Даријан СОТИРОВСКИ: Социјалното дистанцирање не смее да се толкува како дистанцирање од Бог
Богослужбите не се забрануваат ниту некогаш треба да престанат. Тие се стожерот на живата црква и вера. Мерките, пак, не се репресија врз верата и догмите,туку се превентивен систем наменет за верниците и клириците. Вака директорот на Комисијата за односи со верските заедници во интервју за весникот ВЕЧЕР одговара на прашањето дали со владините мерки за справување со пандемијата на коронавирусот се забрануваат богослужбите.