Поука на монах од Света Гора

- Што правите во Црквата?
- Ништо.
- Ништо не правите?
- Да!
- Тогаш зошто одите во Црква?
- Епа добро, бебето во утробата мајчина прави ли нешто? Тоа е во утробата на мајката и само се храни и расте, а кога ќе дојде времето, ќе се роди. И ние го правиме истото.


...Еден млад монах го видел старецот надвор од ќелијата, легнат на земјата како им рони трошки леб на мравките, кои на тоа место имаа направено гнездо. „Што правиш таму, старче? – го прашал, а тој му одговорил: „Еве што правам, се учам на сострадание…“ Токму ова сострадание и љубов кон секој човек, животно, растение, дрво и сето создание, ќе го сочинува критериумот на нашето спасение.
Никој не може да и наштети на душата што верува. Било што да претрпи, на неа и се смета за добивка.
Многу сме Ѝ должни на нашата Пресвета Богородица. Затоа Црквата толку многу Ја почитува и слави. Затоа свети Григориј Палама, сумирајќи ја отечката теологија, вели дека Богородица е втора после Света Троица, дека е Бог после Бога, граница помеѓу создаденото и несоздаденото, „претстојател на спасените“, според еден друг убав израз на богословот на нашата Црква. А свети Никодим Агиорит,
Кога размислувам за мојата огревовеност, во мене се јавува каење (раскајување). Значи, не станува збор за покајание (метаноја), туку каење. Покајанието е дар на Светиот Дух. Бог ќе ми даде покајание. На пример, си сторил нешто и си велиш „Оф леле! Што направив? Зошто не го послушав старецот? Сега старецот ќе ме прекори!“ Ова е каење. Но, кога јас ќе те викнам и ќе ти речам, „Чедо мое, што стори?“
И кога одеше, го виде Левија Алфеев, кој седеше на митинцата и му рече: „Врви по Мене!“ Тој стана и тргна по Него. А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и миогу митници и грешници; зашто тие беа мнозина и врвеа по Него. Книжниците и фарисеите, штом Го видоа да јаде со митници и грешници, им рекоа на учениците Негови: „3ошто со митници и грешници јаде и пие?“
Така се случува и со царството на нашето срце. Тоа внатре во себе има непријатели, има востаници; тоа има помисли, има страсти и слабости, бури и немири - и сето тоа се наоѓа во човечкото срце. За да може царството на човековото срце да се смири и потчини, Христос, Царот, мора да влезе со Своите војски и да го освои и да го протера непријателот, т. е. ѓаволот. Тој мора да го потчини секој немир што потекнува од страстите и слабостите и да завладее како семоќен цар.
Нејзиниот корен е во недостаток на љубовта.Чувствувате во другиот свој непријател.
Тоа можеме да го постигнеме поминувајќи ги овие денови во пост, молитва, оддалечување од светот, посетување на црковните Богослужби; со солзи на покајание, со подготвување за радосниот Празник кој ќе го означи крајот на овој период на прогонство, и сведочејќи им на сите во оваа „туѓа земја“ за настапувањето на еден уште поголем Празник...
На сите да им простиме сè. Дури и на непријателите. Така Господ направил. Од крстот рекол: „Оче, прости им,...!“ (Лука 23,34). Бог бара од нас да не бидеме никогаш во непријателство со луѓето и да немаме злопамтливост (Матеј 5,23-24).
Затоа, како плод на така сфатеното и така оствареното послушание се појавува личниот однос со Бог. Оној што нема опит, треба да го живее подвигот на послушание сходно претходната реченица ако не сака да промаши. Кога некој би побарал од мене со една реченица да ја објаснам тајната на послушанието, јас би се обидел вака: послушание е остварување на сите наши желби и цели, но не на начин
А светиот Јован Лествичник вака поучува: „Со Исусовото име биј го непријателот, зашто не постои против нив посилно оружје ни на небото ни на земјата, од името Исусово. И секогаш треба во умот да ја имаме оваа молитва: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот. Господи, отргни ја од мене оваа помисла на лукавиот. Господи, дади ми добра мисла.
Држат строги диети, но не постат.
Вистината е дека би било посебно удобно за сите нас, ако Бог го земеше за критериум на нашето спасение – постењето, молитвата, нашето молитвено правило, богослужбите на кои сме учествувале или беседите кои сме ги слушале, верските книги што сме ги прочитале или манастирите и старците што сме ги посетиле. Освен тоа, сето погоре кажано може најдобро, во прикриен облик, да биде дело на високоумието и себенадевањето, и да го зацврстува























