Вистинските ,,Етиди по руски иконопис” возникнаа во деновите на големата светска војна и беа завршени во деновите на руската револуција. Првите две беа издадени во форма на одделни брошури, а последната се појави во ,,Руска мисла” (јануар, 1918 година). Природно е што читателот во нив ќе најде одзвук на катастрофални собитија,...
„На денешниот човек му недостасува љубов. Посебно на овие простори, каде се живее во бесчуствителниот и суров натпревар за стекнување на овоземен капитал, студенило во односите и голема идвидуалност, а со тоа и осаменост, недостаток на љубов.Изморениот човек на денешницата има потреба од некој да му ја покаже таа љубов, посебно на нашиот народ кој е како едно пресадено дрво...
Има различни патишта за спасение... Едните Господ ги спасува во манастир, другите во светот... Секаде човек може да се спаси - само не оставајте Го Спасителот... Држете се за ризата Христова - и Христос нема да ве остави.
На 10.04.2016 година, четврта Недела на Великиот пост – Св. Јован Лествичник, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски д-р г. Јосиф и надлежниот архиереј Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и со свештеници од Тетовско-гостиварската, Дебарско-кичевската, Европската, Струмичката, Кумановско-осоговска и Преспанско-пелагониската епархија, ...
Нема друг излез, туку најпрво и неодложно да почнеме од себеси, па со сите околу нас, да започнеме борба против неединството и поделбите, да започнеме борба и со своите страсти и похотни желби и намери, да започнеме градење на единство, а тоа најдобро ќе го направиме со нашето враќање - кон Бога! Често се случува вината да ја гледаме во другиот, да ја префрламе на другиот, па дури и беспоштедно газејќи преку другите, да сакаме да ги
Сите оние кои на секаков начин се борат да дојдат на власт, како и оние што ја злоупотребуваат дадената им позиција на моќ, задоволувајќи ги безобѕирно своите лични интереси на сметка на другите, ја повредуваат таа заедница, го повредуваат своето семејство. Таквите нека знаат дека прават голем грев против Бога и ближните и, бездруго, за таквото дело ќе треба да дадат одговор на Страшниот Христов суд.
Ние не бараме ништо ново или измислено, само бараме да се примени 17от канон на 4от Вселенски собор во Халкидон, кој заповеда: „...со државните и граѓански форми на управа, нека следи и поредокот на црковните парикии“. Ова начало кое отсекогаш важело, е повторено, потврдено и применето од светиот Патријарх Цариградски, Фотиј Велики, според кого: „Црковните правила за границите, секогаш да соодветствуваат на правилата на државите“.
Во средината на чесниот Пост, откако се насладивме од благодатните дарови на Пречистата Дева, монашките собори од македонската земја се соединија повторно во нејзиниот сечесен храм на кејот на Вардар во Скопје, за да ги прослават нејзините слуги, Пајсиј, Евнувиј и Аверкиј, кои не го поштедија својот живот и со крвта го запечатија подвигот на нивното сведоштво...
На 7 април 2016 година, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, беше прославен празникот кој го јавува предвечното таинство и кој е почеток на нашето спасение – Благовештението на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, кој со Одлука број 58/15 од 27.11.2015 год. е прогласен за епархиска слава на Свештената Кумановско-осоговска епархија при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Човекот е создаден како слободно и разумно битие. Затоа, Бог, и во овој момент бара одобрување од света Дева Марија. Бара израз на слободна волја за да може Словото Божјо да се всели во нејзината утроба. Поминале многу векови и народот го очекувал овој настан. Моментот кога човекот повторно ќе биде измирен со Бога. Моментот, кога на човечкиот род повторно ќе му се даде можност да се врати во првобитната блажена состојба.
Некои велат дека од молитвата доаѓа прелест. Тоа е погрешно. Прелеста доаѓа од самоволие, а не од молитвата. Сите светии многу се молеа, повикувајќи ги и другите на молитва. Молитвата е најдобро дело за душата. Преку молитвата се доаѓа при Бога. Преку молитвата се задобива смирение, трпение и секое добро.
На 3.04.2016 година, во Третата недела од Великиот Пост, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Светиот Дух нè учи да ги љубиме непријателите, така што душата ќе ги сожалува како родени деца. Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им сакаат погибел и маки во пламенот на пеколот. Тие мислат така затоа што Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја, оти тој кој е научен на таа љубов, ќе пролева солзи за целиот свет.
На 01.04.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови, во параклисот посветен на „Св. Кирил и Методиј“ во Лешочкиот манастир, во сослужение на свештеници од Тетовско архиерејско намесништво ереј Александар Стојаноски и ереј Марјанчо Мадевски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
07. април (четврток, Благовештение), 09:00 Света литургија;
09. април (сабота), 18:30 Вечерна;
10. април (недела, Недела на св. Јован Лествичник), 07:30 Утрена, 09:00 Света литургија;
Во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, на 8 април 2016 лето Господово (петок), со почеток во 22:30 часот, ќе се отслужи сеноќно бдение.Со Бдението ќе началствува Поглаварот на Македонската православна црква, во сослужение на архимандритите од македонските манастири. На Бдението ќе пеат хоровите при братствата на Бигорскиот и Лесновскиот манастир, како и хорот „Хармосини“.
КОНДАК 2
Гледајќи се Светата Себеси во чистота,
смело на Гавриила му прозборе:
Преславниот твој глас