По потекло е Македонец од околината на Скопје. Словенското име му е Управда. Го наследи на престолот својот чичко Јустин. Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Веруваше и живееше според верата. За време на Чесниот Пост не јадеше леб и не пиеше вино, а се хранеше со зелје и пиеше вода секој втор ден. Завојува со дунавските варвари само затоа што ги кастрираа заробениците.
Ако сакаш да ѝ помогнеш на Црквата, подобро е да се промениш самиот отколку да се обидуваш да ги менуваш другите. Доколку се промениш себеси, непосредно си променил еден дел од Црквата. Се разбира, кога сите би го правеле тоа Црквата би била поинаква. Но, денес, луѓето се занимаваат со сè.
Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа, надвор од Црквата и нејзината Евхаристија, Епископот нема идентитет, и не постои како Епископ, но и Црквата не може да го оствари своето литургиско постоење без Епископот, кој ја возглавува.
. Во евангелските заповеди се содржи Божјото самооткривање. Колку подлабоко влегуваме во нивниот дух толку поконкретно станува нашето согледување на Бога. И кога овие заповеди, по милоста Негова, ќе станат единствен принцип на целото наше битие, времено и вечно, ќе Му станеме слични Нему, зашто ќе Го видиме каков што е (1 Јов. 3, 2).
Во дваесет и третата недела по Педесетница,, кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на Светиот великомаченик Мина, во храмот на св.вмч.Димитрија каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, старешината на храмот ереј Јане Илиев во сослужение на ѓаконот проф. Димират Белчовски отслужи Божествена Литургија.
Онаму, каде богољубието налага да се ставиш во служба на ближниот, на сите да им станеш се`, се раѓа Епископот... Епископ светлоносен кој го растерува мракот на страстите и те води по патот на Љубовта...
Да сте ни здрав и жив, и уште долго да нè водите
по Христовиот пат!
На многаја лета!
Не кажувајте: ,,Јас не можам”. Тоа не е говор на христијанин. Христијанинот вели: ,, Можам сe' ”, но не сам по себе, туку со Господ Кој ни дава сила. Смуртениот, одбивниот живот, не е живот по Бога. Кога Спасителот им кажал на оние што постат, да си ја измијат и помажат главата и да се исчешлaат, под тоа всушност подразбирал, да не бидат смуртени. Непријателот (демонот) обично дотрчува, и повторува: не им попуштај, оти ќе те повредат. Тој сака да ни наштети. Подобра заштита од повредувањето е смирената попустливост.
Фотографиите на кои се прикажани споменици, напуштени локалитети и заборавени градби во Македонија, но во сосема ново и надреално светло, ја занемеа македонската публика. Изминативе неколку недели, фотографиите на кинеската фотографка Шиао Јанг ги преплавија социјалните мрежи, а луѓето не престануваат да зборуваат за девојката што направи нашите заборавени и напуштени локалитети да изгледаат прекрасно, како сцени
Гoстoљубиeтo сe пoчитува и вo другитe вeри, нo христијанствoтo гo истакнува какo дoлжнoст и oбврска. Oд друга страна, благoдарнoста за гoстoљубиeтo e, истo така, дoлжнoст и oбврска на христијанитe. Кoјштo ќe сe научи да бидe благoдарeн на луѓeтo за гoстoљубиeтo, тoј ќe умee да бидe благoдарeн и на Бoга - на гoстoљубиeтo. Бидeјќи штo смe ниe oвдe на зeмјата акo нe гoсти Бoжји? Штo сe дури и ангeлитe на нeбoтo акo нe гoсти Бoжји?
Дeка Бoжјитe ангeли нeпрeстајнo oпштат сo oвoј свeт за тoа свeдoчи Св. писмo јаснo и нeпoбитнo. Нeштo oд Св. писмo, нeштo oд Св. прeданиe, правoславната црква дoзнала за имињата на сeдумтe ангeлски сили, и тoа: Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Салатил, Јeгудил, Варахил (пoкрај тoа нeкoи гo спoмeнуваат и oсмиoт - Јeрeмил). Михаил на eврeјски јазик значи: “кoј e какo Бoг”, или, “кoј e рамeн на Бoга?”
Кoј мoжe да замисли и да признаe дeка ниe прeку благoдатта смe спасeни? Дeка смe спасeни нe пo наши заслуги и дeла, туку прeку благoдатта Бoжја, кoј тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe? Тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe самo oнoј кoј знаe и кoј ја видeл oд eдна страна бeздната на смртта и гнилeжoт вo кoја чoвeкoт прeку грeвoт прoпаднал, и oд друга страна...
Ни војски, ни богатства, ни коњи, ниту оружје, ништо – ништо рамно на долготрпението нема да најдеш, бидејќи често се случува кога гневот ќе го совлада оној што го има сето ова, тој се однесува како мало дете кое не знае што со себеси, од вознемиреноста и збрканоста. А долготрпеливиот како во засолниште пребива и со сладок спокој се насладува;
„Силно посакувам да им помогнам на луѓето
бидејќи Го гледам Христос.
Он сѐ уште е распнат…
Присутен сум во светот со своите мошти.
Свештеникот што ме познава,
нека ги благослови сите што доаѓаат,
барајќи олеснување, очистување или простување…
Моите мошти се мојот епитрахил, на земјата.“
И оваа година, споменот на св. Архангел Михаил и на другите бесплотни сили беше свечено одбележан во манастирот на Белото Езеро, којшто преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец го посвети токму на ангелските сили. Празникот започна ден порано, на 20.11.2019 година, со празнична Вечерна богослужба, ...
Денес, на празникот на иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на Пресвета Богородица – Изворот на Животот, Дарот на светот, Иконата на човекот, Учителката на послушанието, Првиот исихаст, Родителката на вечниот живот, Божествениот цвет на сè создадено.
Молитвата е бесконечно творење, повозвишено од секоја друга уметност или наука. Преку молитвата ние влегуваме во општење со Беспочетното Битие.
Или поинаку кажано: животот на Самопостоечкиот Бог влегува во нас по тој канал. Молитвата е акт на најголема мудрост, на сенадминлива убавина и достоинство. Молитвата е свет занес на нашиот дух. Но, патиштата на ова творење се сложени. Илјадници пати може да доживееме и огнено стремење
Бог ги создал ангелските чинови уште пред создавањето на светот и човекот. Како што вели свети Григориј Палама, Бог „ги создаде ангелите пред нас, заради нас, за да се испраќаат како ѓакони (служители)“. Свети Јован Дамаскин вели дека тоа се духовни битија, постојано во движење, слободни, бестелесни, кои Му служат на Бога и по благодат се несмртни.
Послушанието во себе содржи сѐ. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово.
Најголемата печатница во земјата објави дека во 2019 година отпечатените примероци на Библијата ја надминаа бројката од 200 милиони. Иако вообичаено станува збор за нарачки од странски компании за извоз, сепак вреди да се забележи дека скоро половина од испечатените примероци се распределени во внатрешноста на земјата, преведени и на единаесетте народни дијалекти на Кина.