ОДГОВОР:
Винета за постот има толку многу да се зборува и за тоа би ви препорачал да се обратите во некој од православните храмови кои се во Ваша близина или поточно во Вашата парохиска црква па поразговарајте со свештениците, но истовремено пратете ја и читајте ја страницата на Премин порталот каде сто има прекрасни текстови поврзани со постот, особено сега во овој период кога се Великите пости се надевам дека многу работи ќе ви бидат појасни.Но сепак за Ваша поконкретна информираност разговарајте со свештеник.
А што се однесува до вториот дел од Вашето прашање одговорот е многу јасен. Значи православниот христијанин во време на поститие што е највазно не треба да се ограничува и воздржува само од јадење зашто тоа е најлесниот дел од постот туку напротив и со своите дела треба да дава пример, значи да се воздржува од оговарање,осудување, од брачната постела, да ги избегнува кавгите и расправиите со своите ближни, почесто да доаѓа во црква на Боголужение ,да се моли колку
е тоа можно повеќе, да посетува болни, да помага на немоќни ,да исполнува усте многу добродетели или поточно да се придржува кон се што Господ Исус Христос и светите отци ни го препорачале. Со еден збор да се откаже од многу земни благодети за многу повозвишена цел, а тое спасението на душата .
Со божји благослов.
Друго:
Посети:{moshits}