логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

УТРЕНА



По Шестопсалмие: Алилуја: глас 8, и тропарот (3-пати).


Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, но разбуди се, викајќи: Свет, Свет, Свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нѐ.



По прво стихослови седален, глас 3.
Подобен: На убавината на твоето девство:


Блудницата пристапи кон Тебе, излевајќи миро со солзи врз нозете Твои, Човекољупче, и од смрдеата на злото се избавува со заповедта Твоја. А ученикот неблагодарен, дишејќи ја Твојата благодат, ја отфрла неа и во смрдеа се облекува, од среброљубие продавајќи Те Тебе. Слава му, Христе, на Твоето милосрдие.


Слава, и сега: исто.


По второ стихословие седален, глас 4.
Подобен: Јосиф се зачуди:

Измамникот Јуда, поттикнат од среброљубие, размислуваше како, со лага, да Те предаде, Господи, Ризницо на животот. Затоа, во своето пијанство, трча при Јудеите и на беззакониците им вели: Што сакате да ми дадете, и јас ќе ви Го предадам, за да Го распнете?


Слава, и сега: исто.

По трето стихословие седален, глас 1.
Подобен: Гробот Твој:


Блудницата во плач викаше, Штедре, бришејќи ги нозете Твои со косата од главата своја, и од длабочината на срцето Ти велеше: Не отфрлај ме, Боже мој, и не презирај ме, но мене која се каам прими ме и, како Човекољубец, спаси ме.

Слава, и сега: исто. Евангелие според Јован, зачало 41, од половината, а крајот е во зачало 43 (односно: 12, 17-50). Псалм 50, и трипеснец, творба на господин Козма, ирмоси по двапати. Тропарите на 12. Глас 2.


Песна 3


Ирмос: Откако ме утврди на каменот од верата, ја рашири устата моја против непријателите мои, зашто се развесели духот мој кога пеам: Никој не е свет како нашиот Бог и никој не е поправеден од Тебе, Господи.


Попусто се состанува собранието на беззакониците, за да Те осудат Тебе, Избавителу Христе. Затоа Ти пееме: Ти си нашиот Бог и никој не е свет како Тебе, Господи.


Злобниот совет на нечестивите, во својот бунт против Бога, бара да Го убие праведниот Христос, Кому пееме: Ти си нашиот Бог и никој не е свет како Тебе, Господи.


Кондак, глас 4.
Подобен: Господи, Кој се вознесе:


Грешев повеќе и од блудницата, Благи, и никако не Ти принесов солзи. Но во молчење молејќи се, паѓам пред Тебе, со љубов целивајќи ги пречистите Твои нозе, та како Господар да ми дадеш прошка на долговите, мене, кој што Ти викам: Спасителе, од нечистите дела мои избави ме.
Икос: Жената која порано беше блудница, одненадеж се покажа целомудрена, откако ги замрази делата на срамниот грев и телесните наслади, помислувајќи на големиот срам и на судните маки, што ќе ги претрпат блудниците и нечистите, од кои сум прв јас и се плашам. Но, јас безумниот останувам во гревот, а блудната жена се исплаши и бргу дојде, викајќи кон Избавителот: Човекољупче и Штедре, од нечистите дела мои избави ме.


СИНАКСАР



Стихови:


„Една жена, излевајќи миро врз телото Христово,

Го испревари Никодима кој носеше смирна за Покојниот“.



Во светата и Велика Среда божествените отци ни заповедаа да го славиме споменот на жената блудница, која Го помаза Господа со миро, затоа што овој настан се случил пред страдањата на Спасителот. Откако Исус влегол во Ерусалим и бил во домот на Симон Прокажаниот, една жена пристапила до Него и излеала на Неговата глава скапоцено миро. Тоа, пак, се случило, според словото на Спасителот, за да се проповеда насекаде и меѓу сите нејзиното пламено дело. А зошто таа го направила овој подвиг? – Затоа што ја видела Христовата сочувствителност и Неговата желба за заедништво со сите, особено кога видела дека влегува во домот на лепрозен, за кого Законот заповедал, како нечист, да се исклучи од заедницата. Жената си помислила дека ќе ја излекува нејзината душевна болест, како што ја излекувал неговата лепра.

