Св.Теофан Затворник: И кој може да се надева дека сам ќе го поправи своето срце?
"Оној што решил да живее христијански живот преку Светите Тајни добива благодат од Светиот Дух Кој просветлува, укрепува и теши. Живеејќи со него, таа го води за време на опасното туѓинување на земјата, на најпремудар начин. И кој може да се надева дека сам ќе го поправи своето срце? – Зарем во ова свето дело некој може да очекува успех од помошта на човек и неговите постапки?