Оној кој Го љуби Христа секако и Го подражава според своите сили. Значи, Христос не престана да им чини добро на луѓето и кога изостана нивната благодарност, и кога Го навредуваа беше долготрпелив. И кога Го биеја, и кога Го убија претрпе, никому не мислејќи му зло. Тие три нешта се делата на љубовта кон ближниот, без кои оној што вели дека Го љуби Христа или се надева дека ќе го наследи Неговото Царство, се мами.
Ова ново издание на „Молитвеникот“, освен досегашните молитви, дополнет е со акатистите „Слава на Бога за сѐ“ и кон Ангелот чувар, и повеќе молитви кон повеќе светители и за разни потреби. Тука се и молитвите кон светителите чии имиња ги носиме и оние кои ги славиме како домашни слави - домашни закрилници. Новото издание може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.
Што да сториме за нашето спасение? Како да го обесмртиме нашето тело, да се ослободиме од власта на гревот и од власта на смртта? Тоа треба да биде наша грижа во секој миг,
а, истовремено посилна, понагласена.
Животот е толку краток, целта е толку висока, но, и толку многу оддалечена.-
Празникот на Христовото Воскресение нè потсетува да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелен живот. Па, кога би се навратиле повеќе на потребата од покајание и праведно живеење, ако не на денот на Христовото Воскресение, ако не на денот кој им дава смисла на човечкиот живот и на постоењето?
Па затоа, празнувајќи и споделувајќи ја радоста на Христовото воскресение, да исповедаме дека верата во воскресението е извор на слободата и на љубовта,
Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух,
О, неизмерна е длабочината на Божјата добрина и долготрпение! Покрај сите зла кои се вршат, Бог трпи и не се одмаздува. Тоа се случува не оти не може да Го открие Својот гнев и да нe казни за секое зло веднаш, туку затоа што, како Татко, носи болка во срцето за Своите чеда, Го чека нивното вразумување и ја простира сe пошироко Својата милост, за преку неа да се посрамиме како блудниот син во туѓата земја и
„Архистратигот на ангелските сили беше испратен од Бога при чистата Дева да ѝ го благовести необичното и неискажливо чудо: бессеменото воплотување на Бога од неа и нејзиното девствено раѓање, заради обновување на целиот човечки род. Луѓе, објавувајте ја оваа радосна вест“ (Светилен на Утрена на Благовештение на Пресвета Богородица).
На 7 април 2020 година, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, каде беше прославен празникот кој го јавува предвечното таинство и кој е почеток на нашето спасение – Благовештението на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, кој е епархиска слава на
„Од каде да почнам да ги оплакувам делата на бедниот живот мој? И што да поставам за почеток на плачот мој сегашен, Христе? Но Ти, како Благоутробен, дај ми прошка на прегрешенијата“ – започнува молитвениот плач на Свети Андреј, чиишто зборови неизоставно оставаат печат во сечија душа. И така, се редат непрестајно, примери и поуки од Стариот и Новиот Завет, проткаени со неопислив дух на покајание и скрушеност.
Затоа скрушено стоиме и со цврста надеж се молиме: Погледни Боже, на Твоето создание, кое со склоност кон гревот се роди и многу години не престана да греши, та по молитвите на Светиот отец наш Андреј Критски и по застапништвото на Преподобната мајка Марија Египетска, дај ни да се поклониме на Твоите неискажливи страдања и да се покажеме учесници во Твоето славно Воскресение од мртвите. Амин.
Во четвртиот петок од Великиот Пост, во црквите низ Повардарската епархија, беше отслужено мало повечерие со последната, четврта статија од Богородичниот Акатист. По читањето на последната статија од Акатистот, свештениците ги осветија петолебијата за здравје и спасение на верниците.
ВЕЛЕС ВЕЛЕС 2 КАВАДАРЦИ ГЕВГЕЛИЈА
Во петокот од четвртата седмица од Великиот Пост, 27 март 2020 г., во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови.
На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.
На 27.03.2020 Во храмот Пресвета Богородица-Гостивар ,Повечерие со 4 Акатист на Пресвета Богородица богослужеше Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф со свештеници на Гостиварското намесништво.
Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител,
Кој прими крстни страдања заради нас грешните.
Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.
Иста така би ги охрабрил немоќните браќа и сестри, кои се плашат да ги целиваат иконите или крстот, или се плашат да примат свештеник за водосвет во нивниот дом - да имаат повеќе вера и доверба. Ако така лесно се ширеа болести од црквите, иконите и крстовите, Светата Православна Црква одамна ќе беше исчезната од лицето на светот, и за неа ќе се спомнуваше само во учебниците по историја. Ве уверувам и ве поттикнувам, да доаѓате без страв и сомнеж во црквите,
Пред почетокот на Светата Литургија, откако беше изнесен Светиот Крст на средина на црквата, Митрополитот г. Иларион Му се поклони, а по свештенослужителите пристапи и многубројниот народ да се поклонува на Светиот Крст. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, произнесе пригодна беседа кон присутните верници.
На 22.03.2020 година, во параклисот „Св. Кирил и Методиј“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Некатариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
На 22.03.2020 година, во Третата недела од Великиот Пост, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати ново четврто по ред реиздание на Псалтирот.
Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.
Во прилог можете да го прочитате и воведот за оваа книга.