И така, додека Он седел на трпезата, над главата Му го излеала мирото, чија цена била околу триста динари, односно шеесет асарии, или десет пенези, или три сребреници. Учениците и се заканиле, а најмногу Јуда Искариот, но Христос ја заштитил, за да не ја пресечат нејзината добра намера. Така Он го напомнува и Своето погребение, го одвраќа Јуда од предавството, и жената ја удостојува со чест, дека насекаде во светот ќе се проповеда за нејзиното добро дело.


Некои мислат дека оваа жена е истата кај сите евангелисти. Но, не е така, туку кај тројца од нив, како што вели божествениот Златоуст, е истата, и се нарекува блудница.


Но, кај Јован, пак, не е таа, туку некоја сосема друга, која имала чесен живот, односно Марија, сестрата на Лазар, која не била блудница, и од Христа била возљубена. Впрочем, оваа Марија во својот дом во Витанија, шест дена пред Пасха, кога седела на трпезата, го извршила помазанието со миро, излевајќи го на Неговите прекрасни нозе, и со косата бришејќи ги, трошејќи цело богатство, како да Му принесува дар на Бога. Таа знаела сигурно дека и при принесувањето жртви на Бога, се принесува елеј и дека свештениците со миро се помазуваат, и дека и Јаков помаза камен на Бога (2. Мој. 30: 30-31; 1. Мој. 28: 18; 35: 14). Значи, овој дар таа му го принела на Учителот, како на Бога, но и поради оживувањето на нејзиниот брат. Затоа нејзе не и се ветува награда, а Јуда, како лаком, се побунува. Втората, пак, очигледно е жената блудница, која два дена пред Пасха, додека Христос се уште бил во Витанија, и тоа во домот на Симон Прокажаниот, каде што и тогаш седел на вечерата, го излеала скапоценото миро на Неговата глава, како што раскажуваат светите Матеј и Марко. Поради таа блудница негодуваат и учениците, во (својата) ревност превидувајќи го точно она што Христос го подготвил за неа. А Христос ја наградува со тоа што насекаде по светот ќе се прославува нејзиното добро дело. Некои, пак, велат дека таа е истата, но Златоустиот зборува за две жени. Има некои што велат дека тие биле три: двете гореспоменати, кои се појавиле кога наближило страдањето Христово, а третата била пред нив, односно прва, која го направила тоа во средината на проповедта на Евангелието, која и самата била и блудничка и грешничка, и која не во домот на прокажаниот, туку кај Симон фарисејот одеднаш го излеала мирото врз нозете на Христа, кога и еден фарисеј се соблазнил, а нејзе, пак, Спасителот и дарувал прошка на гревовите. За неа, како што рековме, зборува само божествениот Лука во средината на своето Евангелие(7: 36-50). По раскажувањето за оваа блудница, веднаш го наведува следново: „Потоа Он одеше по градовите и по селата, проповедајќи го Евангелието за Царството Божјо“. Тука се покажува дека тоа не било за време на страдањата. Значи, заклучуваме и според времето и според оние што го примија, и според местата, и лицата и домовите, како и според природата на миропомазанието, дека тоа се три жени: двете се блуднички, а третата е Лазаревата сестра Марија, која блескала со чесен живот. И еден е домот на фарисејот Симон, а друг е на Симон Прокажаниот во Витанија, а трет, пак, е домот на Марија и Марта, сестрите на Лазар, во Витанија, како што тука се подразбира. Имало и две вечери на кои присуствувал Христос, и двете во Витанија: првата била шест дена пред Пасха, во домот на Лазар, кога со Него јадел и Лазар, како што ни раскажува Синот на громот, велејќи вака: „На шест дена пред Пасха дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите. Таму Му приготвија вечера и Марта го послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа на трпезата. А Марија, како зеде литар чисто скапоцено миро, ги помаза нозете Исусови, и ги избриша со косата своја нозете Негови“ (Јован 12: 1-3). Втората вечера била два дена пред Пасха, додека Христос се уште се наоѓал во Витанија, во домот на Симона Прокажаниот, кога и блудницата дошла кај Него, излевајќи го скапоценото миро, како што ни раскажува свети Матеј, кога Христос им вели на учениците: „Знаете дека по два дни ќе биде Пасха“. И повторно вели: „А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Лепрозниот, се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцено миро, и го излеа врз главата Негова, кога Он седеше на трпезата“ (Матеј 26: 1; 6-7). Со него се согласува и Марко, велејќи: „По два дни беше Пасха и празникот Бесквасници… А кога беше Он во Витанија, во куќата на Симона Лепрозниот, дојде една жена…“ итн. (Марко 14: 1-3).


