Секој човек е приврзан кон обичното и вообичаеното. Ако човекот е навикнат на злото, тој тоа го смета за нешто нормално, за природна состојба, а доброто му се чини некако неприродно, вознемирувачко, невозможно. Додека, пак, ако човекот е навикнат на доброто, тој тоа го прави не затоа што мора, туку затоа што не може да не го стори тоа, исто како што човекот не може да не дише, а птицата да не лета.
Добриот човек најпрво се укрепува и се утешува самиот себе. И ова воопшто не е себично, како што тврдат некои; тоа е природен резултат од бескорисното добро кое носи врвна духовна радост на секој што го извршува. Вистинското добро секогаш длабоко и чисто го утешува оној што со доброто ја обединува својата душа. Па може ли да не се радуваш кога од мрачното подземје ќе излезеш на сонце и меѓу миризливи цветни полиња! Не треба да се обвинува човекот: „Ти си егоист, ти чувствуваш задоволство од својата добрина“. Не, тоа е единствената несебична радост – радоста од доброто, радоста на Царството Божјо. И преку оваа радост човекот ќе се спаси од злото и ќе живее вечно во Бога.
За човекот кој не доживеал задоволство од направеното добро, тоа му се чини како непотребно измачување…
Архимандрит Јован Крестјанкин
Избор од фб профил на Тивериопол
Друго:
Архимандрит Јован Крестјанкин: Првиот степен на љубовта е сомилоста
старец Јован (Крестјанкин): Беседа
o.Јован Крестјанкин - Поука (15.06.2018)
Душата – храм на Светиот Дух – старец Јован Крестјанкин (28.05.2015)
Спомен на старец Јован Крестјанкин
Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !
Писма од Архимандрит Јован (Крестјанкин)
арх.Јован Крестјанкин- Царевото на царот или жигот на ѕверот