логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

,,Ние не го примивме духот од овој свет,туку Духот Кој иде од Бога,,.
(1Кор.2:12)

Духот на овој свет, браќа е дух на гордост и суровост,а Духот Божји е Дух на кротост и благодат.
Апостолот Божји потврдува дека следбениците Христови не примиле дух од овој свет,туку Дух што иде од Бога, т.е што произлегува од Бога Отецот како благоухана миризба од цветот,та како добар мирис се разлева по човечката душа, правејќи ја крепка,светла,
спокојна,благодарна и умилна.
Луѓето по природа се кротки и благи .
Св.Тертулијан пишува:
"Човечката душа по природа е христијанка,,.
Но со духот на овој свет таа е разгалена и разбеснета .


Духот на овој свет од овци прави волци, додека Духот што иде од Бога од волци прави овци.
Апостолот уште додава дека сме примиле Дух Божји затоа ,,за да знаеме што ни е дарувано од Бога“.
Значи да дознаеме што е во нас од Бога и што не е од Бога,и да ја осетиме радоста од она што е од Бога и горчината од она што не е од Бога туку од духот на овој свет.
Додека човекот е надвор од својата природа,под својата природа,тој горчината ја смета за сладост а сладоста за горчина.
А кога со Духот Божји ќе се врати во својата вистинска природа,тогаш тој сладоста ја смета за сладост а горчината за горчина.
Кој може човекот да го врати кон Бога?
Кој може човекот да го излекува од отровноста на гревовната горчина?
Кој може да го научи со опит да ја разликува вистинската сладост од горчината
Никој друг освен Духот што иде од Бога.
Затоа да се помолиме ,браќа Бог да ни Го дарува својот Свет Дух,како што Го дарувал на апостолите и на светителите свои.

А кога Тој Божји Свет Дух ќе дојде во нас,ни дошло Царството Божјо во кое се е само сладост,само добро,само светлина,само кротост,и само благодат.
О,Свети Дух на кроткост и на благост пријди и всели се во нас .
На Тебе слава и вечна пофалба. Амин (Пролог)

 

Избор од фб профил на 

Оливера Соколова Македонска

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1264
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1471
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1340
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…