Оние што тврдат и говорат дека кај четворицата евангелисти е истата жена која Го помаза Господа со миро, кои мислат дека се едно Симон, фарисејот и лепрозниот, когошто некои го претставија и како татко на Лазар и на неговите сестри Марија и Марта, и дека една е вечерата, и еден е домот во Витанија, во којшто се подготви и горната одаја, и во која беше Тајната Вечера – тие не размислуваат добро, бидејќи овие две вечери на Христа беа надвор од Ерусалим, во Витанија, шест дена и два дена пред законската Пасха (како што рековме), и кога жените на различен начин Му принесоа миро на Христа. А Тајната Вечера и украсената горна одаја, беа во Ерусалим, еден ден пред законската Пасха и Христовите страдања. Некои велат во домот на некој непознат човек, а некои во домот на неговиот љубимец и ученик Јован, во светиот Сион, каде што и учениците, поради стравот од Јудеите, биле скриени, каде што било и сведочењето со допир на Тома по воскресението, и слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, каде што се случиле и други неискажливи и таинствени работи.


Затоа чинам дека е вистинито мислењето на Златоуст дека се работи за две жени: едната, како што е речено кај тројцата евангелисти, е блудница и грешница, која го излеа мирото врз главата Христова; а другата, како што е речено во Евангелието по Јован, е Марија, сестрата на Лазар, која го донесе (мирото) при Христовите божествени нозе и врз нив го излеа. Една е вечерата во Витанија, а друга е Тајната (вечера). И јасно е дека по раскажувањето за оваа блудница, Спасителот ги испраќа учениците во градот за да ја подготват Пасхата. „Одете, им вели, во градот и на оној речете му: „Учителот вели: при тебе ќе ја прославам Пасхата со учениците Свои“ (Матеј 26: 18). И повторно: „Ке ве сретне човек со стомна вода и тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе“ (Лука 22: 10; 12). „А тие кога отидоа”, вели, „најдоа како што им беше рекол и ја приготвија Пасхата“ (Лука 22: 13), очигледно онаа законската, која се наближуваше и која ја изврши со учениците, како што вели божествениот Златоуст.
И потоа, кога беше вечерата, односно Тајната Вечера, и кога на неа го изврши божественото миење (Јован 13: 3-15), повторно седна и ја предаде нашата Пасха на трпезата, како што тоа го раскажува Јован Златоуст, и тоа така и било. А божествениот Јован, како и Марко, божествените евангелисти, кажуваат и за квалитетот на мирото, кое го нарекуваат вистинско и скапоцено. Тие го употребуваат зборот пистикон, што значи вистинско, нелажно, нерастворено и сочувано во чистота, а изгледа дека тоа е назив за некое посебно и чисто миро. А Марко додава дека жената од ревност го скршила и садот, кој е со тесно грло, и се нарекува алабастер. Тоа, пак, е стаклен сад, како што вели свети Епифаниј, направен без ниту една дршка, кој се нарекува и викион. А тоа миро било составено и од многу други нешта, но најмногу од: смирна, миризлив цвет на цимет, односно од миризливото стебленце, и од масло (елеј).


Но, Ти, Христе Боже, Кој се помаза со духовното миро, ослободи нè од страстите што надоаѓаат и помилувај нè, како единствен свет и Човекољубец. Амин.


