логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Го рушиме Господи дарот на животот. Честа која ни ја даде да нѐ приведеш од небитие во живот, од темнина во светлина. Секојдневно ја обесчестуваме, на многу различни начини. Најлошиот начин е што се откажуваме да се препуштаме на Твојот план, на Твојата промисла и мудрост. Се противиме, водиме битка и на крај се задушуваме.

Ако, пак, Христе мој, се препуштаме и Ти се доверуваме, ќе бидеме спокојни и среќни. Но, ние сакаме сè да решиме со нашата логика и нашите планови. Не е лошо да планираш, но трагично е да не знаеш дека во животот не можеш сè да контролираш.

Во суштината на тоа да сакаш сè да контролираш се крие омразата кон животот. Бидејќи животот е тајна. А тајните не ги анализираш, туку ги живееш. Се препушташ на слободата на нивната непознатост, на тајната на утрешниот ден.

Господи, колку повеќе растам толку помалку сакам да разбирам, а повеќе да чувствувам. Сакам секој ден сè помалку да ти се противам, да направам место да влезеш со Твоите тивки стапки во секој дел од мојот живот. Да го просветлиш секој агол од моето битие, да одиш по земјата на мојата плот. Простри се врз небото на мојата душа, целиот да станам светлина.

3.angeli.so.truba

Не сакам повеќе, Христе мој, да толкувам, туку да живеам. Да го живеам Твоето присуство во секоја форма и состојба од мојот живот. Да Те гледам во секое нешто што ме гледа, да Те слушам во секое нешто што ми говори, да Те допирам во секој допир на животот мој, да Те вкусувам секој пат кога ги јадам и пијам Твоите дарови.

    Ти си насекаде, Господи. Тоа го знам, но не е доволно. Треба да го гледам, да го чувствувам, да го преживувам. Заради тоа ми е неопходна Твојата помош – од умот да се спуштам во срцето, од зборовите во делата, од стравот во радоста. Не се доволни само моите напори, не е доволно само да сакам, потребни ми се Твоите раце да ги прегрнат сите одрони внатре во мене.

Копнеам од Твоето слово да создадам нов јазик на кој ќе говорат моите мечти. Копнеам за Тебе, зашто скалата од земјата кон небото, од умот до срцето е висока и има многу скали. Сакам некој да ме држи кога паѓам, да знам дека што и да се случи тука некаде е Твојата прегратка…

Извор: otecharalampos.wordpress.com
Превод: Ана Масларова

 

 

 Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/hriste-moj-ne-sakam-povekje-da-tolkuvam-tuku-da-zhiveam/?fbclid=IwAR1HqtBG-NPTeRkbK24RjPfhd5As7hJhdyP6hm53hQRO9SFgWaI6YIWE2I8

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2076
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 538
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная