Пасхална литија во Бигорски – Покрсти
Третиот ден од светлото торжество за тридневното Воскресение на Спасителот Христос, Бигорската Обител го заокружи со традиционалната молитвена и благодарствена пасхална литија околу Манастирот. Воскресенската радост што така обилно ги брануваше нашите срца на Светата Литургија возглавена од нашиот Старец, Архимандрит Партениј, се разлеа потоа и во околината, преку пасхалните стихири и победоносниот тропар,


Во предвечерието на најголемиот Христијански празник – Воскресение Христово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, по трикратниот опход околу храмот, служeше Света Златоустова литургија. Mногубројниот народ се причести со Светите Христови Тајни. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !!!
„За нас МПЦ-ОА навистина е тешко во новата историја. Во лицето на Крипијан најдов вистински духовен брат, а љубовта, кога е во симбиоза, дише заедно со слободата.
Денеска во попладневните часови на аеродромот во Скопје, со бугарскиот државен авион „Фалкон“ пристигна Благодатниот оган, којшто беше пречекан од нашиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и бројно духовенство од нашата Црква. Овој голем Божји благослов од Христовиот Гроб во Ерусалим пристигна кај нас преку Софија, а го донесе епископот г. Јаков Стобиски. Имено, за прв пат епископ на МПЦ – Охридска архиепископија присуствуваше во Светата Земја во мигот кога слезе Благодатниот оган, заедно со црковната делегација на Бугарската православна црква.

На 26 април 2019 година (Велики петок), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Царски Часови и Вечерна богослужба, на која символично се соврши симнувањето од Крст и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело.
Денес, во црквата „Светите Методиј и Кирил“, во Струмица, викарниот Епископ Јаков Стобиски отслужи служба на која беа прочитани Дванаесетте Евангелија, т.е. дванаесет извадоци за страдањата на нашиот Господ Исус Христос. После петтото Евангелие беше изнесен Крстот, на којшто се поклонија присутните верни.
21. И кога јадеа, им рече: „Вистина, ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.”
„Откако Христос истера седум зли духови од Марија Магдалена , која ја величаме како една од Христовите мироносици, во неа во потполност се всели седумпати посилната божествена благодат на Духот. Значи, поради нејзината истрајност, Марија Магдалена била удостоена да види ангели и да зборува со нив. Таа Го видела и Самиот Господ и станала Негов апостол на апостолите.
На утрената богослужба во манастирот, за прв пат ќе биде поставен кивотот (ковчегот) со светите мошти на Свети Кипријан, кои засекогаш ќе останат изложени во храмот. Исто така, ќе бидат истакнати и бајраците кои се специјално иконопишани за големата литија со која ќе биде заокружен богослужбениот дел од програмата, а кон која ќе се придружат и повеќе мешани хорови од земјава.

Љубовта не зависи од времето и секогаш има сила. Некои мислат дека Господ страдаше заради Својата љубов спрема човекот, но бидејќи тие самите таа љубов не ја наоѓаат во својата душа, мислат дека тоа било некогаш одамна. Но, кога душата ќе ја познае љубовта Божја преку Светиот Дух, тогаш таа јасно чувствува дека Господ ни е Татко, најродениот, најблискиот, најмилиот, најдобриот и дека нема поголема среќа од тоа да се љуби Бог со сиот ум и со сето срце,
Да, Господи, Ти Кој нè собра по Твоето благоволение од краиштата на земјата, направи да бидеме навистина едно семејство што живее со едно срце, со една волја, со една љубов, како еден човек, по предвечната Твоја промисла за првородениот Адам. Вечерва ги исполнавме овие зборови на светито старец Софрониј.
На 7 април 2019 година, на празникот на Светото Благовештение, во Неделата на свети Јован Лествичник, Митрополитотот Европски г. Пимен, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, отслужи Света Златоустова Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село, а во присуство на многуброен православен народ. Пригодна беседа одража викарниот епископ Јаков Стобиски.
На 07.04.2019 година, во Неделаата на св.Јован Лествичник, а на празникот Свето Благовештение, во храмот на Св Ѓеорѓиј во охридското село Врбјани,отец Александар Димоски во сослужение на ѓакон Павле Малинов отслужи света Василиева Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.