Песна 8


Ирмос: Бидејќи зборот на мачителот не помогна, печката беше разгорена уште седумпати повеќе. Но младите момчиња, откако заповедта царева ја презреа, почнаа да пеат: Сите дела Господови, пејте Му на Господа и превозносете Го во сите векови.


Излевајќи го чесното миро врз главата на својот Бог и Господар, жената ги допре со своите нечисти раце Твоите пречисти нозе, Христе, и викаше: Сите дела Господови, пејте Му на Господа и превознесете Го во сите векови.


Со солзи ги мие нозете на Создателот жената грешница, и ги брише со својата коса. Ова правејќи го прима прошка на сите направени грешки во животот, и викаше: Сите дела Господови, пејте Му на Господа и превознесете Го во сите векови.



Тајната на избавувањето се изврши за набожната (жена), преку спасителното милосрдие и изворот на солзите, во кого, откако се изми преку исповедта, не се срамеше, но викаше: Сите дела Господови, пејте Му на Господа и превознесете Го во сите векови.


Потоа: Го фалиме, Го благословуваме:

И пак ирмосот: Бидејќи зборот на мачителот не помогна, печката беше разгорена уште седумпати повеќе. Но младите момчиња, откако заповедта царева ја презреа, почнаа да пеат: Сите дела Господови, пејте Му на Господа и превозносете Го во сите векови.

Почесна од херувимите: не пееме.


Песна 9


Ирмос: Со души чисти и со усни неосквернети, дојдете да ја возвеличиме нескверната и пречиста Мајка Емануилова, принесувајќи Му молитва на Родениот од неа: Христе Боже, поштеди ги душите наши и спаси нѐ.


Јуда се покажа како неразумен и лукав ревнител, пресметувајќи ја цената на скапоцениот мирис достоен за Бога, со кој се разреши гревовниот долг, тргувајќи со благодата и со љубовта Божја: Христе Боже, поштеди ги душите наши и спаси нѐ.


Јуда отиде кај беззаконите кнезови и ги праша: Што ќе ми дадете, и јас ќе ви го предадам Христа кого што вие го барате? Пријателството Христово тој го отфрли за злато: Христе Боже, поштеди ги душите наши и спаси нѐ.


Ослепен од среброљубие, нечестивиот Јуда ја заборави поуката (Христова), дека целиот свет не вреди колку една душа. Затоа, предавнику, во очајание, самиот себе се обеси: Христе Боже, поштеди ги душите наши и спаси нѐ.


Потоа, ирмос: Со души чисти и со усни неосквернети, дојдете да ја возвеличиме нескверната и пречиста Мајка Емануилова, принесувајќи Му молитва на Родениот од неа: Христе Боже, поштеди ги душите наши и спаси нѐ.


Егзапостилар (3-пати), како обично.


Твојата свадбена одаја ја гледам украсена, Спасителе мој, и немам облека да влезам во неа. Просветли ја облеката на душата моја, Дарителу на светлина, и спаси ме.


На хвалитни, земаме 4 стиха, и ги пееме овие самогласни, глас 1.


Откако блудницата во Тебе го позна својот Бог, Синот на Дева, срамејќи се од своите дела, во плач се молеше и говореше: Разреши го мојот долг, како и јас моите коси; возљуби ја онаа што Те љуби, и покрај моето недостоинство и, меѓу митарите ќе Те проповедам, Добротвору и Човекољупче!


Скапоценото миро блудницата го измеша со солзите и го излеа врз пречистите нозе Твои, целивајќи ги: неа веднаш си ја оправдал, а нам прошка дарувај ни, Ти, Кој за нас пострада, и спаси нѐ.


Кога грешницата миро принесуваше, тогаш ученикот со беззакониците се договараше. Едната се радуваше трошејќи го мирото скапоцено, а другиот брзаше да Го продаде Оној што нема цена. Првата Господа Го запознаваше, а вториот од Господа се разделуваше. Таа се ослободуваше, а Јуда роб на ѓаволот стануваше. Подмолноста е лоша, покајанието е големо. Него дарувај ни го, Спасителе, Кој пострада за нас, и спаси нѐ.


Колку е беден Јуда! Гледајќи ја блудницата како нозете ги целива, тој размислуваше како со измама и со целив да Го предаде (Господа). Таа косата си ја одврзува, а тој со јарост се врзува, наместо миро носејќи ја одвратната злоба, зашто зависта не знае да го претпочита полезното. О бедо Јудина! Од неа избави ги, Боже, душите наши.


Слава: глас 2: Грешницата отрча да купи скапоцено миро, за да Го помаже својот Добротвор, и на продавачот на мириси му велеше: Дај ми миро, за да Го помазам Оној што ги очисти сите мои гревови.


И сега: глас 6: Потопена во бездната на гревот, блудницата го најде во Тебе пристаништето на спасението и, растворајќи го мирото со солзи, ти викаше: Господи, Кој го очекуваш покајанието на грешниците, спаси ме од гревовните бранови, поради Твојата милост голема.


На стиховните стихири самогласни, глас 1.


Денес Христос оди во домот фарисеев и жена грешница пристапува и паѓа пред нозете Негови, викајќи: Погледни ме мене, потопената во гревови, падната во очајание поради моите дела; не отфрлај ме, поради Твојата добрина, и дај ми, Господи, прошка на гревовите и спаси ме.


Стих: Се исполнивме наутро со милоста Твоја, Господи:


Блудницата ги пружи косите свои пред Тебе, Господи, а Јуда ги пружи рацете пред беззакониците: таа – за да прими простување, а тој – за да земе сребреници. Затоа Тебе, продадениот и Кој нас нѐ ослободи, Ти викаме: Господи, слава Ти.


И нека биде светлоста на Господа, нашиот Бог, на нас:


Пристапи жената грешна и осквернета, пролевајќи солзи, љубејќи Те и страдањето навестувајќи го: Како ќе Те погледнам, Господи? Зашто Самиот си дошол да ја спасиш блудницата. Мене умрената, воскресни ме од бездната, Ти, Кој го воскресна од гробот четиридневниот Лазар. Прими ме, Господи, мене бедната и спаси ме.


Стих: Ти се исповедам, Господи, од сето срце мое:


Онаа што поради нејзиниот живот беше отфрлена и која поради покајанието беше примена, носејќи миро, Ти пристапи, викајќи: Ти, Кој се роди од Дева, не отфрлај ме мене блудната. Не презирај ги моите солзи, Ти, кој си радост на ангелите. Но прими ме мене којашто се каам, грешницата што не си ја отфрлил, Господи, поради Твојата милост голема.


Слава, и сега: самогласен, глас 8.
Творба на монахиња Касијана.


Господи, жената што беше падната во многу гревови, која го позна Твоето Божество, кога го прими чинот на мироносица, пред погребението, Ти принесе миро редејќи и говорејќи: Тешко мене, ноќта на невоздржувањето и блудот, и мрачната љубов кон гревот ме обзема. Прими ги потоците од моите солззи, Ти; Кој од облаци ја произведуваш морската вода. Приклони се кон моите срдечни воздишки, Ти, Кој ги приклони небесата со Твоето снисходење, за да ги целивам Твоите пречисти нозе и пак да ги избришам со косата од мојата глава - нозе, од кои Ева, кога во рајот го слушна нивното чекорење, со страв се скри. Кој ќе ги испита мноштвото мои гревови и бездната на Твоите судови! Спасителу на душата моја, Кој имаш неизмерна милост, не презирај ме мене, Твојата слугинка.


И веднаш Добро е: Трисвето со поклони и Прв час без стихословие, а во него се извршува поклони според укажаното. Литија и отпуст.


Извор: ПОСЕН ТРИОД

Подготви: Светланка Трајчева

 

Друго:

На Твоите ученици си им рекол, Благи: Бидете будни, оти не знаете во кој час ќе дојде Господ, за да суди секому (според неговите дела).

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7720
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная