логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

Преподобен авва Исаиј


Слово дваесет и петто
До ава Петар, неговиот ученик


9.  Кога душата се ослободи и премине преку сѐ што ѝ го попречува патот низ воздухот во нејзиното издигнување кон Бога, тогаш таа почнува да бива во Бога и да прима од Светиот Дух, според она што е речено, дека „оној што се прилепува до Господа станува еден дух со Него“, и Он ја научува како да се моли, како непрестајно да Му се поклонува и да се прилепува до Него. – И Он живее во неа, ја раководи и непрестајно ја успокојува, отривајќи ѝ ги своите неискажливи почести и дарови. Зашто се препородува од Него преку крштавањето и преку вдахновението со Светиот Дух, како што е напишано: „Секој роден од Бога не греши, но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него“ (1. Јов. 5, 18), „Бидејќи е роден од Бога“ (1. Јов. 3, 9), како што рекол Он во Евангелието. „Ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно“ (Матеј 18, 3) и: „Како новородените деца, бидете желни за вистинско и разумно млеко, та во него да порастете за спасение“ (1. Петр. 2, 2).

10.  Кои работи им се својствени на децата? – Детето, ако некој го натепа, плаче, а со радосните се радува; ако го скараат, не се гневи, а ако го пофалат, не се превознесува; ако му обрнат поголемо внимание на неговото другарче, не е љубоморно; ако му земат нешто од она што му припаѓа не се лути; ако му остават помало наследство – не бара повеќе и не оди по судови; не го бара на сила своето, на никого на му завидува; ако е сиромашно, не тажи; ако е богато, не се превознесува; ако види жена, не ја пожелува; сластите похотливи и грижите за многу работи – не господарат над него; никого тоа не осудува; не сака над никого да господари; на никого не му завидува; не се фали со она што не го знае; со никого за ништо не се подбива; со никого нема непријателства; не се преправа; не ги бара почестите на светот; не е среброљубиво; не е жестоко и безочно; не сака расправии, не ги учи другите страсно; никој не го вознемирува; и ако го соблечат – не се жали; не настојува да биде како тоа што сака; не се плаши од глад, ниту се плаши од злочинци, не се плаши ни од ѕверови, ниту од војна; кога има гонење, тоа не се обеспокојува.

11.  Такво е детето, такво е она за кого нашиот Господ Исус Христос, давајќи го како пример за угледување на возрасните рекол: „Ако не се обратите, и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно“. Детето, кога поднарасте, и злото почне да живее во него, апостолот го прекорува, велејќи: „Да не бидеме веќе мали деца, што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења, по лукавството на луѓето, по итрото искуство на измамата, туку со вистинска љубов во сѐ да растеме во Оној, Кој е глава Христос“ (Ефес. 4, 14-15). И пак говори, дека како младенци со млеко ги поел коринтјаните, велејќи им: „Со млеко ве напоив, а не со јадење, оти уште не можевте да го примите, а и сега уште не можете, бидејќи уште сте телесни“ (1. Кор. 3, 2-3). И уште: „наследникот, додека е млад, со ништо не се разликува од робот, макар што е господар на сѐ, туку е под настојници чувари до определениот рок од татка си“ (Гал. 4, 1-2). Истиот апостол вели: „Избегавај ги и желбите на младоста“ (2. Тим. 2, 2). Поучувајќи нѐ како да се пазиме од таквата младост, апостолот вели: „Браќа, по умот немојте да бидете како деца, за злото бидете младенци, а по умот зрели“ 1.Кор. 14, 20). Па во што се состои делото на вистинските младенци во Христа? Еве во што – според зборовите на светиот апостол Петар: „Отфрлете од себе си секаква пакост и секаква измама и лицемерство и завист и секакво напаѓање, и како новородени деца, бидете желни за вистинско и разумно млеко, та во него да пораснете за спасение“ 1. Петр. 2, 1-2). Гледаш ли, брате, што значат зборовите што ги кажал Господ наш Исус Христос: „Вистина ви велам, ако не се повратите, и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно“ Матеј 18, 3)? Овие зборови се полни со застрашување, зашто Господ ги изрекол со еден вид заколнување. Зборот „вистина“ е истоветен со зборот „амин“, а зборот „амин“ е истоветен со името на Бога. Затоа апостолот пишува: „Кога му ветуваше на Авраама, бидејќи немаше ништо поголемо, во што би се заколнал, се заколна во Себе Си, велејќи: „Навистина ќе те благословам и преблагословам, ќе те размножам и преумножам“ (Евр. 6, 13-14).


