Божествена Литургија во Соборниот храм (07.05.2023)

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, присуствуваше на Божествената Литургија во Архиепископскиот Соборен храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, а во сослужение со архимандритот Васијан од Руската Православна Црква и со свештенослужители од Скопската епархија.














Во времето на пресветиот александриски патријарх Јован Милостивиот во Александрија дојде еден монах по име Виталиј, од манастирот на преподобниот Серид. Во својата шеесетта година, тој за себе одбра такво житие, што на луѓето кои судат по надворешноста, неговото житие им изгледаше лошо и развратно, а на Бог, Кој ги гледа и испитува срцата - богоугодно и благопријатно. Неговото житие беше вакво:
Светлината тивка те збогати со дарови


Удостој ме во сите денови од мојот живот да му угодувам на човекољубивиот Бог. И додека се наоѓам во овој многустрадален живот, Владичице, закрилувај ме и заштитувај ме. Кога патувам патувај со мене, кога странствувам придружувај ме, кога спијам закрилувај ме, кога сум болен исцели ме. 





























