с. Љубанци, 02.05.2020 - манастир на св. Никола
На 2ри мај 2020 година,во втора недела на Воскресение (Томина недела), кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија-Јустинијана Прима молитвено го прослави споменот на Бл. Матрона Московска; преп. Јован Ветхопештерник, во манастирот на св.Никола во скопското село Љубанци, свештеникот Кирил Фидански отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Поука на денот: Свети Никола Кавасила
На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение. Ете зошто светиот апостол Павле пишува: „последниот враг за уништување е смртта“ (1 Кор. 15, 26).
1/2 ри мај 2020 лето Господово
.Пред неколку години беа доделени средста за изградба на манастирскиот конак, но уште е во почетна фаза неговата реконструкција.
Се надеваме дека овој значаен манастир наскоро ќе го обнови својот поранешен архитектонски лик.
27ми ноември 2013 лето Господово
Преминпортал (к.т.)
Друго:
- Божествена Литургија во манастирот на св.Никола (22.05.2018)
- Заупокоена Литургија во манастирот св.Никола, с.Љубанци (07.09.2019)
- Божествена Литургија во манастирот св.Никола, с.Љубанци (04.08.2019)
- Божествена Литургија во манастирот на св.Никола (22.05.2018)
- Литургија на Претходноосветени дарови, манастир на св. Никола, с.Љубанци (07.03.2018)
- На денот на св. Никола, Божествена Литургија во манастирот св. Никола, с. Љубанци (22,05.2013)
Преминпортал (к.т.)