Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија (14.02.2017)

Затоа, ниеден грешник не треба никогаш да се обезнадежи. Доволно е само да се покае, бидејќи неговите гревови се помалку од оние на ѓаволот. Човекот има и олеснителни околности бидејќи е направен од земја, а од невнимание може да се лизне и да падне во калта. Немаме оправдание, ако не сакаме да се покаеме и да се исповедаме, и сакаме да останеме во калта.







Светите Τри Светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој посебен ден на празнување според календарот на Св. Православна Црква Светите Три Светители, секој одделно имаат ден за празнување во месецот јануари, и тоа: Св. Василиј Велики се празнува на 1-ви јануари, Св. Григориј Богослов на 25-јануари и Св. Јован Златоуст на 27-ми јануари.

Но, кој е Христос? Дали е истиот пред Пасха (пред Неговото воскресение) и после Пасха? Како, од една страна, првите христијани го гледаат Исус Христос се покажува како човек секојдневно меѓу нив, им предава, разговара, јаде и пие со нив, а од друга, Го гледаат како има божествени карактеристикикои се поврзуваат едни со други после воскресението?
Никој да не се издигнува над другиот, да не мисли дека е подобар од другиот и во нешто погоре од него, туку напротив, секој, како Христов ученик, да се смета полош од сите луѓе. Секој со љубов, простота, без славољубие и самољубие, со взаемно почитување, да му се покорува на својот ближен - во страв Божји,..
Омраза кон никого немај во срцето и зло за зло не враќај, но Божјата љубов придобиј ја; неа Светото писмо над сите добродетели ја поставува и ја споредува со Самиот Создател на сѐ, зашто таму е речено: " Бог е љубов" (1. Јов. 3,8). Паднатиот, но кој во себе нема омраза и завист, Господ нема да го остави паднат; рака ќе му подаде да стане, затоа што љубовта не ја отфрлил.


