12.  Добро и точно да ги разбереме овие зборови и да се трудиме со страв и трепет да ги извршуваме секој час – секогаш ќе имаме прилика за тоа. Кога непријателот ќе нѐ устрели со стрелата на омразата против нашиот ближен или против оној што нѐ намразил или навредил и осрамотил, или кога нашиот ближен почне да спори со нас и да бара некакво отстапување, или кога почне да нѐ напаѓа и да ни нанесува болка, потсетувајќи нѐ на некои работи што ни биле направени од страна на нашите ближни, со цел да ја помрачи нашата душа со гнев и со омраза, кога такво нешто ќе се приближи до нашата душа, - да побрзаме да си ги спомнеме зборовите на Господа: „Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно“ (Матеј 18, 3). Кој нема да се исплаши од овие зборови? Или кој од мудрите, кои сакаат да ја спасат својата душа, нема да го исфрлат секое зло, што се наоѓа во нивната душа, за да не бидат отстранети од царството небесно? Зашто нашиот Господ одлучно го условил влегувањето  во небесното царство со простувавањето на нашите ближни, со тоа дека треба да станеме незлобни како деца – дека треба да бидеме како деца. Тешки се овие зборови за оние што настојуват да биде исполнета нивната волја, за оние што го сакаат светот и за оние, кои не го примиле дарот на Светиот Дух, зашто на кого слегне Светиот Дух – нему му дарува да го заборави секое зло, го научува на Својата добрина; Он им дарува кротост – место гнев, мир – место непријателство, смиреност – место гордост, љубов – место омраза, долготрпеливост – место нетрпеливост и малодушност. Со вакви дарови се удостојуваат преродените од Светиот Дух.


13.  Да се погрижиме да ги отсечеме од нашето срце сите овде спомнати работи од големиот апостол, да ги оставиме и да станеме како деца. Да се погрижиме да ги исфрлиме од нашите души, да станеме младенци во Христа, а потоа пак да дојдеме во светата и голема возраст и во совршенството. Зашто Господ потоа, откако дувнал во нивните лица, им рекол: „Примете Дух Свети“ (Јован 20, 22); откако им се јавил на Галилејското Езеро, им рекол: „Имате ли нешто за јадење?“ (Лука 24, 41), обраќајќи им се со „деца“, напомнувајќи, дека, преку вдахновеноста на Светиот Дух, ги направил како деца, макар што по тело тие биле возрасни луѓе. Уште е напишано: „Ете Ме Мене и децата Мои, што Ми ги даде Бог“. А, и бидејќи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Он зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот. И да ги избави оние, што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство“ (Евр. 2, 13-15). Чие тело и крв станал Он, ако не на оние, кои го оставиле секое лукавство, и стигнале до состојба на своето детство? И тие станале совршени, според зборовите на апостолот: „Додека сите не стигнеме до единството во верата и познавање на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство“ (Ефес. 4, 13). И пак: „Од Кого целото тело, составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, според силите негови, нараснува за да се изградува во љубовта“ (Ефес. 4, 16). На таквите им пишува светиот апостол Јован Богослов и им вели: „Ви напишав вам, момчиња, зашто сте силни, и Словото Божјо пребива во вас, па го победувате лукавиот“ (1. Јов. 2, 14). Сега сфаќаш дека оние што станале како деца во злобата и самите станале борци против непријателот, затоа што се ослободиле од сите негови оружја, кои се злоба; тие потоа станале татковци и стигнале до мерата на совршенството, така што им се даваат откровенија и тајни, додека стигнат до мудроста, единството, благоста, кротоста и чистотата, зашто такви се особеностите на кротоста. Тие се оние што Го прославиле Христа со своето тело.


Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том I

Подготви: Т.С.

 

29 -ти јули 2017 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная