Осветување на храмот Св. Илија во Г. Нерези

На 22 октомври 2016 Лето Господово, на празникот посветен на св. апостол Јаков Алфеев и св. праотци Авраам и Лот, се изврши осветување на храмот Св. пророк Илија, во Горно Нерези, Општина Карпош. Чинот на осветување го изврши Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската православна епархија по што следеше Божествена Литургија.








Прв Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности во Македонија, во Скопје, од 15 до 19 октомври
Ние живееме во многу алармантно време кога се бришат граници меѓу доброто и злото, кога духовните вредности кои се основа на човечката цивилизација, како што фамилијата, верата во Бог, љубовта кон ближните, самопожртвуваноста, совеста и правдата, секое добро човечко чувство денес се почесто се подложува под сомневање и нескриено исмејување.
































