„Секој ден мене ми е чудо. Кај мене секој ден небото е различно.’’
- Петар Мамонов
30 лекции за животот
од Петар Мамонов
Овој човек може да говори за моралот без било какво морализирање.
Познатиот руски актер, музичар и поет Петар Мамонов е веројатно една од најзначајните личности во современата руска култура. Живее едноставно, не обидувајќи се да биде допадлив некому, не трудејќи се никого да повлече на своја страна. Но со оние кому навистина им е важно, Петар Николаевич доброволно ги споделува своите размислувања за животот, за доброто и злото- и нему му веруваш како што му веруваш на секој оригинален и пострадан.
Собрани се 30 лекции на Патер Мамонов за најважните работи.
1. Јас ништо не одобрувам и не обвинувам, ми стои нешто во грлото, својата нечистотија. Ако го исчистам светот за мала дамка од себе, на светот тоа му е доволно. Спаси се себеси и доволно е тоа од тебе.
2. Љубовта не е чувство, таа е доблест. Тоа е количество на добрина која ние ја правиме, без оглед дали ни е возвратено. Кога ти правиш, ете така, едноставно. Еве бабичка во метрото, отстапи и’ место. Не треба кон неа да чувствуваш некој пламен, треба да делуваш, да делуваш.
3. Било кое, било кое дело без љубов- не е од Бога. А ако не е од Бог тогаш е беззначајно.
4. Направете нешто добро некому, како дар (бесплатно), но секој ден. Сето време во плус, позитивно. Ќе видиш како срцето ќе ти заживее! Всушност можно е да направиш да живееш поинаку. Знаеш, како во подземјето на подвижните (механички) скали. Тие водат надолу, а ти треба да одиш нагоре, сé надолу те водат, но ти одиш нагоре. Не постои друг начин, треба да се оди кон Светлината.
5. Не можеш да ја замениш вистината со слаткоречив исказ.
6. Толку е страшно, кога, на пример некој има грд дом или со непристојни зборови проколнува.
7. Кога ќе сретнете човек треба секогаш повеќе да говорите за неговите заслуги и достоинство, но тоа да не биде човекоугодие. Тогаш личноста ќе се стреми да се искачи на ниво на кој ти него го постави.
8. Ако ти си на самото дно, тогаш ти си всушност на најдобра положба: понатаму нема каде да одиш, освен нагоре.
9. Задајте си себеси едно прашање: „Зошто јасживеам?“. Навистина прашајте се, само тоа. Мислам дека, ако никому не му било добро што јас денес живеев, тогаш тој ден поминал залудно.
10. Треба сите ние, а јас пред сé, да научиме на себеси да си кажеме „не’’.
11. Лесно е да се каже- тешко е да се направи, тешко. Но ако се трудиме силно, да разбереме дека друг начин на живеење едноставно нема, тогаш се успева.
12. Да не му простиш на оној кој те навредил е исто како да се лутиш на некоја предмет од кој си се удрил. Виновен си секогаш ти; но толку е болно, што го удираш или го фрлаш предметот на под. Па што? Само раката може да ти помодри или да отскокне предметот од подот и- по чело! Навредата е пеколна состојба: никаде не дава мир.
13. Важно е како ние умираме! Една работа е за вистината, а сосема друга од вотка.
14. Животот понекогаш удира, но тие удари се лекови.
15. Научете како да изгубите, а да не жалите за тоа.
16. Треба да знаеме дека сите лоши мисли не се наши, од ѓаволот се. Нашите се добри. Значи, треба да се љубиме себеси. Но себеси- првобитно замислен. А сé блудно, алчно- не е мое. И станува полесно. Сé што е туѓо почнуваш да го изгонуваш.
17. По мое мислење, светител се разликува од грешник по тоа што научил да љуби.
18. Ако сме направиле 9100 чекори од Бог, а еден чекор кон Бог, тогаш ние се движиме.
19. Духот си создава облици за себе. Не може да се биде лош човек и добар писател.
20. Без љубов човекот жив умира- жив труп. Оди, гиработи своите работи, ги исполнува своите обврски, но се задушува.
21. Ние се интересираме, како стојат работите во Бангладеш, како е во Јапонија после земјотресот. Каков земјотрес?! Кај секој од нас постои земјотрес внатре. Човекот тоне во река. Вриска: „Помош!“ А нему му велат: „Знаеш, во Јапонија...“
22. Ако видиме нешто одвратно, тоа значи дека тоа е во нас. Сличното се поврзува со слично. Ако јас велам: еве го крадецот, значи јас украдов, ако не илјада долари, тогаш клинец. Не ги судете луѓето,
погледнете на себе.
23. Ако правиш добро и го откриваш тоа пред луѓето, тогаш доброто не се случило.
24. Еднаш дојдов дома и си мислев- сега ќе го вклучам компјутерот, но немаше електрична енергија. Јас се најдов во целосна темнина. Поставете се некако во темнина, исклучете ги сите „контакти“ и запрашајте се: кои сте вие и како живеете? Дали сум јас воопшто нормален или така- така?
25. Правилно се вели: во гроб нема џебови. Што си собрал во душата, со тоа и ќе лежиш! Човековиот живот е како зрак. Човекот има почеток, но нема крај! Гледате,колку интересно!
26. Да се живее е многу тешко. Многу малку љубов и многу осаменост. Долги тешки часови кога нема никого или воопшто никој не е потребен. Уште полошо во компанијата: или говориш без прекин, или молчиш и сите ги мразиш.
27. Парите се нешто убаво, но зависи од мотивот. Еве две жени мијат под. Една за да на 15- ти добие плата, а втората за да биде чисто. Како резултат на тоа двете ќе добијат плата на 15- ти. Но, едната ја постигнува вистинската цел, а другата не успева. Со ножот може да се убие човек, но можно е да се исече и леб. Така е и со парите.
28. Труди се да работиш и ништо нема да те депримира, животот не е одморалиште и онака наскоро сите брзо ќе умрат. Таму ќе биде за секого кој колку и како успеал и затоа, како што се вели, брзајте да правите добро. Тоа навистина е така...
29. Злото нема суштина, тоа е како ако црна кутија се обои, се затвори и се изнесе на светлина, откривајќи ја и таму ќе има светлина. Темнината не ја уништува светлината. Темнината е отсуство на светлина. На почетокот сé е создадено со љубов и добрина. Само ние донесовме во светот зло со својата иритираност, со своето незнаење, со своето осудување. Само ние го конкретизираме злото.
30. Ако си поет, напиши добра песна. Ако си новинар, напиши добра статија. Најди добро, чесно, чисто за да создадеш малку светлина во овој ужас. Секогаш е возможно. На работа сите крадат? Не кради, барем не денеска. Пушиш седум цигари дневно? Денеска испуши пет. Тоа исто така ќе биде христијанство. Движење, подвиг. Значи насекаде, секогаш, секаде, постојано. Секогаш да биде малку во плус. Малку подобро, малку подобро - секој ден. И што ќе почне? Ќе стане навика. Кај човекот сé е навика. "Навиката ни се дава одозгора, таа е замена за среќата".
Да ни стане навика правење добра. До крајот на животот, да се стане нормална личност. Тоа е и целата задача. За да со тебе сé биде добро, спокојно, едноставно, јасно, не збунето, без овие прашања.
Извор: 30 уроков жизни от Петра Мамоноваpetra-mamonova-668105/
Подготви: Снежана Корнет
10-ти август 2018 лето Господово