Недела на Православието во Штип (17.03.2019)
На 17. 03. 2019 година, Прва Недела од Великиот Пост – Недела на Православието, препод. Герасим, св. мч – ци Павле и Јулијана, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во храмот „Св. Климент Охридски“ во нас. Сењак во Штип, отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија.


Човековото спасение зависи од молитвата, бидејќи тоа е она што приближува и соединува кон Бог. Кога човекот се наоѓа во близина Божја, наполно природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор. И покрај сето наше внимание, ѓаволот не престанува да нè сопнува, зашто сака да нè изненади во миг на слабост и да нè одвлечка на својот пат,
На 16ти март 2019 година, во Недела сиропусна ,кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на
На 15ти март 2019 година, во првата недела од Великиот Пост, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на преп. Агатон Египетскиј, во храмот на св. Петка, во Скопје, протоереј Зоран Данев во сослужение на свештениците отслужи мало повечерие, и првиот Акатист кон Пресвета Богородица. На ова прво по ред вознесување на молитви кон Пресвета Богородица, присуствуваше бројниот верен народ. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија на стотина верници.
На 15.03.2019 година, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф,
На 15.03.2019 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи I Акатист на „Пресвета Богородица“, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво.
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати реиздание на книгата „Голем е Бог“. Ова издание на издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ го преведе протоереј-ставрофор Игор Никовски. Ова е веќе трето издание на книгата поради големиот интерес на нашата читателската публика, која во изминатите години со несмален интензитет пројавуваше интерес за ова дело, покрај многубројните други наслови кои ги издадовме.
На 4 март 2019 година, во државното Собрание беше одржана јавна расправа на тема „Предлог-закон за прекинување на бременоста“. Расправата, која ја одржа Собраниската комисија за здравство, беше забранета за претставниците на Црквите и верските заедници, со што кон нив беше извршена груба дискриминација како и флагрантно кршење на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, предвидени со член 16 од Уставот
Покрај тоа се разговараше во иднина да се потпише Меморандум за соработка и заеднички да се организира дебата за влијанието на верските заедници и религиозни групи врз безбедноста, со посебен акцент на верската радикализација, дерадикализација и ресоцијализација во општеството. Од страна на директорот беше искажана подготвеност заедно со Факултетот за безбедност-Скопје...
Постејќи браќа телесно, да постиме и духовно: да раскинеме секаков синџир на неправда; да скршиме секаква врска на суровите страсти; да раскинеме секаков список неправеден. На гладните леб да им дадеме, и бедните без покрив – во домовите да ги воведеме, за да примиме од Христа Бога милост голема.
„Вака вели Господ: Од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим - словото Господово. И ќе им суди Он на народите и ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои - во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна. О, доме Јаковов! Дојдете, ќе одиме во Господовата светлина.
Ова е времето за покајание, ова е денот спасителен, почеток на Постот: биди будна, душо, вратите на страстите затвори ги и сврти се кон Господа. Со гласот на Неговата Црква, Господ нѐ повикува да ги оставиме зад себе своите грешни и срамни дела и да ја започнеме добрата борба на трпение преку пост и молитва, која ги чисти нашите души и нѐ поставува пред Христа. И нека никој не рече дека без оваа борба и без овие добродетели
Влегувајќи во арената на четириесетдневната благодатна борба, ние никако не смееме да ги осудуваме ближните од нашата околина што нема да постат. Напротив, да се молиме усрдно за нив, та и тие еден ден да Го побараат Христа и со добри дела да Му угодуваат. Од нас не се бара осуда и предимство над другите, туку љубов и простување. Во денешното Евангелие, Господ Исус беше многу јасен:
Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе. И тој ти ги вметнува лошите помисли за луѓето. И ако некој не се покае и умре, не простувајќи му на братот, тогаш неговата душа ќе отиде таму каде што живее лошиот дух, што ја заробил душата. Таков е духовниот закон: ако простуваш, значи дека и тебе Господ ти простил. А ако не му простуваш на братот, значи дека и твојот грев останува со тебе.
Високи гости од државата и странство, амбасадори и конзули, владини министри, претставници на јавниот живот од градот и ученици од Израел и Германија, со „Марш на животот“ одбележаа годишнина од депортацијата на битолските Евреи.
Со Христовото послушание сме спасени, а со Адамовото непослушание сме фрлени во пеколна бездна. Патот на послушанието навистина води на Голгота. Тој е нагорен и искачувањето е малку напорно. Ќе се потиме и ќе се уморуваме, но сепак да помислиме дека по воскресението ќе ги стекнеме чистотата на душата и восиновувањето и дека тоа богатство не може да се спореди со никакви овоземни наслади. Што зборувам јас?
Во почетокот беше Словото. Без Него ништо не постои. Катадневно го вкусуваме болниот и беден живот во нашето тело. А сепак, создадени сме според образот на Христа, Апсолутниот. Проблемот, тајната на нашиот живот, е во преминот од релативното во Апсолутниот. Ако битието е создадено од Бога, не треба да умре. Бог го создаде животот, не ја создаде смртта. Нашата цел е животот во Христа Бога, во бесмртноста, во вечноста.























