Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица,Скопје (01.02.2019)

Примeритe за крoткo пoднeсувањe на насилствoтo, какви штo наoѓамe кај свeтитe oтци, прoстo сe за чудeњe. Враќајќи сe eднаш oд пат кoн свoјата кeлија, Макариј Вeлики видeл нeкoј крадeц кадe штo ги изнeсува нeгoвитe рабoти oд кeлијата и ги натoварува на магарeтo. Макариј ништo нe му рeкoл, туку му пoмoгнал пoдoбрo да ги натoвари рабoтитe на магарeтo, вeлeјќи си сам вo сeбe: “Ништo нe смe дoнeслe на свeтoв” (I Тим. 6:7). Eдeн друг старeц, кoга ...


Божествената Благодат бега од горделивиот и преминува кај смирениот. Оној што има високо мислење за самиот себеси, всушност е надвор од себе (безумен), бидејќи наместо да Му благодари на Бог за сите добра што му ги даде, тој Го онеправдува бидејќи за свои ги смета даровите Божји.
Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со парохискиот свештеник, протоереј Маријанчо Мадевски, ги посетија семејствата Симоски од с. Теарце и Костадиновски од с. Отушиште и во име на Тетовско-гостиварската епархија, за овие семејства, на кои им беше неопходна помош, донираа храна,прехрамбрени производи, бела техника и огревно дрво.
По повод Празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, во предвечерието на празникот, на 27. 01. 2019 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Архимандритот на Лесновската Обител отец Дамаскин со браќата при Лесновскиот манастир, отслужи Празнична Вечерна Богослужба.
Нивниот спомен молитвено се прослави во ставропигијалниот манастир во Калишта- Рождество на Пресвета Богородица. Отец Стефан Санџакоски отслужи света Златоустова Литургија, на која верните вкусија Тело и Крв Христови. А на крај како круна на се беше неговото слово во кое не поучи со зборовите на великиото руско светило Серафим Саровски- не осудувај; осудувај се самиот себе, така Бог нема да те осуди во осмиот ден.
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Улогата на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј во возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква“. Ова ново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е авторско дело на професорот при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, д-р. Александар Атанасов.
Светиите се најблескав украс на Црквата Христова и нивните житија ги напојуваат срцата на верните со рајска сладост. Тие се толку прекрасни и возвишени, што лесно ја привлекуваат кон себе христољубивата душа, радувајќи ја со „неискажлива и прославена радост“ (1. Петар 1,8). И не само што ја радуваат, туку Светиите на некој таинствен, благодатен начин им се приближуваат,
Во предговорот на книгата, викарниот Епископ г. Јаков Полјански на децата им порача: „Прочитајте ја книгата и одберете си омилен светител, кому секој ден ќе му се молите да биде ваш соборец и да ве крепи и заштитува. Сите овие светилници на светот се деца и пријатели Божји, и живеат во рајот и ги слушаат вашите молитви, и особено ги сакаат децата“.

„Човечката природа Христова послужи како можност за откривање на Света Троица. Затоа, Богојавление, празникот на Христовото Крштение го славиме толку свечено: се празнува откривањето на Света Троица бидејќи се слушна гласот на Отецот, а беше присутен и Светиот Дух во вид на гулаб. “
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на преподобниот Серафим Саровски се отслужи Света Божествена Литургија во параклисот во митрополитската резиденција на Повардарската епархија посветен на овој светител. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на протоереј Борислав Бобевски, отец Игор Пармачки и протоѓакон Влатко Стоименов.
На 14ти јануари 2019 година, во денот кога МПЦ-ОА молитвено го празнуваше споменот на Обрезанието по тело на Господ наш Исус Христос,и Молебен по повод Новото лето Господово 2019, во храмот на св.пророк Илија, во Скопје, беше отслужена Литургија на светиот Василиј Велики, на која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан,во сослужение на свештенството


























