа бидејќи преисполнета со благодатта на Светиот Дух, секогаш ги просветлува оние кои ѝ се обраќаат и им дава сили да живеат свет живот, успокојувајќи ги и заштитувајќи ги од секакви зла.

Но, празникот Воведение истакнува една особено важна порака: пораката на воспитувањето. И како што Дева Марија била воведена во храмот за на Бога Севишниот да Му служи и да се воспита и украси со смирение, трудољубие, кротост, со различните добродетели и силата на молитвата, така и ние треба да притекнеме во храмот Господов, во подножјето на нозете Господови и слушајќи Го Словото Божјо, да се воспитаме во дух и вистина, во совршена праведност и секаква добродетел, во послушност на волјата Божја, во ненадминлива радост и пожртвувана љубов.

Затоа нека овој светол и радосен празник, кој така силно ги трогнува нашите души, нѐ поттикне да побрзаме да Ја прославиме Пречистата Богородица, чијашто мајчинска љубов ги буди и воведува нашите срца во Светињата на Светињите, во најблагословената одаја на преисполнетиот од благодатта на Светиот Дух дом Божји, во сигурните и топли прегратки на Отецот Небесен, во неземната и надумна љубов на срцето на нашиот Господ Исус Христос. И откако тука ќе притекнеме, духовно ќе ја видиме и силно ќе ја почувствуваме прегратката на нашиот Бог, Кој приготвил богата трпеза на сеопростувачката и милосрдна татковска љубов. Таа нека нѐ воспитува, нека нѐ закрилува, нека нѐ утешува во маките и ни ги брише солзите на страданијата... по молитвите на Пречистата Божја Мајка, чиешто Воведување во храмот на Светињата на Светињите денес го славиме, сега, секогаш и во сите векови. Амин.

Извор: Бигорски манастир

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная