логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ДА БИДЕМЕ КАКО ДЕЦА КАЈ ПРЕСВЕТАТА

 

Шест раскази за тоа како подвижниците Ја почитуваа
Божјата Мајка (2)


Слугинки на Царицата Небесна

 
Игуменија Сергија со сестрите во Дивеево


Игуменија Сергија (Конкова)- претпоставена на Серафимо- Дивеевската обител,
-за преподобен Серафим Саровски:


– Сите ние во Дивеево сме слугинки на Царицата Небесна. А нашиот отец овде е отец Серафим. Тој ништо овде не направи по своја волја, дури ни камче, по неговите зборови, не помести, - така и ние треба постојано да испитуваме, дали е волја на нашата Врховна Игуменија за кои било од нашите започнати работи. Ништо не може да се направи произволно во ова место кое е под покровителство на Божјата Мајка.
Внатрешното манастирско правило бара од секоја жителка во манастирот, - од послушаница до игуменијата - негово извршување. Во тоа, но исто така и во молитвата се изразуваат пред сé сета наша љубов и почитување кон Пресветата.
Од 1991 година, во манастирот ја возобновивме секојдневната крстна поворка по Канавката со Богородичното Правило. Во 1992 година, кога беше осветен храмот Раѓањето на Пресвета Богородица, во него запалија неизгасниво кандило пред иконата на Раѓањето на Пресвета Дева Марија. Тука се извршуваат првите постриги: како што Божјата Мајка од раѓањето беше посветена на Бог, така и во постригите се раѓаат монахињи за да Му служат на Господа и Нејзе.
Само по себе христијанството е самопожртвување, а особено монаштвото. Ги даваш последните сили и така осознавајќи ја својата немоќ и исполнувајќи ги правилата на манастирот, ја отсекуваш твојата немоќ, а за тоа Господ ти дава радост и сила, Пресвета Богородица е благонаклонета, а отец Серафим во сé помага.


Родството на Богородица

Отец Андреј и сестрите од минското манастирство добиваат
благослов од старец Николај


Протоереј Андреј Лемешонок, духовник во Свето- Елисаветскиот манастир во г. Минск,- за старец Николај Гурјанов:


- Отец Николај Гурјанов не можеше дури ни да помине покрај Богородичната икона во храмот, а да не застане задолжително и да се поклони кон неа... Со длабок срдечен трепет тој припаѓал кон образот на Пресветата.
Помнам, кога јас почнав да одам кај него, кај мене се случуваа конфликти. Игуменот во нашиот храм ги попречи патувањата на островот Талабск. Јас му кажав на отец Николај за ова, а тој ми рече: „Дојди! Дојди кај Минската икона на Богородица, земи благослов и дојди’’.
Ете така. Старец само по својата детска вера во тоа дека со светот управува Промислата Божја и со сé владее Богородица и може да ве посоветува да земете благосов непосредно од Неа.
Во духовниот живот постои неверојатна слобода на духот и парадоксален простор на блискоста со Небесниот свет.
Таа слобода нам ни ја донесе Господ (види: Јован 8:32).
Ете кога ќе видиш таков човек како отец Николај,- тој е точно Ангел, од него произлегува видлива светлина! - тогаш си спомнуваш за зборовите кои Пресвета Богородица ги кажала за преподобниот Серафим Саровски: „Ова е Нашиот род’’.


