ЗОШТО НА ПРАЗНИКОТ НА СВ. ВАСИЛИЈ СЕ СТАВА ЗЛАТНИК ИЛИ ПАРИЧКА, А НЕ НА БАДНИК (04.01.2016)
Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по