„Богородица дојде’’

 

Матушка Теодосија


Александар Иванович Пантилов, почесен доктор на Руската Федерација, главен доктор на Рибиновската централна болница,- за схимонахињата Теодосија (Косоротихинска):
- Како што знаете, првите зборови кои ги изговори матушка Теодосија излегувајќи од кома после 19,5 години беа: „Зошто ме храневте? Мене Самата Богородица ме хранеше’’.
Таков непосреден однос кон Богородица како кон мајка која директно од лажичка ги храни Своите деца, ја чуваше матушка Теодосија до крајот на нејзините овдешни- нив ни земни не ги нарекуваш!- денови.
Понекогаш директно до кревет и’ ги носеа чудотворните икони на Пресвета Богородица. На пример, кога ноќе ја оставија чудотворната икона на Пресвета Богородица „Богољубива’’, таа потоа така кажа, дека таа ноќ разговарала со Мајката Божја.
Таа, патем, откако дојде при себе после бесознанието, знаеше многу молитви наизуст. Иако порано во времето на советскиот сојуз, кога таа сé уште беше здрава и свесна, таа немаше каде да ги прочита.
Самата ќелија на матушка, сета беше од подот до таванот со икончња, насекаде со лицата на Господ, Божјата Мајка и светиите.

 

Роденден на матушка Теодосија


Матушка многу љубеше, кога во нејзината ќелија читаа Акатисти на Пресвета Богородица на различни Нејзини икони. Особено ја почитуваше Казанската икона, на чиј спомен на 4 ноември го прослави својот роденден (иако нејзината точна дата на раѓање е непозната).
После Богородичните празници старицата обично не примаше посета: тогаш кај неа доаѓаа свештеници- понекогаш до 20 луѓе се собираа од кои мноштво свештеници од монасите и бело свештенство, - служеа во нејзината соба молебни за водоосветување.
Неописливо чувство беше кога јас прв пат влегов за служба во ќелијата на матушка Теодосија. Отецот служеше молебен, певците пееја... Во таа малечка собичка тогаш се смести многу народ и сите некако едноставно на чудесен начин се вклопија. Откаде дојде толку простор за секого?!
Но, најпрекрасното беше што во 12 часот ноќта, свеќата пред иконата на Божјата Мајка сама се запали. И матушка рече: „О, Богородица дојде’’.


А вие дали побаравте благослов од Богородица на својот животен пат?

 


Схиархимандрит Тихон (Муртазов), до схими Ермоген


Ираида Соколова – за својот сопствен чичко, архимандрит Ермоген (Муртазов), во схим Тихон:


– Отец Ермоген многу ја љубеше Богородица. Кога тој нешто ќе почнеше да раскажува за Пресветата, секогаш му течеа солзи.
Се сеќавам како отецот ме учеше да користам ждрепка. Јас тогаш не знаев каде ми е подобро да живеам: да се преселам во Козељск поблиску до Оптинскиот манастир или во Псков? Тој ми вели: „Најпрвин три дена читај акатист на Богородица, а потоа стави ждребка’’. На едно ливче јас напишав: Богородице, ќе ме благословиш ли да одам во Козељск?’’ А на другото: „Богородице, ќе ме благословиш ли да одам во Псков?’’ Ги свиткав овие мали белешки, ги ставив во Евангелието, три дена читав акатист на Успението на Пресвета Богородица, зашто сето ова се случи на овој празник. Потоа читав Евангелие. На третиот ден ме благослови, прекрстувајќи ги белешките, како што ме научи отецот ја извлеков ждребката. Ми испадна: благослов за во Козељск.


Отец Ермоген продолжуваше да чита 24 пати во денот „Богородице Дево, радувај се...’’ – за да секој час биде благословен.


Уште не успеав да се исправам од коленичење, кога заѕвони: „Вие сé уште не го продадовте станот?’’ А кога јас требаше сама да одам во Псков, продажбата на станот не се случи! Но, како само се случи соодветното определување на местото во согасност со волјата на Мајката Божја, веќе мене ми поѕвонија: „Јас го купувам станот!’’ И, замислете, за еден ден го продадов станот.
Секој ден, - нé учеше отецот, - трудете се да читате 24 пати „Богородице дево, радувај се...’’ – за да секој час од денот биде благословен. Ќе заборавиш, а тој тебе повторно ќе ти напомене: „Ти читај Богородична!’’ – „Отец, но јас еве 12 пати ја прочитав...’’ – „Не, ти 24 пати прочитај ја!’’
Благословуваше и да се чита уште и по 24 пати и за своите деца и за блиските. А ако почнеш сите да ги споменуваш, така е можно и до Богородичното правило да достигнеш... Така срцето се проширува во молитва.
Пресвета Богородице, спаси нé!


"Мајката Божја неа и’ беше едноставно мајка"

 

 
Схимонахиња Сепфора (Шнјакина)


Игумен Михаил (Семенов), претпоставен на манастирот „Спас на Неракотворната пустина’’ село Кликово,

- за схимонахињатаСепфора (Шнјакиној):


– Матушка Сепфора имаше жешка молитва кон Пресвета Богородица. До тоа е тешко да се дојде со умот. Таа тој опит на срдечна чистота го здоби од детство. Му се обраќаше на Господа и на Богородица едноставно и непосредно како дете.
Кога и да појдев да ја слушнам нејзината молитва, секогаш бев изненаден: човек за една година ќе наполни 100 години, но се надева, токму како дете, кое на никого веќе не се ослонува и од никаде веќе не чека помош: „Богородице, помогни!’’ Со таква директност и без никаков сомнеж само децата ги бараат своите мајки.
Богородица неа и’ беше едноставно мајка. Заради таква искрена вера неа не ја оставаше.
Познато е дека матушка од млади години многу копнееше за манастири, но не успеа во тоа: брак, деца, потоа дојдоа внуците. И дури кога таа веќе беше во монашко потстрижување, згора на тоа прими схима, не сакаше да остана таква монахиња во светот за да потоа се упокои некаде на градските или селските гробишта. Таа се молеше на Покровителката на монасите.
Тогаш, во 1993 година Пресвета Богородица и’ се јави. „Не се грижи, ти нема да умреш во светот. По тебе доаѓаат од Кликово свештеници.’’
Многумина ја викаа кај себе матушка Сепфора, дури во Оптинска пустина началникот архимандрит Бенедикт (Пенков) и’ предложи да и’ изгради дом, вети прислужничка, а и други дојдоа. Старицата веќе слепа со телесните очи, ги прашуваше сите: „Вие не сте од Кликово?...’’
Помнам, кога ние со матушка само што се запознавме, јас тогаш сé уште не бев во Кликово, но таа мене веќе ми рече: „Значи ние треба заедно да живееме.’’ Јас не разбрав. Но, таа потчукнувајќи ме по рамото рече: „Па, добро, оди, слободен си, прави што сакаш, а потоа...ќе видиме’’.
После неколку години јас пристигнав кај неа од Кликово, а со неа беше пророштвото- благослов од Богородица, таа одеднаш почна да брза: Побрзо доделете го домот, јас ќе живеам со вас! Ќе го исполнам благословот на Мајката Божја’’.


Матушка Сепфора многу се држеше до тоа да живее според послушанието на Пресвета Богородица.


Таа секогаш многу се држеше за таа можност да живее според послушанието на Пресвета Богородица, ништо не правеше по своја волја.
Прашувате за „почитување’’, а за неа, мислам, дека дури таков збор не постоеше! Богородица, Самиот Бог Исус Христос и светителите – тоа е роднинство! Почит, тоа е некоја дистанца, а таа живееше посреди Нив!
Помнам, во моите 22 години после комсомолската* активност, запознавањето со такво искуство за мене беше „експлозија’’ на мозокот! Јас не знаев дека такво нешто е возможно. Всушност, Богородица и’ се јавуваше неа постојано. Ја утешуваше кога ја избркаа од дома, подучуваше, изучуваше.
Матушка Сепфора е строго послушно дете на Пресветата, какви што сме повикани да бидеме и ние сите христијани.
------------
*Комсомол- (Комунистички Сојуз на Младите)
извор: http://www.pravoslavie.ru/115959.html

 

Друго: 

 

Подготви: Снежана Корнет

19-ти септември 2018 лето Господово

Друго:

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all

 

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная